Секогаш кога ќе се спомне зборот слатко, првата помисла си ти. И ми се појавува сликата пред очи: играш одбојка, се насмевнуваш па продолжуваш да се смееш, онака слатко, од душа. Се стопив во тој момент. Се надевам дека никој не ме виде како те гледам. И од тогаш в ум стои помислата: Сакам бар еднаш да бидам причина за таа твоја насмевка. Шансите се многу слаби, ама желбата е тука, секогаш.
" Dečko koji vas istinski voli, ljutiće se na vas zbog mnogih stvari, ali vas nikada neće napustiti... " . Што не ти е јасно од ова???? Т.е. што мене не ми е јасно???? Ако ме сакаше сега ќе беше со мене. А може и ќе беше дома па ќе си зборевме преку тел Никогаш повеќе нема да ме видиш! Никогаш немој ни да помислиш на мене! Леле ќе те задавам кретен ни еден Да дадее Господ женско дете да имаш со некоја сељанка па син ми секој ден да ти доаѓа на " кафенце ". Али решив никогаш повеќе нема да ти се вратам. Утре ќе си фатам дечко и ќе се омажам за него па со венчаница ќе ти поминам покрај куќа , а ако не бидеш дома ќе те барам низ цела населба само да ме видиш дека се мажам за друг и дека ти пропаднаа плановите за нашата иднина!!!!!! И да , те сакам поише од се на светов и кога и да ти затреба тука сум за тебе па и животот би го дала!!!!
срцето ме боли и стега кога те гледам како не ти е добро и те болии побрзо да ми оздравиш душичке, убаво да сонуваш и добра ноќ те сакам највише
Мислам дека не си доволно свесен колку добро те познавам. Знам што ќе кажеш пред да кажеш, знам што ќе направиш пред да направиш, знам како размислуваш. Знам дека знаеш дека сум во право и знам дека делувам малку creepy кога ти правам психоанализа, па ја истражувам секоја твоја мозочна клетка. Ама тоа е единствениот начин да ги разберам луѓето околу мене - анализирајќи ја нивната перспектива. Те читам многу лесно и знам дека иако не ти е тешко да признаеш кога не си во право, овојпат инаетливо ќе си се држиш до твоето. Ама и јас до своето. Таква сум и кога не сум во право, а не пак кога знам дека сум
Добро... успеа да ме разочараш повеќе од било кој во животов! Си замина .. ме остави таму сама...незаштитена... Психички ослабена од сите кавги и недоразбирања .. емотивна и скршена ме остави да те чекам пред прагот на нашето катче Ми одзема еден дел од животот .. ми ја одзема целата среќа во животот .. Остави само една сенка .. еден дух .. Се надевам дека ќе те прогонувам во сон до крај на животот .. www.youtube.com/watch?v=wVyggTKDcOE
If I'm not in love with you What is this I'm going through tonight And if this heart is lying then What should I believe in Why do I go crazy Every time I think about you baby Why else to I want you like I do If I'm not in love with you And if I don't need your touch Why do I miss you so much... http://www.youtube.com/watch?v=4_ih3VNULsg Срцево ми се кине, колку ми недостасуваш...
Љубов, утре, утре е денот! Немам веќе трпение да раскажам на оние кои ги сакам, немам веќе трпение да вадам изговори зошто сум ваква или онаква.... Ух, уште малку само!
И двајцата го сакаме времево. Колку би било убаво заедно да уживаме во него. Но не. Ние инат тераме. Аххх, не можам веќе да издржам вака.
Само ако својата среќа ја наоѓаш во среќата на оној што го љубиш, можеш да бидеш сигурен дека ја имаш вистинската љубов. Те обожавам !
Дека го сакам најмогу на целиот свет, дека никој неможе да го замени и дека цел живот сакам да останам во неговата прегратка !!
Извини.. избрзав со заклучоците како што умеам да направам ама и она што се деси вчера не беше за оправдување. Знаеш и самиот и мило ми е што признаваш секогаш кога ке згрешиш и кога ке ти укажам на грешката. Се надевам и сакам да си во право. Што и да правам и што и да се случи тоа го правам исклучиво од љубов и ништо друго. Да му докажиме на светов, а пред се' и на нас самите дека совршена и несебична љубов сеуште може да постои. Се' ке надминеме, верувам.
По средбата денес ,уште го носам со себе твојот мирис,но тешко ми е на душава кога знам дека јас сум 100% твоја,а ти не!
Љубов моја! За тебе живеам и воопшто не сакам животов да си го замислам без тебе, затоа што би бил празен, темен и студен. Со секој твој прекрасен поглед ми ја стоплуваш душава, ме обвиткуваш во бескрајното синило од твоите очи. Те сакам најмногу!
