Денес знам дека секогаш ќе мислам на тебе дека некогаш некаде се останува така едноставно се останува во минатото си даваш дел мислиш ќе се врати. Нема. Денес знам дека се што поделивме ќе остане и се што не поделивме ќе остане. Дека и во тмурни,и оние други денови,ќе мислам на тебе. И времето ќе ме избледи, и ќе ме истроши но никогаш до крај. И токму тоа ќе те боли. Дека полесно ти е без мене дека полесно ми е без тебе. Но од внатре те крши а мене разнесува.Како ветерот,како морски бранови. Во огледалото си го гледам ликот. Веќе ме нема,како некогаш. Гледам умор,кој никогаш не ме напушта. И денес знам дека треба конечно да го вдомам. Не планира да си замине.
Во последно време, не можам да се замислам да бидам со некого во врска. А тоа време, заедно со сите нешта што се случуваа и правеа тогаш, сега ми изгледаат толку далечни и непознати. Последица од ова е моменталното чувство. Од друга страна, тука си ти, моето чувство и таа ситна, најситна надеж дека ти би бил исклучокот.. иако веројатноста да бидеме заедно е мноогу мала. А и да би биле, некогаш, би имале многу проблеми, зашто различни сме. Ама сепак, ми изгледа дека со тебе би било она точното, совршеното. Она што сум го чекала толку долго. И дека тоа би било познато, блиско и топло, спокојно. Како во тебе да сум го нашла својот Дом. А тоа ми е омиленото чувство.
Знам некогаш се збира негативна енергија и мора некаде да ја исфрлиш, а најлесно е тоа да го направиш на најблиските...
Има толку многу работи што сакам да ти ги кажам. Што ме притискаат одвнатре и создаваат пукнатини на лагите кои си ги кажувам. Како да сакаат да кажат дека нема да помине оваа желба да се долепам до тебе, да се сокријам во твоите прегратки, да заспијам на твоите гради, А знам дека нема да помине. Сигурно знаеш и ти, ти си тој што ја познава душава моја најдобро. Па те прашувам, дали се сеќаваш на утринските бакнежи и мирисот на црно кафе, дали се сеќаваш на страста во моите очи, дали се сеќаваш на среќата која трепереше во мене, дали можеш да ме познаеш под маската на оваа старица која преживува од ден на ден. Се будиш ли навечер во полусон барајќи ме на другата страна од креветот? А толку многу имам да ти кажам... Spoiler Болиш. Празно е без тебе. Врати се да се насмее душава барем уште еднаш.
Би ти напишала песна, ама знам нема да ја слушнеш. Би ти напишала писмо, ама знам нема да го прочиташ. Би ти кажала „те сакам“, ама знам нема да поверуваш.
Ти си мојот сон, ме направи она што сум.Кога те држам за рака тоа за мене е нешто поприродно од отчукувањата на моето срце.Мислам на тебе постојано, дури и сега додека седам овде мислам на тебе, страшно ми недостигаш...
Ме излажа,ме предаде,ме издаде,ме понижи ми забоде нож во грбот,а зошто? зарем не се трудев доволно? зарем не дадов све од себе,зарем не простував,зарем не заборавав,зарем не поможвав, зарем го заслуживив јас ова? толку бедна душа немам видено на толку низок начин ме немаја понижено,зарем мораше ти во кој ја имав последната доверба,јас не те познавам тебе ти не си човекот што некогаш беше крај мене ,зарем јас не сум човек и неможам да имам проблеми со кој знаеше дека со мака се справувам зарем мојата душа не смее да биде тажна и да имам лош период зарем јас не сум човек? Заради тоа требаше да ме лажеш и правиш работи позади мојот грб?уште уста не отвараш,и немој немој те молам уморна сум од твоите лаги и бедни работи кои ги направи уморна сум нека ти служи на чест...
Душо,душо најмила,душо моја најубава.Те сакамммм те сакамммм премногу.Не можам воопшто да се замислам без тебе.Иако ме нервираш понекогаш,јас сепак те сакам,те сакам и не сакам да те изгубам душооо.Знам дека го знаеш ова и уживаш да ги слушнеш овие зборови,но те молам не се разгалувај премногу и однесувај се како маж.Не ти замерувам ништо,апсолутно ништо.Те сакам со целото мое срце и сакам да успеам со тебе. Најважно за мене душо е да бидеш ти среќен,не сакам да те разочарам,не сакам да те нервирам.Сакам да си задоволен и среќен со мене,во моја прегратка.Обожавам кога лежиш на моите гради и кога нежно те галам,иако сум "малечка'' ти сепак да се чувстуваш сигурно во моја прегратка.Тоа чувство кога вака ќе заспиеш на мене.Колку среќна личност ли сум тогаш? Посакувам засекогаш да останеме така,еден во друг,се додека смртта не не раздели,душо мојаа! Те сакам,те сакам,те сакам и ми недостигаш во моментов премногу премногу. Нема зборови кои ќе ги опишат моите чувства кон тебе.
Јас и ти сме си совршени и најсреќни заедно. Обожавам колку сите се чудат каков однос имаме, ама тоа сме ние, едноставно поразлични од било кој, опуштени, заљубени и сложни. Многу ме израдува што ти се свиѓа станот и едвај чекам следното доаѓање таму да спиеме. Совршенство мое си ти не ми те менувам за ништо јас тебе
И реков дека ќе се разделиме, кога тогаш, ништо не трае вечно.. а ти.. Ти ме притисна до себе со едната рака, а со другата ме погали по лицето, стоплувајќи ми ја душата, за прв пат, по толку долго време. Па рече, „Нашето, ќе трае вечно. Ако не вечно, барем додека не умрам јас. Слушни ме, јас не одам никаде, толку долго чекав за да те најдам, јас не одам никаде... Ништо нема да ме оддели од тебе, дури и кога ќе ме бркаш, дури и да не ме сакаш повеќе, јас не одам никаде, и од светот можам да се откажам, ама од тебе не можам. “ А сепак.. се откажа... замина...
Ја отворив темава зошто секогаш има нешто да му кажам, секогаш има нешто да напишам за него, да ми олесне. Сега нема. Еве веќе неколку минути гледам во белиот екран, празен. Сфатив, можеби веќе нема што да ти кажам. Можеби си минато. Уствари грешка... Минато си. Нема да напишам ништо повеќе за тебе, си ветувам. А јас кога си ветам нешто на самата себеси си го исполнувам. I'm over you. Не сакам да те видам, не. Се откажувам од тебе. Отварам ново поглавје, нов празен лист, се надевам ќе го испишам со среќа. Се грижев за тебе, мислев на тебе, можеби и се заљубив во тебе. Колку патетично изгледа сега сето тоа. Ќе продолжам, животот е пред мене. Ти губиш, јас добивам. Сите се среќни на овој начин. ЗБОГУМ...
Инспирација за хаику си ми Утрата ми се секогаш поубави штом ти ме будиш. Биди ми аларм а јас со задоволство ќе ти кликам снуз.