Утре. Утре. Утре. Утре ќе обележевме 3 години љубов моја.. Го памтам секој детал како вчера да беше. Памтам како бев јас облечена, како беше ти. Го памтам секој наш разговор таа вечер. Ја памтам секоја твоја насмевка од таа вечер. Тогаш прв пат ги приметив тие твои дупки на образите. Тогаш прв пат бакнав некој. Прв пат осетив пеперутки и си викам "Што е сега ова?!" Не бев свесна што ми следи понатака. Прв си ми во се' знаеш? Не очекував дека ќе трае толку долго. Пред 3 години мислев дека ќе те откачам за една недела. Си викав "Sunshine дај напрај му го меракот, долго те замара. Една-две вечери доста му се. И пред да се заљуби во тебе, откачи го. Не си ти за љубов." Ах.. почна со еден бакнеж близу една гаража, а стигнавме толку далеку............ Толку многу имаме поминато заедно што мислам дека остави траен белег на мене за вечно да се сеќавам. Ама не за џабе рекле, надежта последна умира. Да, јас уште имам надеж теле. И потсвесно знам дека ќе се јавиш. Секогаш се јавуваш. Сакам и сега да се јавиш. Утре сакам да те гушнам силно во 21:30 исто како и тогаш. Ама сега 3 години позрели, 3 години посвесни за се' . Сакам да славиме заедно не 3, туку 30 години. Сакам да живеам со тебе, сакам да остарам со тебе, сакам да умрам со тебе. Не сакам друг човек до мене. Јас со друг човек не сум јас. Со тебе сум своја на своето. Со тебе сум јас, јас. Утре ненормално ќе ми фалиш. Те сакам повеќе од се' на светов ! Теленце мое најубаво
Да! Сакам да го поминам целиот живот со тебе, да се будам до тебе, заедно да појадуваме, да се смееме, да планираме , секој ден заедно да го поминуваме . . . многу ми требаш, можеби и времето не е многу долго како те знам , но ете чувствувам во мене дека ти си тој , дека ме разбираш во потполност , дека со тебе можам СЕ , Заедно сме многу посилни! ТЕ АМО
Изкрещи че ме искаш като луд, че не даваш да пипа никoй друг и до кръв ме целувай силно да боли ,да боли! Изкрещи че ме искаш - повтори и стената с длани удари... http://www.youtube.com/watch?v=iSVcltw1b_c
Убаво ли ти е кога си со некоја без чувства, само за задоволство? Без да се осетиш сакан? Убаво ти е? Со мене можеше да имаш се. Ама ти избра вака. Отапев јас веќе, почнаа чувствата кон тебе да умираат. За друг тешко дека ќе ги имам некогаш. А може уште е рано. За се треба време. Имаш ли претстава како ми е кога ќе ме прашаат за тебе? Како ли да им објаснам? Се осеќам како некој со нож да ми брка во срцево. Ме боли, ужасно ме боли. Ме обележа за цел живот, ме уништи. Задоволен ли си сега а?
Помисли ли некогаш на мене, ама онака искрено??? И се прашувам помислуваш ли на мене во миговите секогаш гордоста ја ставаш пред се? Помислуваш ли на мене некаде помеѓу редовите на твојот молк? Помислуваш ли на надежта со која гледав во иднината, со која те замислував по крај себе и на нејзината смрт ? Помисли ли дека листот кој ти трепереше в раце,дека само собира сила за да процвета во туѓите? Помисли ли дека не можејќи да се наситам од твоите усни, само сакав да ти покажам дека се заситив од се... од твоите промени на расположението, несигурните емоции, плашливите реакции? Помисли ли дека токму тие очи кои ги разиграа пеперутките во моето тело, од него направија ладен леш, секогаш кога ќе го свртеа погледот? Помисли ли дека насмевката која ме прикотви пред тебе, ја уби мојата, секогаш кога ќе се сокриеше зад твоите лаги? Помислуваш ли на мене длабоко во ноќта, кога туѓите раце ги составуваат деловите кои ти си ги скршил? Помисли ли дека токму твоите раце се оние кои го откорнаа срцево од градиве, затскриени зад нежните допири? Помисли ли некогаш на страста која ја посеа,а која ми ја пеплоса душата, изгасена во туѓите раце? Помисли ли некогаш на студот кој го чувствувам во туѓите постели, додека ти мирно спиеш во својата? Помисли ли дека крвта која истече од тоа откорнато срце го обележува секој чекор со кој заминувам од тебе, со кој бегам од твоите лаги? Помислуваш ли на мене некогаш како на некој со кој можеш да ги споделиш најинтимните стравови, да ги доживееш сокриените соништа? Помисли ли некогаш дека токму ти го имаш клучот од мојата иднина, од мојата среќа, од нашиот дом? Помисли ли некогаш дека не може да го задржиш оној кој упорно го бркаш од својот живот? Помисли ли на мене како на скитник кој пред вратата за заситил од толку одбивање и заминал? Помисли ли на пустошот кој го остави во градиве оваа преголема љубов, на тоа дека повеќе ништо нема да биде исто??? И на крај помисли ли некогаш искрено да ме сопреш на патот кој ме води во туѓите раце, некаде далеку од тебе?
