колку сакам кога на полноќ ќе ме разбуди твоја порака, само што јас не спијам на полноќ, и тоа што никогаш не ми стигнала порака од тебе. Ама битно те сакам.
Дебеееееееел!!! Сакам да те вииииииидаааам!!! Знаеш дека те сваќам за се што ти се дешава али и ти мене свати ме. Неможам да седам мирна и по цел ден дома кога околу мене секогаш нешто се дешава... Те сакам циган еден и нема потреба да не ми веруваш знаеш дека сум твоја
Дали ќе славам нешто ме праша бе? Што да славам? И башка некако иронично звучеше! Ме нервираш! Една година од најубавите пижами Ех, тогаш си бевме во Џино и се сеќавам дека малку ти се подналутив што немавме резервирано некаде, никаде не можевме да најдеме место. Ама заедно бевме, убаво беше каде и да сме. А сега... Зошто, зоштооо е вака? Каде, кога почна се во бестрага да оди? Како дозволивме? Ама тоа е... Ова ќе не направи посилни, знам. Ќе го надминеме! Мора! Немам мир... ...И така денес точно пет ипол години од како си сопственик на моето срце. Те сакам бескрајно стаорче!
Ми годеше тоа што ми го кажа вечерва, дека сум ти прва и последна, освен ако не сум нашла некој пошармантен и позгоден да те шитнам , душичка моја со смисла за хумор, знаеш добро дека не можам никогаш да сакам друг. Убаво спиј бидејќи оние кои се сакани спијат, а оние кои сакаат се будни. Уште малце ќе легнувам и јас, па и јас сум сакана де. И да, мило ми е што се почесто почна да ми зборуваш за тоа како ќе сме уределе заедно во нашата куќа и тоа дека се со мене ти било убаво. Не си тип што многу зборува, ама љубовта чуда прави.
Ми фалиш сонце мое, душо моја, злато мое, срце мое, едиснтвена моја љубов. Те сакам мило мое највеќе од се на светов
Една свеќичка во форма на седмица да дувнеме вечерва. Со желба да ни се множат годините поминати заедно. Среќна годишнина!
Ти благодарам за разбирањето. Уште еднаш ми покажа дека големината на твојата љубов кон мене е најбитна. Брзо ми помина викендов, пребрзо. Ќе те чекам пак да ми дојдеш на гости. Во меѓувреме, ти ветувам дека ќе се потрудам да не се нервирам толку многу, и да не се оптеретувам со непотребни работи. Нека врват деновите, нека дојде јуни Те сакам.