Љубов моја! Би сакала да се будам и да заспивам до тебе. Ти да бидеш првото нешто што ќе го гледам кога ќе се разбудам. Би сакала да заспивам во твоите прегратки. Би сакала нежно да ме бакнуваш. Твојот глас да ме гали. Твоите раце нежно да ме допираат. Само ти и јас. Те сакам најмногу!
Погледни, јас надвор сум на дождот, излези, и застани до мене. Испружив дланки но во нив само матни капки, стојам и се борам со ветерот, кој сака да ме совлада на колена, да ме спаси од илузија за тебе, но јас неможам, не престанав да те посакувам.
Ти ја гледам Лима на слики. Ок, јака е. Сакам да те слушнам пак како викаш дека јас сум твојата Лима Непрекинато те мислам... Ах, што ли правиш, како си? Која смена си на работа? Ме сакаш ли уште? Јас тебе многу... Често се загледувам во онаа твоја слика како мал во креветче и помалку налудничаво, ама што да правам, си замислувам како нашето дете личи на тебе, со баш такво устенце Убаво спиј најмило
Ми фалиш во моментите кога се осеќам сама и слаба ...немам сила да се справувам со се ...ми требаш верувај овде до мене ,или таму јас до тебе ... само да сме заедно нон стоп и ништо нема да ми фали
Би му кажала дека ми значи најмногу на овој свет дека го сакам само него,дека ми е единствен и дека секогаш така ќе остане дека сум толку љубоморна само затоа што го сакам и никогаш не би поднела да го изгубам,и дека би сакала да го поминам остатокот од животот со него
Ти должам едно големо ИЗВИНИ. Толку пати непромислено сум изговарала реченици, кои не сум сфаќала колкава колкава болка можат да предизвикаат, само бидејќи ти не си им обрнувал внимание и не си дозволил да допрат до тебе. Овој пат изгледа кажав нешто пресилно за да ја видам таа твоја друга страна и веројатно ми е заслужено, зашто некогаш е потребно да ставиш граница. Сфаќам колку грешам и колку треба да сум среќна кога ми објаснуваш дека не бараш да те сакам како ти мене. Дека си се помирил дека нема да ти биде еднакво возвратено и не очекуваш повеќе. Тоа те прави голем човек, знаеш? И тоа што велиш дека се трудиш толку да ме насмееш и усреќиш, зашто така те тера срцето, а не очекуваш за возврат. И доволно е само еднаш да ти спомнам за парализирано маче, да ја слушнеш тагата во мојот глас и да ме прашаш - Ајде, што сакаш да направиме? Како да му помогнеме? Голем си зашто ти е доволно да имаш кого сакаш, кого да усреќиш, на кого да се надеваш, наместо да побараш некоја што ќе ти ја даде истата таа љубов. Јас сеуште те сакам, ама на крајот на краиштата...не знам да те чувам.
Ти си изгледа првиот човек кој не знае да каже извини ни фала. Не можам повеќе јас да бидам организатор за се. Не можам да те молам повеќе за да излеземе. Никогаш не си тука кога треба да те добијам. Тогаш зошто сум јас со тебе а ти со мене? Што е тоа што не прави исти а толку спротивни?? За што да се борам уште?
Многу пати си ме разочарал, многу пати и си ме направил среќна. Биди среќен што лесно ги заборавам лошите работи, што тагата лесно можам да ја заменам со среќа. Среќата си ми ти
Ми недостасуваш Твојот поглед,глас,хумор и моментите поминати заедно ги доживувам како утешни спомени се до следната средба,некаде во пролет...
Далеко си,далеко си можда те срце наџе.... Изазивам судбину и волим твоју лаж више него истину Кроз прсте погледачу да те још једном загрлииииим!
Кабриолет, гласна музика, изгрејсонце, јас и ти го грабаме светот. Италија, ридести гратчиња, возикање до бескрај, пробување локални сирења и вино, најклише во најљубовна смисла на зборот. Ајде!