Немоќна сум, знај!!! И додека остатокот од светот ја бара својата сродна душа, онаа која ќе ја смести на својата лева страна, ќе ја закопа длабоко во душата, онаа која ќе го разбира со поглед, онаа со која секој ден ќе биде волшебен, јас ја имав, еве сега беше пред мене, да речам ли? Ја имав но само на миг...миг сосема неважен во споредба со сите оние кои нема да ги доживееме заедно и ја проколнувам оваа насмевка на лицето која се јавува кога те видам, ја мразам искрата која ме прави ранлива, но немоќна сум знај! Немоќна сум пред проколнувањето на животот, кој љубовта ми ја даде во облик на казна, наместо како награда, во облик на крвав жиг, наместо во облик на бакнеж... Немоќна сум знај пред храброста која ми ја даваат овие чувства да го спалам својот живот, да речам што сака нека биде... Немоќна сум пред сознанието дека ги губам своите принципи, ги кршам своите правила, го убивам својот образ и инат... Немоќна сум пред болката од неправедно одземената можност да им покажам на сите дека за животна среќа не се потребни пари, потребена е онаа , вистинската сродна душа до себе... Немоќна сум пред солзите кои на полноќ се мои другарки, другарки кои ме тешат, додека се кријам од оние вистинските, додека ги кријам најубавите чувства во себе... Немоќна сум пред потребата во глуво доба да го слушнам твојот глас, да ме разбуди најнеочекуваната порака, да ја прекине несоницата, агонијата низ која минувам... Немоќна сум дури и пред снегот, кој толку го сакаш, а не смееш да ме научиш да го сакам... Немоќна сум пред фарсата во која се претвори мојот живот, во кој ме повредуваа и трагите од стапала кои си ги оставил на најневажното место на светот, каде молкум сум ти го поклонила срцето без да го бараш... Немоќна сум пред потребата да се стуткам во твојата прегратка, токму на тоа место, без страв во себе, без да мислам на трагите кои би ги оставиле, без да мислам на ништо... Немоќна сум пред потребата токму твоите раце да станат мои животни крила, кои би ми дале сила, но и заштита низ идните години... Немоќна сум пред болката во утробата која ме тера да заплачам пред тебе... Немоќна сум пред ројот лаги кои треба да ги кажам, пред погледите кои ме познаваат и премногу, пред потребата сите да ги заменам само за тебе... Немоќна сум да не зависам од твојот поглед, да не зависам од кажаниот збор, да не го дишам воздухот кој го дишеш ти, да не го посакувам здивот твој така блиску до мене... Немоќна сум пред стравот од секоја следна разделба, од крајот на средбата, од ново разидување на нашите патишта... Немоќна сум пред коментарите: „ах, убав е, насмевка како за тебе“ а токму таа насмевка ќе ме убие, знам ... Немоќна сум нив да не посакам се што не смеам, се што знам дека нема да се случи никогаш.... Немоќна сум да не сакам на онаа маса да седиме слободни и заљубени, да не посакам да се упатиме кон наш дом.. Немоќна сум да не посакам дете кое ќе се смее како нас, со насмевка од 32 заба... Немоќна сум пред болката која ме скршува секогаш кога помислам на чистотата на овие чувства, а грешната графа во која се сместени, е моќна сум пред мислите дека не ти требам сега, дека не иташ кон мене... Немоќна сум пред неправдата, пред помислата дека никогаш нема да бидеш мој, дека никогаш нема да го почувствуваш ова што го чувствувам јас... Немоќна сум пред желбите да извикаш и ти еднаш така луто и ревносно, ми требаш, знаеш ли будало!.... Немоќна сум пред потребата да ти припаѓам целосно, пред желбите да посакаш да сум само твоја, да станеш љубоморен лав кој ќе ме чува од се... Немоќна сум пред потребата да купам карти за нас во еден правец, правец во рајот, кој за нас ќе остане вечен сон, додека го живееме пеколот во туѓите раце... Немоќна сум пред оваа болка во срцето додека го пишувам ова... Немоќна сум и пред стравот дека едно утро ова се ќе исчезне од твоите вени, дека ќе речеш моментална заблуда било, занесеност детска и ќе го исмееш гласно секој минат миг... Немоќна сум пред помислата дека ништо повеќе нема да има смисла после нас, ниту онаа улица низ која минуваме, ниту прозорците низ кои се гледаме, ниту животите на сите кои не опкружуваат кои не знаат колку сме си потребни еден на друг... Немоќна сум пред болката дека никогаш ќе не нема НАС, иако сега сме присутни секаде , во секој миг, во секој поглед, а никој не знае за болката на таа присутност... Едноставно немоќна сум пред сознанието дека никогаш да ти бидам она што сакам да ти бидам, што нема да горам во страст со тебе, ниту да те држам за рака кога животот ќе не гори со удари, тоа е...