Ги обожавам нашиве разговори за заедничката наша иднина, што ќе биде, како ќе биде, и приметив дека во последно време само за тоа зборуваме. Јас незнам што чекаме уште
Било што и да ти треба кажи ми...знаеш дека секогаш ќе бидам тука за тебе. Само ти правиш да се чувствувам убаво. Онака како што те познавам јас - никој не те знае! Најмил ми си... ги одбројувам деновите
Аман значи одлучи се еднаш како човек. Не ми викај прво дека ќе остануваш со мене па после ќе остануваме или да идам до ваму таму?? ако си сакал да останеш со мене да чекаме заедноо немало да ми кажуваш и втора опција или... мн ме нервираш вака -.- еднаш ко човек да се одлучеше -.-
Конечно утре ќе те имам само за мене. Доста беа овие стресови. Ќе бидам со тебе и ќе ти држам среќа, трудот се исплаќа. Те сакам.
Маченце за утре ти испраќам среќа се да оди според планот да ни се олесни работата малку и на нас т.е патувањето де Знаеш дека те сакам нели ? нема потреба да се повторувам
"Што сакаш бе да чујам? Мене да не ме сакаш? Озбилен си? А каде беше да ме сакаш кога и јас те сакав бе каде а? Сватив какво гомно си и какви гадни планови имаше и како си поигруваше со моите чувства...јас не сум патетична која ограничува шанси...јас сум таква што не гледа граници и ограничувања во љубовта...ако те сакам , те сакам засекогаш...но можеш толку гадно како што и си самиот ти да заебеш па да ми станеш одвратен и сето она кое течело како крв во моето тело од тебе се ифрла во вид на измет..Ете гледаш? Тоа си...ти си измет..така те исфрлив.."
Незнам, изгледа никогаш нема да ти го напишам ова... Еве, помина повеќе од 1 месец откако последен пат се видовме. Како вчера да беше кога ја држев твојата рака. Можеби си илјадници километри оддалечен од мене, ама јас сеуште го чувствувам твоето присуство насекаде. Ги затворам очиве, и, го гледам твојот лик. Твоите крупни кафеави очи, кои секогаш ме потсеќаа на тигар, памтиш? И твојата бујна плава коса, со мирис на ванила. Обожавав кога со прстиве ќе поминев низ неа. Твојата прекрасна насмевка, топлата прегратка. Да, можеби беа најладните зимски ноќи, ама јас воопшто не почувствував студ. Мојата рака во твојата, бев навистина голема среќничка. И иако се преправам, не, немам заборавено што се случи. Тоа е мојата единствена маана, што никогаш неможам да заборавам. Се шалам, не е единствена. Една од многуте е, една од најголемите. Она што се случи пред неколку месеци...Сеуште неможам да го заборавам. Ти простив да, заслужи да ти простам. Ме сакаше најмногу од сите, се бореше за мене, признавам. На многу начини ми докажа дека ме сакаш. Благодарна ти сум за тоа, иако никогаш не сум ти го кажала ова. Се ќе беше добро сега, ако не не` разделеја километрите. И ако бевме барем малку постари, барем малку позрели. Ама ние сме сеуште деца. Ниту јас, а ниту пак ти не сакаме да се обврзуваме за некого толку рано. Затоа одлучив да е вака. И ете... Поради таа моја гордост и гнев што ја држев уште од есента, сега сме само странци. Обични странци, со неколку интересни заеднички моменти, кои ми се омилен дел од тинејџерскиве години. Морам да признаам дека не сум многу горда на себе што постапив така, и што ти изнареков секакви груби зборови, што ти реков да ме заборавиш и што ти реков дека незнаеш да сакаш. Да, свесна сум дека сега мислиш дека никогаш не сум ти верувала и дека никогаш нема да ти верувам. Ако, мисли си. Ако тоа што си лут на мене ќе ти помогне да ме заборавиш и да си среќен таму, немам ништо против. Ама, освен оние грубите