Со секој твој потег покажуваш дека не згрешив што пробав со тебе,напротив МНОГУ ДОБИВ. Добив внимание,среќа,доверба и ЉУБОВ,ВО ОГРОМНИ КОЛИЧИНИ! Со секој изминат ден се појасно ми е дека ти си роден за мене. Те сакам,премногу те сакам,а најубавиот дел е што и ти мене. Се чуствувам најубаво на свет,поубаво не ми било,мило ми е што те сретнав,мило ми е што постоиш и што си различен од сите претходни идиоти. Ќе те чувам тебе затоа што вредиш,ветувам. Заслужуваш да те чувам затоа што ти мене ме чуваш како кралица.
Ми недостигаат моментите кога се гушкавме со саати заедно и ги слушавме нашите омилени песни,знаеш љубов една јас што ти посветував на тебе ,па една ти што ми посветуваш на мене Ахх ти ветувам дека оваа ќе биде првото нешто што ке го правиме кога ќе бидеме заедно,да уживаме !!! Еве ја мојата омилена посветена за тебе http://www.youtube.com/watch?v=LPiDMhlz82I
Те сакам многу и ми недостигаш сакам часовникот да оди побрзо за да те видам но кога сум со тебе да го запрам часовникот не сакам да дојде утре пффф тешко ќе ми биде да се раздрлам од тебе и кој че чека пеколни 5 месеци за пак да дојдеш
Ми недостасуваш. Ми недостасува твојата хумористичност воедно и шармантност.Ми недостасуваат тие неколку разменети погледи.Ми недостасува,иако е само пријателство,пријателството со тебе.
Кога веќе си решил да заминеш те молам не се предомислувај... Не враќај се назад...така само повеќе ќе ме повредиш..
Во последно време не чувствувам толку блиски, но сепак толку далечни. Ми треба време само за нас, без обврски, без стресови... Да те бакнувам со часови, да се припијам на твоите гради, да го слушам твоето срце како чука и да лежиме без збор да кажеме, да си ги наполнам батериите, барем малку да се заситам од тебе.
зошто го напрај тоа зоштоооооооооооооооооооооооооооо каде е моето срце сега скршено е на милион парчиња каде ее мојата душа отруена е неможам ни чекор да направам во град све ме потсеќа на нас спомените ќе ме убијат неможам ни песна да слушнам секоја ме потсеќа на нас,го молам господ да ме однесе далеку од тука за да преживеам
Сакам да кажам... Денес кога те видов и ни се сретнаа погледите после тој ден, се почувствував.................чудно. Да, чудно. Те почувствував толку далеку а во очите го видов истиот сјај. Не кажав никому зошто мислам дека ако го изговорам тоа гласно ке потоне, ке пропадне. Нема да биде тоа тоа. Сакам да си го чувам длабоко во себе тој момент. Толку ме болеше тој твој поглед што мислам дека ми се распара срцето. Го најдов доле на асвалтот. Исецкано на ситни парчиња. Ги собрав, но залудно. Повеќето тргнаа по тебе мислејќи ќе те стигнат. Човеку мој ми фалиш. Ми фалиш. Ми фалиш. Зошто е се толку сурово? Зошто е се толку комплицирано? Сакам да ти се јавам и да ти кажам дека те сакам најмногу на цел свет и дека ми фалиш како...........како............. всушност не можам тоа да го споредам со ништо. Денес посакав да застанеш со колата, да излезеш, и да дојдеш да ме гушнеш како претходно. Кога те видов со насмевка, ме скрши. Се распаднав. Не можев да ти возвратам. Останав вкочанета и почнав да се тресам. Ме полазаа морници. А баш мислев дека се навикнав на твоето отсуство. И животот ми вика "Еве ти го на улица, излези! Баш да видиш дека не се навикна. Залудно се лажеш! Уште го сакаш!" И пак.. истата таа грутка во грлото ми стои, ме кочи во секој нов здив. Ме боли секој нов миг. Туку.. тебе ти прошета ли нешто во стомакот кога ме виде? Ти фалев ли барем на миг? Ти застана ли срцето кога се сретнав со твоите очи најубави? Се почувствува ли како да го гледаш твојот дел дека е откинат од тебе, дека стои беспомошно и чека да го стоплиш со 2-3 збора? Јас не знам веќе кои зборови да ги употребам.. како да истурам се' врз некој, врз нешто и да ми биде подобро. Сакам да врискам, да излезе се' од мене. Јави се, тоа ми треба повеќе од се на светов.
Знам дека не ме очекуваш на утакмица сега, ама ќе ти дојдаам Ти ја обожавам фацката коа ќе ме видиш на трибина неочекувајќи
Јас имам разбирање за тебе, ама ти ги преминуваш сите граници. Одиш на роденден на другар ти а со мене се немаш видено 8 дена. Денес деветти ден.
Зошто неможам да те заборавам?Зошто?Токму кога животот ми донесе нова љубов,нова авантура,кога за миг почувствував дека се заљубувам во другиот ми доаѓаш ти.Се појавуваш како баксуз да ми ја уништиш среќата.Долго време се мачам да те заборавам и токму кога ми се укажа таква среќа,ти не ми даваш тоа да продолжи.Ме погледна строго,но дали нешто почувствува кога ме виде?Ме виде и дека те следам каде одиш,но што да правам опсесија си ми,не е тоа до мене.Не сум јас крива што те сакам,а не си ни ти.Долго ги лечам раните од тебе,но со секоја средба се повеќе се отвараат.Барем за миг да ги имав твоите очи...
Тешко ми е што замина иако не поминавме многу време заедно само јас си знам како ми беше сабајле кога те испратив и моментално ги гледам сликите и кој ќе те чека 4 месеци тие 4 месеци за мене 4 години.. Пуста далечина...
Еден ден ќе те изгубам, чуствувам дека е се поблиску. Поради мене, не поради тебе. Јас сум грешникот кој свесно греши. Едно знам. Многу ќе се каам и ќе те сакам додека дишам.