Толку те сакам што се плашам да отворам во тема Љубовни проблеми и совети или како и да беше. Насекаде тажни краеви, раскинувања, завршетоци на големи љубови.. исто како нашата. Голема е. Знам. И толку проклето се плашам да не те изгубам, што воопшто не сакам да читам негативни работи општо за љубовта.. и потоа да се измачувам со прашања од типот "Што ако?". Абе нема "Што ако", препушти се на љубовта и убавите моменти, не си го зацрнувај секојдневието со глупи хипотетски прашања, али шта чеш.. некои работи оставиле длабока трага на мене. Од таму цел страв.. Ти си единствениот кој бил вака внимателен и добар спрема мене, единствениот на кој сум можела некогаш да му верувам и на кој сеуште му верувам. И искрено МОЛАМ Бога да не се деси нешто што би ни ја поматило среќата. А се плашам. Од се', а најмногу од луѓето. Те сакам.
Толку чекам нешто да се случи, што веќе појма немам ни што. Teбе? Не тебе, ти веќе помина. Нас? Ни нас, и ние веќе поминавме, онака, само Бог знае како. Па што чекам ? Можеби себе, онаквa каквa што бев пред сето ова . Бидејќи јас не сум ова, дефинитивно.
Само да сум ти во прегратки би била задоволна...несакам ништо ,несакам да зборуваме ,несакам да ме галиш и смееш,само сакам да те осетам до мене ,да го почустувам твојот мирис,да се почуствувам заштитена,да добијам сила.... да ме гушкаш најсилно што можеш да ти се топам во прегратките и да уживам...
Едно далечно лето, додека на зајдисонце седев на едно старо докче, на слушалки си ја слушав песнава. И си мислев колку би било кул да си најдам дечко што ќе знае да свири на гитара. И замисли
и што сега?! успеа да ме направиш љубоморна и? ама знам дека ме сакаш и дека неможеш без мене ама не попуштам и дека сум во право што ти се љутам....
Ако некој пред 7 години ми кажеше дека ќе бидам исполнета,среќна и секој ден неизмерно сакана од совршениот човек и дека тој засекогаш ќе остане само мој,моја сродна душа,онај со кој што го делам секој миг,кој што плачел и се радувал заедно со мене,дури и бдеел над мене кога сум била болна немаше да поверувам. Но,еве ме после 7 години размислуваме за тоа каква ќе биде нашата иднина мило мое,го програмираме секој наш миг,но оставаме и на спонтаноста и иднината што само бог знае што ќе ни донесе,но знам дека сите мигови заедно ќе ги поминеме. Ги обожавам утрата кога се будам крај тебе,кога те будам и ти мрзеливо ќе ми кажеш со најмило гласче и очиња лепотиче ај уште 5 минути. Е тогаш ми иди да те здропкам,да ти ги извадам сите ѕврцки ,да те изгушкам најсилно на свет. Те сакам ,со целото мое срце,со душата кои се само твои и вечно ќе бидат. Ти благодарам за се, за сите среќни мигови, исполнетоста,магичноста што ми ја даваш,за деновите кога сум во ужасно расположение,а ти даваш се од себе за да ме расположиш и за тоа што често те нервирам и нерасположувам,но ветувам дека тие мигови ќе бидат многу малку се додека ги снема целосно.
Знам, се разделивме по којзнае кој пат. Овој пат засекогаш. И јас ќе пишувам за тебе, и ти за мене. Убава поезија пишуваш. Јас ќе пишувам тука, зошто неможам тебе да ти го кажам ова. Колку и да си ме повредил, јас тебе те сакам, ти ја посакувам целата среќа на светот. Жално е што се сакаме, а не сме заедно. Колку сакам да ти го слушнам гласот, да те гушнам уште еднаш. Да се разбудам покрај тебе и да ми се насмееш онака милно. Да се смееме пак ко некогаш. Онака невино. Да пишувам пак зошто те сакам. Да ти подарувам убави мигови, онакви какви ти ги сакаш. Ти пак да бидеш исполнет со љубов. Сакам за тебе да готвам, зошто поради тебе научив. Научив да ти правам колачиња. Знам дека ги обожаваш. Сакам пак да ми се јавуваш пијан навечер и да ми пееш, да ги пееш нашите песни. Да правиме планови за иднината. Да ми ја држиш раката, така нежно, а цврсто за никогаш да не заминам од тебе. Да се чувствувам сигурно во твојата прегратка. Да, да тоа сакам. Да пиеме кафе, да гледаме филмови заедно. Знаеш колку работи останаа неискажани, ненаправени. Знаеш ли уште колку нешта требаше заедно да направиме. А и ми вети дека следниот роденден ќе ми го направиш полн со изненадувања. Зошто мораа да се појават тие бубачки во твојата глава. Зошто мораа се да уништат? Знаеш ли колку бев среќна кога ми кажа дека твојата постелнина мириса на мојот парфем и дека не сакаш да се испере. Ах сонце, ти си ми се во животот. Не сум сакала некој како тебе. Незнам дали и ќе сакам.
„Знаеш ти, а знам и јас, што сме сториле... не е битно, само кажи ми, дали вредеше? Ќе остане засекогаш само тоа што некогаш беше, и ништо повеќе... во своите книги на надеж ќе ги запишеме имињата, некогаш наши, сега секој за своето. Кога наредниот пат ќе застанеме еден пред друг, немој да занемеш, те молам, сепак се знаеме подобро од било кој. Никој не постигнува нешто сам, понегаш ни треба помош по долгиот пат кон својот дом. Знаеш што, денес ти земи ја колата, јас повеќе би за една прошетка..." Еве ти пишувам денес зашто нејќум утре. Ќеф ми е. Се пеплосавме. Ти текнува кога ме нарекуваше латентна? Епа латентно беше и нашето. Секоја следна ќе отвора дигитален лексикон и ќе пребарува на буквата Л. Можеби и вредеше ама ти нема никогаш да знаеш. Немој да се чудиш на мојот лошотилок.. Побогу, па ти беше тој што ми рече "You're a silly devil ice queeny bunny pijamas loving little T". А твојата прошетка е само уште еден изговор за да наминеш кај мене в парк. Болдираното објаснува сè.
Мораше да биде вака тоа и ти го знаеш бидејќи нашето нема иднина и крај сепак ќе живееш вечно во моето срце