Доцна е знам и врне бев надвор и ја чекав зимата исто како што ги чекавме деновите за среќа за нас некогаш и не дојде чекав така сама не дојде таа заминав јас се свртев и со брзи чекори се одалечив во огледалото во мракот сфатив дека таа била тука дека не го ни тргнала погледот од мене тонела таа ја барам јас круг. Туѓа љубов се случува некаде под ова небо а јас се уште пред зори заспивам понекогаш заборавам додека дишам додека спијам додека сонувам. Имам отпечатоци,твои. Од сакање се уништивме. Ти го шепотам името,по ѕидовите го испишувам. Еднаш се заљубуваш потоа можеш само да сакаш. Ние нели...
Ти си мојата платонска љубов. Еднаш да те имам на кратко ќе бидам задоволна само еднаш. Ништо не барам поќе
На оддалеченост од 2-3000 илјади километри од тебе,и убавите и лошите моменти ги поминувам сама Значењето на поговорката,За се се потребни двајца,се потврдува во нашата ситуација...
Што ти е ? Зошто се однесуваш толку чудно кон мене? Јас знам дека секогаш не може да ни се погоди денот...расположението,но јас не барам ништо повеќе освен насмевка на твоето лице. Те молам престани да се однесуваш вака студено....
Секогаш велам дека ќе ставам крај пред да почне и пак ништо неможам не ми дава срцево. Мозокот одамна одлучи дека не си за мене ама срцево, како да го убедам
Колку лесно можам сите да ги убедам дека не ми е гајле за тебе. Дури и самата си се чудам како успевам, а во себе се кршам на милион делови. Гајле ми е за тебе. А не сакам да ми биде. Овој пат морам да одам против чувствата. Не си за мене... Не сум за тебе... Многу труд ќе треба за да успееме. Не можам против твојот инат.
Иако е крај во тебе сум јас. Некаде длабоко каде секогаш ќе ме има во длабочините ќе тонам и во тебе заспивам.
Од “Заводот за вљубените“: Ве известуваме дека во овој момент некому неизмерно му недостигате.Затоа Ве молиме да возвратите на пораката на овој број.Благодарам!
Те сакам бре магаре мое...Знаеш дека те сакам повеке од се и од секој.Прости ми што веке не сме зедно.Ама ни мене не ми е лесно разбери.