Што би му кажале...

Дискусија во 'Врски' започната од Lilit, 13 декември 2009.

  1. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.732
    Љубов моја! Сакам да ја опишам твојата убавина а немам доволно прекрасни и возвишени зборови за тоа, сакам да го опишам твојот совршен карактер а повторно не постојат такви убави зборови за тоа. Кога гледам во твоите сини очи, кога и ти погледнуваш во моите очи, се топам, лебдам, уживам! Кога ненадејно ќе го изговориш моето име нема посреќна личност од мене, сакам да те гледам кога ќе се задлабочиш во мисли, кога читаш нешто, кога сините очи ти блескаат од искрената насмевка. Само ти ми вредиш во животот и знам дека на тебе е посветен секој миг од мојот живот и секој здив кој го земам. Те сакам најмногу! :inlove: :l:
     
  2. Shpagetta

    Shpagetta Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2011
    Пораки:
    730
    Допаѓања:
    2.392
    Криво ми е сега. Заради тоа што знам дека ќе ме заборавиш. Ако веќе и не си го сторил тоа. Неможам ни да те прашам како си, ни да те прашам дали понекогаш мислиш на мене. Криво ми е и за тоа што времето ми изминува само во чекање. Прво чекање да дојде зима, сега чекање да дојде лето. Зошто знам, со летото идеш и ти. А кој знае што ми носи ова лето?

    Чувствувам како времето го губам напразно. И кога ќе се вратам наназад, криво ми е што не сум го искористила попаметно, туку мислејќи на тебе и броејќи ги месеците и деновите до твоето повторно доаѓање во земјава. Криво ми е и за тоа што можеби и јас ќе те заборавам. Веќе почнав како низ магла да се сеќавам на твојот лик.

    Ама не престанав да те сакам... Напротив. Иако пред никој не го покажувам тоа, со секој ден се` повеќе те сакам. Сеуште палам свеќа за тебе и се молам на Бог да те врати, бидејќи јас самата неможам.
     
    На Dog-lover му/ѝ се допаѓа ова.
  3. SweetChild

    SweetChild Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    2.987
    Пол:
    Женски
    Ела,да си ја слушаме Nightfall заедно.
     
  4. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Mrs.Carter

    Mrs.Carter Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2014
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    111
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    :lol: те сакаааааааааааааааам
     
  6. kolumnistot

    kolumnistot Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2012
    Пораки:
    2.021
    Допаѓања:
    14.425
    Пол:
    Женски
    И викаш да земам камшик, а?


    Ах, зарем има камшик кој ќе боли повеќе од ова распарчено срце во мене... кое само пумпа крв мил, а не живот... животот го однесе ти со себе од него...
    Ах, зарем има камшик кој ќе боли повеќе од украдените бакнежи... од кои се напивам како Бедуин од оаза... свесна за животната пустина која треба да ја минам без нив...
    Ах, зарем има камшик кој повеќе гори од потребата за тебе во мојата утроба... која ме гори секоја вечер... која ме пеплосува... која како плевел се подлабоки корени пушта....
    Ах, зарем има пострашен камшик од оној сокриен во погледот твој... преплашен од можноста да остане во животот со мене... соочен со оној мојот каде ти царуваш... каде играш молкум со сите мои животни карти...
    Ах, зарем има посуров камшик од овој на судбината... кој не сопи, па без крик не дели на две... да се бараме секој ден одново во другите, и никогаш да не се најдеме...
    Ах, има ли посилен камшик од овој разум кој го дели нашиот пат на два...кој мислам ќе не убие еден без друг... ама кој знае....
    Ах, зарем има поцрн камшик од ноќите во кои црвите го јадат моето тело, додека го вшмукувам и последниот твој траг на усниве, а ти ја топлиш туѓата постела...
    Ах, зарем има камшик кој ќе остави повеќе траг на мојата кожа од твоите прсти... од недоиграниот танц со нив...
    Ах, зарем има поостар камшик од „неслученото“ кое како на девица ми ја распарува душата, па секоја вечер пушта по неколку капки крв на постелава...
    Ах, зарем има посилен камшик од погледот твој, кој го натера срцево да ја изгуби својата невиност.. да го отстрани појасот со кој се штитеше години...да ти ја покаже целата своја ранливост, целата своја детска нежност да ти ја стави на дланка...
    Ах, зарем има камшик кој ќе ме изгори повеќе од предадената борба... кој ќе замавнува посилно од секирата со која ја кршиме нашата љубов.... од мечот со кој ја сечиме надежта, тајното задоволство...можноста за среќа...
    Ах, зарем има камшик кој замавнува почесто од миговите на вечно отсуство... од миговите на борба со желбата да оставам се и да заминам.... но каде, со кој.... за тебе таа варијанта е погребана...нели?
    Ах, зарем има камшик поболен од сознанието дека сакаш да ме нема... да не нема нас... да го нема сето ова... не мил нема... а токму со тој камшик ме скрши ти денес....
    Ах, зарем има камшик кој е подолг о поболен од животот кој иди, а во кој се предадовме без борба... па зарем среќата не е единственото нешто кое е вредно???
     
