Навистина е тажно тоа што во твојот свет јас сум трошче кое некогаш и не го приметуваш,за разлика од тебе кај мене ти си сиот мој свет
Колку е само убаво чувството дека се сакаме на начинот коишто сме. Важно ми е дека ме сакаш,а не да ме искористуваш. Прекрасно се чувствував кога видов дека го прифати поклонот којшто ти го подготвив. Па и дека ке го ставиш во новата куќа,ептен ме израдува. Те сакам сонце мое, те сакам, те сакам. Се надевам дека вечерва ќе е подруго.Си знаеш сонце за што ти велам.
Проклето ми фалиш..о боже зошто љубовта е убава но истовремено и болна? Твоето отсуство ме прави тажна како неможеш да разбереш
Би му кажала дека премногу го сакам и сакам засекогаш да се будам до него и само до него. Те сакам најмило мое!
Мисли си дека ти ја купувам твојата игра. Иста ќе играме, еден ќе попушти. Тоа нема да бидам јас. Машино роботска
Уште една прекрасна вечер позади нас Не си свесен колку ми е убаво кога те гледам како се смееш,со задоволство те гледам и душата ми се полни со убавина... ме испонуваш љубов на секој можен начин ... Благодарам за убавината од синоќа, ти си се што сакам знаеш
Колку пати ми имаш кажано дека неможам да живеам без тебе? Се сеќаваш? Почнувам да ти го докажувам спротивното. И патем, добро ми оди нели? Тешко ми е, не викам не. Има денови кога неможам да те извадам од мисли, денови кога осеќам тапа болка и голема празнина. Премногу ми фалиш. Тоа е посилно од мене. Понекогаш мислам дека ова ни е минливо, дека само повремено сме се скарале, и дека утре се ќе биде ко што треба. Ама знам дека не е. Никогаш нема да биде како што беше. Никогаш! Само да знаеш дека кога ќе сватиш некои работи ќе се каеш за се. Не требаше да биде вака. Знаеш! Премижав многу работи, ама повеќе не можам. Ти избра ништо а можеше да имаш се.
Знаеш дека од сабајле најмногу ме мрзи да зборувам, и секогаш сум нервозна. Ако не сакаш да ти го расипам денот не јавувај се.
Љубов моја! Ти си мојата вечна единствена љубов, мојата причина за живот. Се чувствувам прекрасно кога го изговараш моето име, кога нешто ме прашуваш, кога ми зборуваш, кога ме гледаш со твоите прекрасни сини очи, кога толку втренчено и задлабочено размислуваш. Секој миг со тебе за мене е богатство и сакам да трае вечно. Сакам кога ме погледнуваш така изненадно и кога ми зборуваш. Ти си најубавата личност на светот, ти си мојот единствен убав сон, ти си личноста со која сакам да го поминам целиот живот. Само ти си мојата љубов и сакам тоа да го знаеш. Не можам да живеам без тебе разбери. Те сакам најмногу!
Во листата на неисполнети желби ќе остане онаа: да бидеме разделени колку пршлените на мојот 'рбет,засекогаш...