Ти благодарам што постоиш. Му даде смисла на мојот живот.Ти си причината поради која што секое утро се будам со насмевка на лицето и секоја ноќ заспивам мирно и среќно.
Толку сакам да ти пишам.Не ме интересира што сум женско.Кој вели дека машко мора прво да пише?Неможе.Јас ке ти пишам прва,штом ти неќеш.Единствениот проблем е што немам таква храброст.Немам храброст да те прашам да те видам уште еднаш.А толку го посакувам тоа.Толку многу.Ми недостасуваш.И боли помислата што неможам да го прекинам копнеењето по тебе.И боли помислата дека можеби со години нема да можам да...ма дај нема врска.Што е тоа е.Си велам можеби ке те заборавам,но во истиот момент неверувам во тие зборови.Нема да те заборавам.Ке те дочекам,Утре или за десет години,не е битно.Важно е ке се случи тоа.
Не можам да ти објаснам колку премногу ми недостасуваш.... Едвај чекам да те видам! Едвај... Ќе издржам уште две недели... затоа што вреди
Ех да останеше,ќе се стуткав во тебе и слатко ќе си спиев,а вака,остана само твојот мирис на мојата постела
А да си се согласам јас а ? Знааам бе дека едвај го чекаш тој момент ,знаеш па и кога ќе размислам така малку интересно ќе биде бе ќе си играме семејство ама не на игра туку вистински Хахах стрпи се љубов моја знаеш дека 'наскоро' ќе биде Te сакам
Ич не сакам да се нервирам за небитни работи и гледам тоа да не го забележиш.. ама посилно е некако од мене. ..или сепак не?
Проклетство е, секој 06.02 ќе ми предизвикува горчина, носталгија, копнеж по едно време кога започнавме врска јас и ти. Те сонував ноќва на прагот на денешниов датум, за да биде се` почудно, и се прашувам дали сепак постои одредена сила во универзумов која тоа го контролира. Целата средба беше толку сталожена дури и смирувачка, како се` што било помеѓу нас едноставно да исчезнало. Седевме еден спроти друг, јас и ти, околу нас многу луѓе и врева. Ми кажуваше што правиш во животот, дека си нашол добра работа, си се преселил заради работата. Тоа ќе го имам само во соништата. Затоа што во реалноста, ниту ти, а ниту пак јас нема да прозбориме повеќе. Можеби, ако разбереш дека се разделивме за работи кои многу лесно и безболно можевме да ги решиме доколку имаше разбирање од твоја страна. Но не... не можев да се натпреварувам со твојата гордост и суета. Олеснителна околност е што воопшто не те сретнувам. Секој по својот пат, разделени. Толку блиску, а сепак толку далеку. Странци, лица кои воопшто не се познаваат, исто како пред да се запознаеме, кога се прашувавме како е можно ние двајца никогаш да не сме се сретнале а живееме во исто место, и имаме толку блиски заеднички пријатели. Единствено се надевам дека секој нареден 06.02 нема да биде толку сив,тмурен, и полн со спомени кои болат. И времето се мурти на се` денес. Другарка ми ќе дипломира денес. Уште еден миг од нашиве животи што нема да ми помогне 06 ти да биде само еден обичен ден... никогаш повеќе. Знам дека и ти денес во некој момент, ќе се сетиш што ни значеше датумов. Ти посакувам се најдобро, биди среќен и исполнет како што беше во сонот ноќва.
Што уште ќе дознавам за тебе? Каков човек си ти бе? Многу ме разочара, а јас и покрај се пак би била со тебе и би се понашала како ништо да незнам, како да си истиот човек кој не го знаев доволно, ама сега те знам и пак не ми иде паметот. Се понижувам, не се ценам, ама неможам против себе.
Посакувам да си сега до мене. Сакам да се стуткам во тебе, да те гушнам силно. Да ме бакнеш нежно да ја почувствувам твојата топлина. Да ме милуваш по косата и да заспијам слатко. Ми недостасуваш многу.
И покрај сите лоши работи што ти ги правам, и покрај се што ти кажувам, и се што си мислам додека молчам, пак те сакам. Најмногу, најмногу на цел свет! Не се откажувај од мене..
Знам дека сум виновна... и знам дека не можеш да ми простиш. Ама ајде...ајде барем уште еднаш да се гушнеме и бакнеме ко порано
Еј љубави, конечно те сретнав, дури и патиштата не ни се спојуваат никаде, како самиот универзум да ми кажува да те заборавам. Сакав само да ти кажам дека уште те сонувам, понекогаш ти пишувам писма (како ова сега) ама немам храброст, или храброст е што се обидувам да те заборам? Хах, се обидувам, само тоа... се обидувам... никогаш не ми успева... Кога ќе слушнам некој за тебе да зборува срцето ми трепери. Кога одам по улица, во сите сенки твојата ја гледам, и кога некоја на семафори ќе се израмни со мојата, се сеќавам на нас, на нашите улици, нашите семафори, клупата во паркот, сунѓерот во средно школо... Иии... знам дека не си навикнат да го слушаш ова од мене, сакам само да ти кажам дека те сакам, сеуште, можеби засекогаш. И кога вечер ќе земеш во прегратка некоја друга, некоја нова, барем на мојот парфем сети се...