Секогаш кога треба да се разделам со тебе ми останува парче од душава некаде помеѓу твојата прегратка.Секогаш се помолувам тоа да не е последен пат што те гледам. Знаеш дека си ми потпора во животов и дека ми требаш за да бидам цела. Секогаш колку и да сум ти лута, далечна, зајадлива сакам да знаеш дека и покрај тоа те љубам длабоко, после толку години, природно ми е да те сакам и да го чувствувам тупкањето на твоето срце во ритам со моето. Нашава љубов не е филмска, не е оригинална, не е бурна, ама е наша, понекогаш мрзлива, често страсна, некогаш стресна, едноставна, а некогаш толку комплицирана, некогаш тажна, болна, но најчесто среќна, задоволувачка, онаква која обележува за цел живот...ти толку ми го обележа животов што мислам дека ако некогаш има „после тебе“ тоа никогаш нема да биде толку реално, вистинско... Мислам дека можеме да преживееме сешто и да си ја разбираме тишината. Ти не си човек со кого некогаш порано јас би избрала да бидам, сега помеѓу милион странци да можев да бирам пак, би те одбрала тебе...и знам и ти би ме одбрал мене, толку лесно без размислување. Може ни било пишано, а може сами си го напишавме.Како и да е благодарна сум што те имам и што ме имаш и тоа е доволно.
се надевам дека никогаш повеќе ни на улица нема да те сретнам...сите спомени и 3 и пол години нека горат во пламен...заедно со тебе
Знам сега се каеш но касно е требаше да размислиш пред да дозволиш да ме изгубиш , не викам дека не те сакам но да ти простам никогаш
Спојлер http://www.youtube.com/watch?v=outs8exG5rM Now here you go again You say you want your freedom Well, who am I to keep you down? It's only right that you should Play the way you feel it But listen carefully to the sound Of your loneliness Like a heartbeat drives you mad In the stillness of remembering What you had And what you lost... And what you had... And what you lost... Oh, thunder only happens when it's raining Players only love you when they're playing Say, women...they will come and they will go When the rain washes you clean, you'll know
Како?Со која храброст успеа да го направиш тоа?Браво бе,многу храбар си бил.Туку,многу се лажеш ако мислиш дека уште еднаш ќе ти се вратам,после сите лаги и кавги.Љубомората неможеше да си ја контролираш,па затоа ова се случи.Ама после тоа не ме ни сакаше нели?Се беше од корист,па кога ќе те откачеше некоја што наводно беше твојата идна ми се враќаше мене.Додека трчаш по такви,а ги повредуваш оние што највеќе те сакаат,ќе си страдаш секогаш.Гаду еден.
Посакувам да си до мене и да те изнагушкам! Не губи надеж и верба, ќе се среди се за брзо време. Те обожавам гордост моја!
После синоќешната караница сватив дека те сакам. Да! Те сакам! Тешко ми беше. Дај Боже да не се повтори уште еднаш тоа од синоќа. Не можам да си дозволам да те изгубам пак! Ќе се борам, против се, дури и против самата себе! Само тебе да те имам, само тебе да те сакам, само твоја да сум.
Ах бе лапчо чувствата према тебе ми се исти уште како и првиот ден, поточно ми се зголемуваат од ден на ден али Љубов е тоа така треба да биде
Моментално те сакам. Искрено те сакам. Ама и некогаш се запрашувам дали и во други околности би била со тебе. Убави се моменталните околности, ама ми се нереални, како да нема да траат. А се плашам од промени. Се плашам од себе. Посебно сега кога имам личност како тебе до себе, се плашам да не те избркам од мене. Знам дека нема лесно да ме пуштиш, ама тежок карактер сум - посебно за твојата искрена и слободна природа.
Те сакам, што ми ги видам тие очиња одма будиш насмевка во мене . Но оваа ноќнава смена ти ја мразам ... али како и да е утре ке ти дојдам во кревет да те разбудам, те сакам !
