Те сакам зашто откако неколку дена ќе бидам молчалива и незаинтересирана за ништо што имаш да кажеш, ќе се појавиш пред мене онака весел, без барање објаснувања, без да ме караш. И тогаш само те гушкам и се насмевнувам и знаеме дека не е потребно ништо да се зборува, се` се средило. Те сакам зашто секој викенд стануваш рано за да бидеш со мене, иако ти се два единствени дена во кои можеш да си дозволиш повеќе сон. Те сакам зашто ако ти речам Стани у 5 или Дојди на тоа и тоа место после работа, нема да ме прашаш зошто, нема да ме молиш да се одмориш повеќе и најважно нема да ми кажеш Не можам. Те сакам зашто иако те мрзи да се бричиш повеќе од еднаш неделно, го правиш тоа зашто сум рекла дека така си ми позгоден. Те сакам зашто не обожаваш да се прскаш со парфеми, но го правиш, зашто знаеш дека ќе ти се пикнам во врат и нема да се одделам. Те сакам зашто низ глава ти се вртат многу идеи и си подготвен да ги реализираш за да стигнеш до пари. Те сакам зашто ме слушаш кога велам Земи ја оваа кошула, со овој џемпер и тие панталони. Во превод, те сакам зашто веруваш на мојот вкус. Те сакам зашто ако ти спомнам дека ми фали нешто или ми се јаде, уште веднаш ќе го нацрташ пред мојата врата. Те сакам зашто трпиш што не се гледаме често сега и не ме прекоруваш, зашто ги знаеш причините. Те сакам зашто водиш здрав живот и се радувам на заедничката иднина кога ќе те испраќам на работа со свежо исцеден сок, а заедно ќе бараме нови рецепти и заедно ќе купуваме непознати намирници. Те сакам зашто си извонреден другар, син и дечко. Те сакам затоа што си човек. Те сакам затоа што не озборуваш и не те интересираат животите на други луѓе. Те сакам зашто за тебе ништо не е невозможно. Те сакам зашто за буквално се` си нашол начин. Не изговор. Те сакам за сите насоки кои ми ги даваш, совети и подучувања. Те сакам зашто си ми ја поддржал секоја одлука, дури и да не се согласуваш со неа. Не си ме премислувал или разубедувал. Те сакам зашто ниеднаш не си ми кажал Ако сакаш смени го ова...или Не ми се допаѓа она кај тебе. Те сакам зашто не сакаш да ме промениш. Во ниту еден дел. Те сакам затоа што и кога треба да штедиш пари, кога станува збор за мене и моите, не правиш никакви пресметки. Те сакам затоа што си ми ја исполнил секоја желба, се грижиш да ме направиш среќна, а тоа е најбитното. Нека ни се множат...
Ми фалеше ова чувство,да излезам,а да не ти ги барам очите. Ако не си го изееш чоколадото,други ќе ти го изедат,како да ти кажам...
А што да ти кажам бе ?! ..како тоа внимаваш и пазиш на ситници за да не ме повредиш и пак некако магично успеваш сепак да го направиш тоа? Срам да ти е. Само да знаеш не поднесувам непочитување во било каква форма, па колку и да те сакам, јас не се погазувам повеќе за кој и да е.. и ти го знаеш тоа. Подобро сама отколку во врска што не ме исполнува. Крај краева, не сум најдена јас на улица..
Толку добро те познавам што дури и кога молчиш знам за што размислуваш.Колку е ова позитивно или негативно,ќе покаже времето...
Филмов се спушти ти сеуште не си дојден, што чекаш бре pig? црвен килим да не сакаш да ти постелам хихи..? Те очекувам, ајде брзни, па да си лежиме заедно стуткани и конечно да го изгледаме
Знаеш со една најмала ситница да ми ја разубавиш вечерта и да ме направиш уште посреќна Те молам не менувај се никогаш,те сакам баш таков како што си
Ма и да ми недостигаш,тоа е само кога некои песни ме враќаа кон тебе,инаку не... Пример Рамштајн со Ohne Dich и Him со when love and death embrace. Првата веќе ја слушам,но за втората не се осмелувам. Итс ту мач фор ми.
Бидејќи си тапчо глупав, нема да ме видиш до следната недела. Душичкава ме боли од мака поради тоа што и јас тебе нема да те видам, ама ќе издржам. Многу ме интересира причината поради која не ме побара вечерва. Ама не ти вртам јас па што сака нека биде!
