Никогаш нема да сфатиш нели? Никогаш,само фала ти на зборовите што ми ги упати,па уште изговорот дека не си ме сакал веќе затоа не ти ни било гајле за мене и за тоа што ме повредуваш со тоа што го кажуваш. Не си сакал да бидеш со мене,фала ти ептен, вака ако било пишано да заврши се после сиве години,стварно немам коментар... Ама никогаш нема да знаеш, ни да сфатиш дека во овие 3 години само тебе сум те сакала и никогаш ништо не сум направила,и за разилка од тебе се гордеам со тоа а не се каам како ти,зашто не си правел глупости.Браво големо Браво. Секогаш си ми бил на прво место,иако ти мислиш дека ми биле другарките. Се откажав од се за тебе од се, и не ми е ни малку криво ни малку не се каам што не излегував и слично,само се каам што ти се лутиш ако еднаш во две недели седнам некаде. Немам веќе ни сила ни волја да се борам за нас,сакам само да легнам да спијам долг период. Вечер ке пробам да зборам со тебе,ќе дојдам ако збориш збориш ако те убедам да сфатиш некои работи добро ако тераш по твое и викаш дека е крај засекогаш во ред,ќе си отидам стварно засекогаш. Зашто неможам веќе,неможам.Колку ида те сакам,колку и да боли ако не сме заедно,колку и да боли и колку и да плачам и се каам што сум те пуштила..Ако само ако, Го молам господ само да сфатиш еден ден,иако касно.. Кога ке ми се тргне оваа грутка од грлово,стварно немам повеќе сила а богами ни солзи.. Не сакам да станеме странци не би можела да го поднесам тоа,да те сретнам на улица и да бидеш само обичен странец кој ми бил се во животот и сеуште ми е. Ќе престанам ли некогаш да те сакам?...................
Да ми кажеше некој дека ќе те засакам ќе му ја зашлапав една.Но,очигледно јас сум онаа која треба да добие шамар.Сфатив колку вредиш кога те изгубив.Никогаш не верував дека ќе се заљубам во тебе..A,oчигледно нема ни ти да се заљубиш во менe,си се чудам на работиве што ги помислувам...
Љубов моја! Само остани до мене засекогаш и биди најблиску до мене, твоите руси коси да ме галат и да заспивам и да се будам во твоите раце потоната во синилото на твоите прекрасни очи. Те сакам најмногу!
Утре го полагам последниот испит. И утре требаше да ти дојдам на гости. Прв пат имам слободна недела пред да почнам со предавања. Ех да бевме паметни и да го искористевме слободното време.
Ке почнам да терам на ладно со тебе........ гледам и ти не се замараш толку многу со мене.... Ок..... кр прегризам усни, ке помине...
Дали јас и ти ќе доживееме да имаме наш сопствен, топол дом? Дом кој ќе биде поголем од една кутија? Знам дека сум ти понекогаш досадна и те гњавам со истите работи, ама ми фали простор, физички простор, да има каде да си ги протегнам нозете без да ги удрам во нешто. Да можеме да се разминеме... Можеби некогаш па и вака е подобро, ако се искараме нема бегање, нема кај да се скрие човек и мора да се соочиме и да ја решиме работата. Хмм... Како и да е, додека сме заедно мислам дека и би живеела во вистинска кутија. На крај краева, тоа е најбитно нели?
Не бе, пак тебе те сакам Туку, му имаш кажано на другар ти дека.... итн. xD ? пошо некако чуден беше денес
Сите ти се поважни од мене знам и сама. Ко за инат правиш некои работи, ем знаеш дека се нервирам. Овој пат е стварно крај. Повеќе нема да си го газам зборот, ќе гледам само да те заборавам. Јави ми се само да ми кажеш кога ќе најдеш некоја што ќе те сака повеќе од мене...
Зошто бре те боли кога јас ќе кажам нешто што ти порано си го кажувал без око да ти трепне? Зошто така уплашено ме погледна и затрепери? Зарем мислиш дека јас имам нерви од челик? Потрошен материјал ми се. Ако не сакаш да те заболи посилно, почни да размислуваш со таа тиквата што ја носиш на раменици.
Ќе си препукнааам брее детеее од сраам утре кај тебе дома прв пат. Ако преживеам девојки, ќе ви пишам
Смотан си на моменти, знаеш нели? Плус почнувам и да ти ги забележувам малите потези за да ме направиш љубоморна. Само незнам зошто мислиш дека тоа е потврда за тоа колку те сакам.. не е. Како може нешто толку деструктивно како љубомората да биде потврда за нешто толку убаво како љубовта? ..нема врска, јас пак те сакам.. само не создавај сосила сомнеж таму кај што нема потреба за тоа.
Се надевам дека ќе успееме. Не би можела да го поднесам истото пак, не, не и не. Верувам во тебе. Знам дека ме сакаш. Знам дека те сакам.
Прекрасен си. Да, ти. Ме вивна во облаците и ме тресна силно, ме спушти на Земја. А сега ете пак... Но, не можам без тебе. Не ни сакам. Прекрасен си ти, со мене. Заедно. Двајцата.