Ми недостигаш.Кај сум јас научена да не те гледам тебе. Уште повеќе да те гледам уплашен и нервозен. Едвај чекам да те видам,да те изгушкам и заедно да скитаме. Сакам да одиме некаде на некоја убава забава,да се изнаиграме и папсани да се враќаме дома кога почнуваат првите пекари да ги спремаат своите банички и буреци. Сакам да одиме и во Охрид,да пиеме кафе покрај Езеро и да ми готвиш шпагети на сто и еден начин. На малата терасичка кај што бевме лани.
Велат дека сите девојки личат една на друга кога чашата се празни до дното…Па добро можеби една на друга, ама никогаш на тебе...
Ах, само со еден збор можеше да ја отклучиш лавината чувства кои ги носев во себе, дури и најгрубото зграпчување кое крие љубов во себе, ќе завршеше работа... а молкот кој уследи потоа ја кристализира ситуацијата: не ти требам јас, само потврди!!!
Сите мои слики сите сеќавања и спомени мои. Пловат како што плови мирно реката и ме потсеќа. Ме потсеќа на нас на сите шанси кои ние ги пропуштивме. Нешто што ќе ти покаже пат кој води до нас постои?
И кога би ти простила, што би се сменило? Зарем има цел ако знаеш дека ти е простено? Еднаш скршено два пати лепено, никогаш исто, никогаш подобро. Зошто да го трошам времето на нешто кое веќе ме повредило? Не си истиот, никогаш нема ни да бидеш, некогаш не сфаќав, сега ми е јасно.
А јас, те сакам најмногу дури и кога не заслужуваш... Еднаш ми рекоа дека јас и ти би ги имале најубавите деца... Нормално, ако личат на мене
Можеби во мене се кријат важните одговори на повеќето прашања но те молам не ми отежнувај повеќе ... Разбери ме и ти ...како ми е и зошто сум таква ... ја знаеш убаво ситуацијата самата неможам да се справам ми треба сила и време ,знам дека оваа го велам веќе подолг период но биди сигурен дека нашата заедничка иднина е пред нас ... а ако навистина го сакаш тоа ќе чекаш колку што ќе треба
Човекуууу зашто си поигруваш со моите нерви???? Сигурно сум ти звонела Оххх не знаеш колку ми е тешко без тебе. Не знаеш колку сакам да ставам крај на ова мачење и да попуштам , да се смириме пак... Али зашто кога знам дека пак ќе се скараме. Знам дека нема иднина за нас. Не затоа што не се сакаме туку затоа што ти не попушташ. Затоа што си изгорен од минатото и не сакаш пак да ти се случи истото. А јас љубовко неможам повеќе да страдам. Не заслужувам да ме сакаш??? Извинииии??? Кој беше ти? Не заслужувам да бидам со некој како тебе , а за сакање заслужувам некој многу подобар. Али ајде нели јас си знам , не сакав да ми се мешаат ваљда затоа што знаев што ќе ми кажат. Додека сите те вреѓаа јас те бранев затоа што те сакам и сега испаѓа дека јас попуштав ,а ти си тој по кој што девојките сечат вени... Па не си далеку од вистината и јас ќе си ги исечам али затоа што паднав толку ниско. Дозволив да засакам некој како тебе. Сама сум си крива и затоа ќе си платам али не ти се враќам веќе!!!!
Го мразам моментот кога треба да си одам дома. Го мразам. Тогаш во тој момент, мојата љубов кон тебе е толку силна што одвај се издржува. Го чувствувам срцево како непрестано ми бие во градиве, како животно кое очајно сака да излезе од кафез. Од устава ми излегуваат милиони реченици, зборови, приказни, но како се тоа да е малку за да ти покажам колку навистина те сакам и колку ми значиш. Рацете ми треперат, гласот исто. Ја губи онаа јачина која ја има. Станува мек, нежен. Усните мои ги бараат твоите. Знаат дека си одиме. Тогаш, ја имам онаа очајна потреба да те имам до мене, да те чувствувам, да те сакам. Тој е тој најсилен момент. Во тој момент би умрела, за тебе, за нас, за миговите поминати во среќа.