Ти да не забораваш бе дека ми си БИВШИ човеку ??? ЗНаеш ли што значи тоа ? Б - И - В - Ш , ајде спелуваново ако не ти е јасно да ти објаснам На кратко бидејќи си глуп како куртон . Некогаш сме биле се, сега сме ништо. Некогаш ми беше моја душа, мое срце, мое се, мое плишано мече, мојот идеален маж, најидеалниот на светов. ( Ни малку не беше идеален ти ама јас те направив со тоа што те сакав.... како никого до сега ) Знаеш како викаат ; не барај совршен, најди несовршен и направи го совршен со својата љубов И што бе? Штооооооооооооооо?????????????? Касно ти е, зошто ме молиш? Што сакаш да постигнеш? Остави ме на мира да дишам, остави ме веќе неможам да те поднесам неможам да те гледам како ме гледаш, што и да ти речам джабе е имаш намислено нешто и ќе си тераш по тоа ти пак, како и секогаш Ама не те сакам веќе..... Ех глупаку еден..... Што се можевме до сега .....
Би ти кажала многу работи.. ама ете сега неможе Знам дека ќе ме ислушаш, знам дека ќе ме разбереш али не сум во можност да се отворам, а тешко ми е вака си собирам и оддамна си викам дека ќе пукнам некој ден, трпениево во минус ми е отидено
Убаво се разделивме јас и ти. Најубаво на цел свет. Како дечиња што мора одделно да почнат да живеат. Се насмевна и во челцето ме баци на разделување, а јас те лупна со раката во градите Те лупнва со насолзени очи и горко се насмеав :Шо се смееш бе цреп - лесно ти е тебе! - ти ми рече. Се смеев се смеев најспокојно на цел свет се смеев за да не изустам „Те сакам“ се смеев што најдов сила да не ти оставам тежина - зошто ти истото немаше да имаш сила да ми го кажеш. Се насмеав зошто и сега знам дека само еден жали кога умира љубовта и тоа не мора да му се познава на фацата се смеев зошто треба да се има малце почит и спрема останат макар и непознат свет и спрема блиските се насмеав зошто знаев и се помирив дека ќе сум долго и долго несреќна се насмеав оти барем успеав со тебе да гризнам парченце од срцето пред да ми згние се насмеав веќе знаев оти само млазот од цревото во мртовечница ќе може твоите допири од моето тело да ги измие. Затоа се смеев... затоа се насмеав бе цреп!
Колку работи се случија за еден месец ... сега неможам да верувам дека сме стигнале до тука,а до вчера ја имавме најсилната љубов на свет. Срушивме се заради малку забава настрана. Ако мене ме прашуваш сега би посакала да можам да го вратам овој месец назад и да ги вратам работите како што беа ... Мислев дека ќе е лесно но,не е. Сепак се надевам дека она жарче што тлее меѓу нас нема да згасне и ќе успееме да го обновиме, и дека ќе биде подобро и од претходно. До тогаш чувај ми се,не дозволувај никоја друга да ти го украде срцето и да ме заборавиш мене. Само тоа немој ... Те сакам.