Те жалам како ме трпиш во ПМС и тогашното хистерично смеење, адреналин 100ка, депресија, љубомора, плачење, лигавење, и тако даље. Свака ти част, али мене почна да ми се повраќа кога сфаќам како мењам расположение на 3 ипол секунди. нека дое више менструацијаваа, да не ме измачува и мене и сите невини особи кои страдаат ради тоа, греотка се душичкиии
Ме фати некоја нерва прееска. Си помислив "Зошто луда главо? Зошто те намачив толку летоска? Кај ми беше паметот?" Извини. Те премачив. Те сакам!
Љубов моја! Сакам да ти кажам дека ми е убаво кога стојам до тебе во редот и го чекаме кафето. Убаво ми е во секој миг кога сум во твоја близина. Едвај го чекам понеделник за да те видам пак. Те сакам најмногу!
Молчев можеби и предолго, молчев можеби и прегласно... Молчев играјќи ја играта на молчење која ти ја започна Молкум го криев целиот свој свет во твоите преубави очи, мечтаејќи ти да го видиш својот во моите... Молкум ги трпев ударите од борбата на срцето и гордоста, од ударите на твоите празни погледи, од некажаните зборови... Молкум се борев со копнежот за тебе, со болката под порите, со љубовта која ми ги продлабочи борите... Молкум само јас научив да те сакам , а ти да не забележиш, да те допирам, а ти да не почувствуваш и да ја разголам душава пред тебе во само еден поглед, а ти да не дознаеш.. Молкум се движев низ темнината која ја донесе во животов, со таа светлина која ја посеа, која ги избриша сите, која ги обезличи, ги срамни на нула... ги избриша омилените мириси, и го стави својот, оној истиот кој може да ме доведе до лудило...ги избриша дури и омилените вкусови од мојата глава, започна да ги споредуваш со твоите бакнежи, со сокриените погледи, со забранетите допири... Молкум те испраќав секогаш, знаејќи дека нема да се свртиш назад, дека нема да потрчаш кон мене, дека нема да се бориш за мене, дека нема да речеш : таа е љубовта на мојот живот, онаа која ме промени за миг... Молкум се прашував: како може да сакаш да сум во твојот живот, а не сакаш да се бориш за мене.... се прашував како може да не ме сакаш со истата страст како мене, па нели сме исти? Како може да не ме сакаш страсно, до раскинати кошули, до модрици на грбот, до крвави усни? Како може да не сакаш да го извикаш сето она што си го сокрил длабоко во себе? Зар мислиш дека би те повредила? Молкум почнаа да испаруваат сите оние чувства кои ти ги проколнуваше на цел глас.... испаруваат како дим од миризлива свеќа, свеќа на заборавот која ти на секоја средба ја палеше со своите молитви за крај... Молкум заминаа и солзите, кои ме дружеа секоја вечер , кои го загушуваа крикот на телото, кое се грчеше за тебе, кое умираше за твојот допир... И така молкум мислам дојде заборавот... замина стравот од новите лаги, од пропуштената средба, од туѓите погледи, од туѓите раце... молкум се враќа насмевката на моето лице, молкум оди стравот од туѓите прегратки, од туѓата љубов...а само збор требаше за да се закотвам молкум засекогаш до тебе, да станеш моја животна книга, главниот лик кој вечно ќе ја затоплува мојата нежна душа....вака ќе останеме само едно премолчено животно поглавје... Сепак љубовта е за силните, мил мој!!!
Уфф колку многу ми фалиш, едвај чекам да те видам, да те изгушкам, да те гњавам, да те опсипам со бакнежи, да уживам гледајќи те како се смееш, да шетам со тебе, да ги испреплетам моите прсти со твоите, без зборови да ти кажам Те сакам. Ми фалиш многу.. Уште малку остана.. многу малку
Се прашувам дали веќе е време да се повлечам,да се тргнам од твојот живот.Губам надеж за нас,ако воопшто не има НАС.
Ти си тој што ме прави да бидам среќна,што ми ја полни душата во моментот кога ќе се доближи до мене... Ти си таа неверојатна сила која ми го сменува расположението и ми го разнежнува срцето...! Ти си единствената работа која во секое поле ми дава нежност,сила,насмевка,среќа,топлина,љубов... Ти правиш да неможам да ги контролирам дланките,да се загубам во мислите и да потонам во твоите топли прегратки,да уживаме без да изустиме ниту еден збор... Го правиш невозможното возможно и со само еден бакнеж ми даваш се што ми е потребно...не би сакала никогаш да те изгубам затоа што со тебе имам се што саками ми е потребно. Те сакам
И сега по тебе ме познаваат и за тебе ме прашуваат. Твоето име го читаат на моите усни, го има во моите очи....