Велат љубовта и омразата ги дели само една тенка линија.... а тапиов поглед во твојата недоречена порака ми го говори токму тоа... ТЕ МРАЗАМ... те мразам чинам на 1001 начин....и тоа не епски начини налик на оние на Шехерезада... те мразам на вистински, силен начин, начин кој ја разорува душава... Ех, те мразам зошто ми влезе под кожа, стана онаа најмрачната и најслатката тајна, најгорчливиот дел од моето битие... Те мразам затоа што само тие знаеш да донесе спокој во оваа душа која лута, но и да и дадеш доволно лудост и инспирација... Те мразам затоа што знам дека никогаш нема да те имам, но сепак итам кон тебе... Те мразам затоа што знам дека те имам онака поинаку, недефинирано, посебно, молчаливо, тајно.... но сепак те немам... Те мразам за секој твој премолчен збор знај... ох, чинам те мразам и за оние погрешните кажани зборови... затоа што не знаеш да кажеш : ми требаш, ми недостигаш, каде си... Те мразам затоа што немаш храброст, глас, ниту волја да го извикаш тоа што го чувствуваш, ако противречам да ме зграбиш, ако те нервирам да ме замолчиш со бакнеж... не , тоа не го можеш ти.... ти кој се однесуваш како една исплашена срна... Те мразам поради твоето молчаливо откажување од мене, поради кумувањето на мојата среќа со некој друг, поради недостатокот на љубомора, поради непостоечката желба да бидам твоја... Те мразам токму поради тоа што ти ги будиш овие чувства во мене...поради љубомората која ја посеваш, поради отсуството кое го долеваш... Те мразам зошто дозволуваш други раце да ме допираат, да ме разоруваат секаде каде што ти можеш да бакнуваш, да ме убиваат, онаму каде ти што можеш да лекуваш... Те мразам зошто нема да бидеш главниот лик во мојот живот, нема да ми го дадеш презимето, ниту да ми „платиш“ за тоа што ми ја уби душава, ми ја распарчи среќата... Те мразам за се што си доживеал веќе без мене и ми го одземаш бесправно, откорнувајќи ја можноста за среќа од душава... Те мразам поради сите овие солзи, поради сите овие мигови во кои проклето недостигаш.... Те мразам поради тоа што нема никогаш да смеам да извикам на цел глас:„ тој беше љубовта на мојот живот, оној за кој бев подготвена да сторам се“.... а таа тишина ме убива... е затоа те мразам најмногу знај!!! И секако те мразам затоа што знам и сама колку сум јака, а ме направи скршен мозаик во твоите раце, кој никако да ги собери своите делови и да продолжи напред.. оглувена од тишината на оваа љубов и вресокот на омразата во мене, чинам немоќна сум пред себе...
Ми откинуваш дел од душава секој пат кога ќе се насмееш.. онака како што знаеш само ти, онака како што можеш само ти... онака како што се смееше само за мене..
И не, не мислам на патувањето кое ми претстои..зарем тоа може да се спореди со емотивното патување кое го минувам со тебе секој ден? Зарем ќе видам вода поголема од солзите кои ги пролеав за тебе, или пак сонце посилно од нашите насмевки кога сме еден до друг? Зарем ќе најдам цвет помиризлив од трагот кој го оставаш на мене или пак манастир во кој ќе можам молкум да ја кажам својата љубов и да бидам разбрана и да ми биде простено? Затоа и само немо гледам во куферот,во овој истиот кој не може да ме доведе кај тебе... а зарем куфер ми треба за да бидам твоја, за да бидеш мој??? А зарем во ваков куфер може да ги спакувам сите чувства за тебе, желбата да бидеш моја љубов – мое се, па да го фрлам некаде??? И зарем патувањата по губењето на сродната душа имаа убавина? Имаат ли убавина кога се гледаат со половина срце, со половина, душа... додека онаа другата недостасува? И зарем времето не можеше да застане токму тогаш, мигот кога бев во твојата прегратка, кога силно го вдишав твојот мирисот од твоите усни, како што ќе застане на сликите од ова патување? Зарем нема апарат кој би го овековечил мигот кога јас умрев на твоите дланки, па да се спореди со миговите со насмевки кои ќе ги овековечам јас деновиве? И знам, нема билет кој ќе ме доведе до тебе сега, нема резервација за твојата прегратка, ниту авион кој ќе слета во твојот сон, ниту all inclusive за твојата љубов и твојот живот...затоа знам дека овој билет, ова патување нема да ја стишат тишината на мојата душа, нема да го искорнат недостигањето, нема да ги убијат мечтите, ниту да ги изгубат оние малкуте наши спомени....а сакав да ти бидам се...време после невреме... лулка на твојот брод.... немир во твојот мир... но закаснив на тоа патување, нели...затоа сите други патувања се како бркање на закаснет воз, кој оди во грешна насока
Нели гледаш дека те сакам? Нели го приметуваш тоа ? Дај сврти се и погледни во мене види ги моите очи кои се полни со љубов за тебе