Темнина мил, некарактеристична за пролетта ме зафатила...а бев заљубена во неа децении пред да те запознам... Темнина мил накитена со тмурни утра, сиви облаци, насолзени очи и хроничен копнеж за тебе ме стигна... Темнина мил ја затемнила оваа детска душа, ги исполниле очиве со чинам црни солзи... Темнина мил ја обои и насмевката која се скрила зад усните кои помодреле од твоите бакнежи... Темнина мил започна да го обојува овој живот кој беше на работ да процвета... Темнина мил ме води во пеколот секој ден, додека сонувам за рај со тебе... Темнина мил затскриена во едно сурово „никогаш“ не ми дава мир чинам... Темнина мил го обоила и часовникот кога веќе сфативме дека времето не лекува вакви силни чувства... како ни тоа да не сака да биде убиец на нешто толку чисто, искрено и ретко... Темнина мил ја обојува навидум белата кожа длабоко во ноќта кога врискам за тебе... Темнина мил ја исполни и мојата утроба, која чиниш стана пустина желна за тебе... Темнина мил гледам само пред себе слушајќи за љубовта и за среќата, голтајќи го твоето име, сокриено во моите темни очи... Темнина мил ме обојува дури и кога сум во твоите раце... Темнина мил носи и твојот молк со кој ми ја гориш душата... Темнина мил како ноќ носи твојот поглед за мене, иако твоите очи како ѕвезди се обидуваат да испратат зрак светлина, зрак надеж... Темнина мил ме спречува да треперам од страст во твоите прегратки... Темнина мил носи секој бакнеж знај...зошто не се знае кој ќе е последен... кој го носи во себе она „збогум“ од кое се плашам... кој треба да го зачувам како последен животен здив... Темнина мил налик на тунел, на суров ќорсокак го полни моево срце... не им дава светлина на пеперутките кои летаат за тебе како првиот ден, како по првиот поглед... Темнина мил затскриена зад сибирско студенило полека но сигурно ме замрзнува далеку од тебе, далеку од себе... Темнина мил налик на смртта ќе го обележи животот по тебе... нема да има повеќе нити здив, ниту насмевка, ниту радост, во која како темна сенка нема да се појави твојот лик и проколнувањето „у пм зошто не си тука“...
Искрено...не сакам да те заборавам..! Ама и тоа што во последно време не мислам толку на тебе а и не те спомнувам многу...ми годи. А што ќе биди ако продолжат работите да се движат во овој правец ??
Што сакаш сеуште од мене дота ме бараш свати готово јас и ти веќе непостоиме оставиме да го живеам својот живот и избриши го мојот број од твојата глава.
И што ако ја кладов на рипит нашата омилена песна таа шо ми буди најубај спомени со тебе дали ќе смени нешто?
Те немам видено два месеци... Се мислам, добро е тоа, или лошо? Ако не те гледам можеби ќе те заборавам, можеби.. целата надеж е собрана во „можеби“.
Ни си вредел, ни вредиш, ни ќе вредиш! Попусто сум се надевала на тебе. Нека ти е среќно биди среќен со неа, мене нема да ме има повеќе во твојот живот, заборави на се ако воопшто се сеќаваш на нешто. Не сакам ништо од тебе, ниту едно здраво.. нема потреба да изиграваме „другари“ нема смисла. Ти ја имаш неа.. нема јас да бидам сеуште дел од твојот живот во никој поглед, ни како другарка ни како познаничка. Подобро е никогаш да не се среќаваме, да не збораме.. Ви пожелувам да ви е долга врската иако се сомневам дека ќе биди така.. Немој ако те остави или ако се случи нешто помеѓу вас да ме побараш, немој.. не постојам јас веќе, не се познаваме. Меѓу нас постојат огромни разлики. Ти никогаш нема да ми дадеш љубов онаква каква што заслужувам.. - само за мене. Ти никогаш нема да заслужиш да те сакам, никогаш нема да ми бидеш достоен, тоа уште од почетокот беше јасно но ете. Иако душата и срцето ми плачат еве од очиве не навираат солзи, изгледа и тие знаат дека не вреди.. не вреди да потечат за некој како тебе. Тука те оставам.. ова е последното нешто што ќе го напишам за тебе во мојот живот. Збогум, те заборавам!
Од животот научив дека најскапо ги плаќаме ефтините луѓе.... а денес токму нивната ефтина дефениција на љубов и сордна душа ме тера на
Како да откорнам дел од себе и да се збогувам, да те пуштам да заминеш. Од каде сила да најдам за да ги кажам тие зборови? А морам. Тоа е единсвеното решение. Судено е да сме разделени а да се сакаме, судено е да живееме празни животи... засекогаш.
Од искачање со мокра коса нема аир,мали. Неееееемој да ми водиш инат,оди да се одмориш,ќе збориме покасно.Е,да,мило ми е што те насмеав.Побрзо оздрави ми.
Се радувам, ми течат солзи, тешко е што не сме заедно, но во моментов сум радосна... Ова е доказ колку нашата љубов е чиста, посебна, непобедлива, силна, вистинска. Каде и да сме, што и да правиме на секој 15-ти во месецот во 00:00 само јас и ти знаеме како се чувствуваме, колку сме горди на нас! Мило, јас сум сигурна дека никој вака не љубел! Ова е лудо! Во ништо не сум сугурна толку, колку во нашата љубов. Денеска во глава ми поминаа моменти од сите наши патувања, вечери, седенки. Се смешкав сама со себе. Не чекаат уште многу заеднички авантури, слатки треперења, уживања на плажи...сигурна сум! Не чека нашата клупа Те сакам сонце! Ти си ТОЈ!
Заедно сме 52.834.107 секунди Те сакам многу , секое сабајле вака да ме будиш http://www.youtube.com/watch?v=Y4NGoS330HE