Веќе ми недостигаш... Тешко ми е без тебе ама мора така.. Не можеш ни да замислиш колку ми си битен и ми значиш...и неизмерно те сакам...
Моментално те мразам исто толку многу колку што те сакам.. Зошто бре, зошто така ми направи... ова никогаш нема да ти го заборавам.............
Чувствувам празнина во срцето кога не си крај мене. Ниту скајп, ниту мобилниот телефон не можат да ја заменат твојата прегратка и топлите бакнежи со кои ме опсипуваш секогаш кога сме заедно. Ми недостасуваш..толку си далеку, а сепак знам дека во мислите си секогаш крај мене. Ќе издржиме уште малку, го можеме ние тоа..зарем не?
Правиме толку мали чекори, а сепак стигнуваме некаде. Ме радуваш, а сега за сега тоа ми е и повеќе од доволно.. Ми се допаѓа начинот и на кој се однесуваш со луѓето кои знаеш дека ми значат. На кој ги одбиваш сите кои знаеш дека не ни мислат добро. На тоа што се жртвуваш за мене, на начин на кој заборавив дека некој некогаш би можел пак да го спроведе..поради мене. За мене. Ти благодарам за се`. Ми ги ублажи раните, направи да заборавам делумно се` што беше. Остани до мене. Друго ништо не ми е важно.
Љубов моја! Сакам вечно да сум во твоја близина затоа што секоја секунда со тебе ми е богатство а секоја секунда без тебе е ужасна. Кога денес те видов колку искрено се израдува и јас бев најсреќна заедно со тебе, верувај ми. Сакам да знаеш дека ти си најсаканата личност на овој свет. Јас те сакам најмногу и за тебе би умрела ако треба. Дури и кога само го делиме воздухот во иста просторија јас сум најсреќна. Кога денес го изговори моето име јас блескав од среќа. Само ти си личноста која ми треба за да бидам среќна и исполнета. Ми требаш повеќе од воздух. Среќо моја единствена и неизмерна, јас живеам за тебе. Ти си мојот живот и мојата радост. Те сакам најмногу!
Чудно ми недостигаш чудно и ме болиш во некоја залутана ноќ која не успеала да ми ги покори очиве да ми ги запие соништата сама си откинав парче од душата во редот за рани застанав. Мора да си ти ,си велам. Долго остана.
Точно е дека далечината разделува,ама тоа важи за оние кои не биле вистинските. А за нас таа е само еден тест на искрени емоции кои се продлабочија во желбата да опстои врската. Многу добро знам што прави љубовта,затоа што ја чувствувам
Многу ме повреди. Никогаш нема да ти го заборавам ова. Никогаш! Ми ги уништи сите соништа, сите надежи, ме уништи мене. Ќе сватиш што си изгубил, ама ќе биде многу касно за се. Тогаш мене нема да ми биде важно, затоа што ќе бидам со некој друг.Некој што ќе ме сака, што ќе ме цени. Работи кои ти не ги знаеше. Само да знаеш, има Господ. Гледа и враќа. Само да осетиш на твоја кожа и ќе сватиш се. И да, ќе го чекам тој ден да знаеш.
никогаш нема да ми биде доста од твоите бакнежи ,милувања,одсилните прегратки,од нежните допири и од убавите заеднички моменти ... Синоќа уживавме заедно но сега уживам потсеќајќи се на изминативе денови поминати заедно ...те обожаваааам !
Значи одвикнии се од тоаа гризање да не те пријаваам за семејно насилствооо мочкооо едееен никако да ти дое памет смотле