Да , знам дека понекогаш се однесувам како мало дете кое сака се да биде по негово,но не можам поинаку, се нервирам за небитни работи можеби за тебе , но не и за мене, и на кој друг ако не на мене ке објаснуваш, м ? Премногу те сакам, што и да кажам , што и да кажеш , секогаш ќе бидеме заедно!!
Некако слабо се редат коцките во последно време. Или слабо ги редиме. Одамна знам дека ако не си ги наредиш коцките, друг нема да ти ги нареди, а уште помалку ќе ти се наредат сами. А лошо е човек кога се навикнува на ситуацијата во која се наоѓа и нема желба да ја промени. Или нема доволно сила. Што значи дека нема доволно голема желба. Или појма немам што значи, ама не е на арно. Непроменети чувства во променети околности. А времето лета како лудо.
Е па среќен ти пат Фино беше додека траеше, ама сега ми треба нешто посериозно, пософистицирано, посозреано, покултивирано и помладо... Ми помина меракот а и те надминав некако... Секако, за тоа најголема заслуга имаш ти!
Пред извесно време налетав на овој цитат: Don't marry a man unless you would be proud to have a son exactly like him. I'm just sayin' Иако никогаш не ти признавам и многу ретко те фалам.
Некогаш тие некои твои манири се способни во еден момент да срушат цел однос граден во изминатиот месец на пример. Го рушат тој наш однос до тој степен до кој ме тераат во момент на нервоза и афект да се запрашам „Дали сево ова беше само лага и глума од твоја страна?“ Донекаде ми помагаат овие моменти на освестување. Полека почнуваш да ги губиш сите оние црти кои ги сакам кај тебе. А за што? Дали вреди? Вреди ли тоа повеќе од мојата љубов, мојата посветеност? Мојата верност? Вреди ли?
Шо ти се чини ? Јас стварно неможам да разберам Твојот идиотизам те надминува ... Ма што сакаш прави си Со свој камен по своја глава Ајт гитла ..........................................
Некогаш те сакам, некогаш не , јас незнам што ми се случува, како времето сум променлива, уф ама не можам без тебее .... не нее !!!
Понекогаш знаеш многу да ме изнервираш,ама ми поминува.Ти поминува и тебе ако чуеш нешто несоодветно од мене.Битно си простуваме.Кој сака тој и простува,секоја кавга не направила посилни и потврдува едно-Не можеме еден без друг
Од кога го немам осетено ова чувство ..... Ах.. времиња, Ми недостигаат и оние пепељугите во стомакот Кај мене стоногалки станаа
Кога и да помислам дека си само илузија, дека не си тој за кој што се претставуваш, дека не си доволно добар за мене како што велат другите.. ми текнува дека е до мене. Тоа што не научив никому да верувам, па ни тебе.. иако толку многу заслужуваш. Повеќе од сите. Што кога и да ми подадеш рака, јас ти ја оттурнувам... а ти пак не ме пушташ. Во мене го будиш она детското, најневиното, најкршливото.. нешто што мислев дека одамна го закопав во себе, а ти успеа да го извадиш на површина. И кога ќе се уморам и ќе решам да кренам раце од се', ти си тука. И да, ќе се борам против сите ако треба за да бидам со тебе. Затоа што тие не знаат како ни е кога сме заедно. Не знаат колку те сакам. Не знаат дека ти ми даде надеж и желба за живот. А ти... ти немаш ништо згрешено.
Злато мое пресреќна сум, рацете ми се тресат додека го пишувам ова , ги бројам минутите, одвај чекам да дојде времето кога треба да тргнам. Одвај чекам да те видам повторно... те сакаам !!