Само уште еден ден и ке бидеме заедно.Како да не сум те видела со години,а не две недели .Ми фалиш и тоа многу.Цела ноќ нема да заспијам.
Плукнат Џастин Тимберлејк си. Кога тебе неможам да те гледам, него на видеа го гледам, исти сте бре. (особено тука. )
Фала што се трудиш да имаш насмевка на твоето лице и кога најмалку очекувам,извини што ти давам дел од мојата негативна енергија но знаеш добро зошто е тоа така ... како ќе издржам додека те видам Ветувам дека ќе се потрудам да ги поминам овие депресивни моменти ,заради тебе Те сакам љубов моја
Се надевам дека нема нешто да го расипе денов, редно е веќе да поминеме еден убав ден (посебно овој) после толку лоши денови...
Денес додека шетав во градот видов многу парови фатени за рака, гушнати, среќни си мислев ехх сега да си тука, заедно да шетаме на убаво време, да се смееме.. Те сакам го знаеш тоа нели? Знаеш и дека ти си едниствениот кој ме прави среќна, единствениот кој може целото сивило да го обои во убави бои.. И среќна сум затоа што секое утро ми започнува со тебе, што знам дека те имам, дека си тука секогаш, затоа што ми даваш сила, ме бодриш, веруваш во мене, ме сакаш. Среќна сум кога наутро ќе те слушнам така сонлив, или кога ќе се насмевниш или кога со саати ми раскажуваш за некој филм или некоја интересна емисија што си ја гледал, кога ми раскажуваш како си поминал во град, како ти поминал денот.. Тажна затоа што неможам да те видам и гушнам секогаш кога ќе посакам - а посакувам постојано да се гушкам со тебе Spoiler http://www.youtube.com/watch?v=9o2wGcPPOlk
Можат да ме разберат како се чувствувам само тие што ја почувствувале далечината на своја душа.Средствата за комуникација иако се само утеха во реалната можност да те допрам,сепак се доволен знак за да знам дека си добар и дека ти недостасувам.
дали некогаш ќе разбереш? Дали некогаш ќе успееш да разбереш каква битка јас водев со себе за тебе целото ова време? Дали некогаш ќе помислиш мене колку пати само ми е кажано дека не си за мене, дека си ми товар, дека ме влечиш назад, дека без тебе подобро ќе ми е? Дали некогаш ќе помислиш колку пати само ми е кажано дека не ме заслужуваш, дека премногу внимание и љубов ти давам тебе, дека ќе ми се удри еден ден од глава? Дали некогаш ќе разбереш зошто никогаш не подлегнав на тие зборови? за таа проклета „наша“ или подобро ќе е да речам моја љубов. ете за тоа. А ти мило, како да разберам јас зошто тебе те скршија, те уверија дека без мене ти е подобро за два -три дена? Дали заради љубовта што ми ја ветуваше, соништата што ми ги нудеше? дали затоа брзо поверува? Или затоа што ни Љ од „нашата“ љубов си немал ти. може затоа што зборовите твои лаги се, лаги биле секогаш. или си само слабак што на свои нозе не умее да застане, па да донесе одлука за себе. Spoiler Дали некогаш ќе разбереш која е болката што ми ја нанесе, ти.. демек љубовта на мојот живот, демек мојот еден и единствен.. демек.
А,можевме да бидеме повеќе... Поминаа веќе месеци,од тебе ни глас,трага. Полека се привикнувам на моето секојдневие кое одамна заврши со тебе. Секако,ми недостигаш,но не ме боли толку многу како порано. Животот продолжува без или со него. (Моментално без.) Понекогаш сум на почеток,но понекогаш се усовршувам во моето не мислење на спомените. Нема никогаш да разбереш колку не ми е сеедно што не си до мене. Никогаш. Помислив,требаше да бидеме заедно денеска. Нели си правевме планчиња и за овој ден,м? Се сеќаваш? Или ги избриша целосно сите спомени од нас? Ти завидувам. Не знаев дека имаш способност да си толку ладен и да ти биде сеедно што е завршено. Не ти недостигам воопшто? Ама ил? Ни малкуцка? Ептен малкуцка? Е алал да ти е. Сепак,ќе помине време. Ќе ми допомине. И воопшто нема да ми биде гајле за ова. Исто како тебе.
ФАЛА ти што ми го одмили празникот,фала ти стварно што сум ти толку битна во животот,фала ти што ме потсети дека се си правам заради мене,заради мене идам кај тебе да се гледаме,фала ти стварно што "секогаш си стоиш на зборот и го исполнуваш ветувањето."
И покрај тоа што ме нервираш за глупости, те сакам. Многу сакам да сме како порано. Сакам да поминувам повеќе време со тебе. Фалиш.
Паметно од твоја страна нема што,многу паметно,така треба,како да не се познаваме,супер тоа ми се допаѓа,супер ти е таму,ако мило ми е за тебе и мене ми е поубаво до тебе.-До бивша симпа. За секоја ситуација имаш решение,таков те сакам,таков те познавам.-До сегашна симпа. Офф-До идна симпа уште нема што да му кажам.
Не можам да спијам и знам дека нема да заспијам цела ноќ.Сега е еден,ке излезам во 8.Кој ке чека уште 7 саати? Издржав две недели сега неможам 7 саати .Спобудалев.Магаре мое.