зборови, имав уште неколку работи да ти кажам... Пример, дека сеуште те сакам. И дека сеуште пред да заспијам, мислам на тебе. И дека ми недостигаш, многу ми недостигаш, навистина.. Иако пред никого на светов не го имам покажано тоа. И дека неможам да те заборавам, несакам да те заборавам. Мил си ми сеуште, ама ете, мораше вака. Премлади сме, никој од нас не заслужува на овие години да биде обврзан за некоја личност, а уште помалку за личност која е на илјадници километри оддалечена и со која може да се гледа само на лето и на зима. Најдобро е вака А за тие неколку грешки кои ги направи, не грижи се, веќе ти простив. Се надевам дека и ти ќе ми простиш некогаш за оние грди зборови упатени кон тебе. Не го мислев она што го кажував, навистина. И среќна сум што ми кажа дека ме сакаш уште и дека ти недостигам. Иако успеав да изгледам како да не ми е грижа. Жал ми е навистина, се надевам и ти некогаш ќе ми простиш. Па, се гледаме за отприлика 6 месеци Биди среќен таму, не мисли на мене, добро сум јас... Твоето слонче
Секогаш знаеш да ги кажеш вистинските зборови , на вистинското место и во вистинско време.Кога да помислам дека нешто се менува,оп еве ги твоите зборови кои многу ми се потребни да ги слушнам, и да многу сум среќна што те имам!!!
Си знаел да напраиш и ти случајна средба со мене! Не можам да ти опишам колку убаво се почувствував благодарение на тебе Во мојот виртуелен свет си одамна, но многу е подруго кога ќе те видам вистински, се појави во вистински момент кога немав ни малку надеж за мене и тебе, кога бев тажна поради ситуацијата во која бев, ти се појави и ми ја врати надежта дека ќе биде подобро. Ми требаше нешто позитивно да ми се десе и ете се деси, многу сум среќна и сакам да те видам и да пиеме кафе и да се смеема како луди и да се шетаме и да зборуваме со часови. Сакам да те видам, пак, онака као случајно
Што да ти кажам, има ли потреба од зборови. Се уништуваме себеси, заради други. дозволуваме други да го управуваат нашите животи зависиме од нив, од нивните одлуки. А боли. Секој кажан збор боли, како жар пече во градиве не остава простор за дишење..
Се надевам дека еден ден ќе станат реалност нашите планови за блиска и далечна иднина, длабоко во себе верувам дека ќе успееме..
До кога ќе го пропуштаме сонцето надвор? Уште колку вакви убави денови ќе поминат покрај нас без да ги почувствуваме заедно? Свесен ли си колку многу работи испуштаме бидејќи не сме од исто место?
Колку бев само мотивирана да спремам подарок за 14ти ,не којзнае што туку е ете да ти оставам едно споменче Купив и хартија во боја ,барав пишував,мислев како да го склопам онаа што сакам да ти го кажам ... планирав како да биде и наеднаш БУМ нема ништо од тоаааа .... со еден збор ми ја сруши таа моривација и тоа запрвпат да не се замарам без потребно и да си губам време најдобро ќе биде
Ме уништува оваа далечина. А знам дека и тебе.. Се ладат чувствата. Односот ни е како..најстудена зимска ноќ. Не дозволувај,не дозволувај да не скараат. Се откажувам од борба против далечината,знаеш. Преземи нешто.Или..ќе останеме само спомен.
Еден ден љубов моја,се ќе се среди... Се бројат деновите кога коцките ќе се наредат,една по една... Да ја чуваме нашата љубов која ни вроди плод,да го зачуваме мирот и спокојството во нашата душа,само така успееме да го изградиме и нашиот дом,заедно Да не дозволиме проклетите пари и заедницата да го уништат она со години што го создававме Нека не води Бог како и до сега нека ни дава здравје,мир и трпение Амин