    На LadyInTheDark му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Fridas

    Fridas Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    205
    Понекогаш,
    во ноќи тивки и празни како оваа,
    кога тишината е толку гласна што дури го надвикува оној мој внатрешен глас,
    кој вришти константно.
    Склопувам очи и претурам низ спомените обидувајќи се да те најдам некаде каде сеуште
    не избледел мирисот твој.
    Вдушувам длабоко и пробувам да си ги слушнам мислите.
    Молк.
    Ме нема, само зборови твои, нафрлани, растурени, ветени, празни, јалови...

    Понекогаш,
    после полноќ,
    посакувам да тропнам на вратата твоја, да ги видам поспаните очи твои,
    да речеш : „што е мало, пак не можеш да спиеш“
    да речам: „извини, пак те разбудив...“
    да ме прекинеш на сред збор.
    да се склопчам во телото твое веќе заагреано,
    да го скријам лицево во тебе,
    да ти го слушам срцето како ти чука,
    да си ја смирам душата...


    Се будиш ли навечер во полусон барајќи ме на другата страна од креветот?
     
    На Marge и mime87 им се допаѓа ова.
  8. rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr

    rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    968
    Допаѓања:
    4.036
    Пол:
    Женски
    Ме правиш среќна.
    Многу.
    Никогаш нема да те сметам во мојот живот за грешка, ти си нешто најубаво што ми се има случено. Те сакам, немој да го заборавиш тоа. :l:
     
  9. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.951
    Пол:
    Женски
    Зарем не ти недостигам?ти помина уште еден ден без мене знам дека не е ни важно повеќе, помина уште еден ден без нас,да деновите ќе си поминуваат ;(
     
  10. Marjan007

    Marjan007 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    3.926
  11. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    Барем храброст да имав да ти кажам дека ми фалиш..
     
    На thelittle17 и crazylady им се допаѓа ова.
  12. axl-babe

    axl-babe Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    450
    Допаѓања:
    577
    Некој нема храброст да му каже на љубениот 'те сакам', а јас немам можност.
     
  13. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    ..Ти си нajубaвaтa пролет коja што ja доживувaм..
    ..Нajубaвиот пролетен свеж мирис што го мирисaм..
     
  14. Christina.A

    Christina.A Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    552
    Допаѓања:
    354
    На момент мислам дека е лесно без тебе,но веднаш сваќам дека не е ... :|
     
    На Sanjichka007 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. bubac

    bubac Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    884
    Допаѓања:
    1.867
    Пол:
    Женски
    Со здравје да си ја возиш новата кола. :devil:
    Си ја купил мојата омилена, со некој цел или .... ?????

    Те видов прееска, се разминавме, ти нормално ќоро петле не ме виде,
    си го крена носот демек као нова кола имам сега.
     
  16. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.165
    Допаѓања:
    177.114
    Пол:
    Женски
    Сакаш да си играме?
    Сега ќе видиш како знам да си играм јас! :devil:
     
  17. jovana03

    jovana03 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2013
    Пораки:
    1.780
    Допаѓања:
    6.710
    Пол:
    Женски
    Лажго.
     
  18. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    6.310
    Допаѓања:
    92.134
    Пол:
    Женски
    Само на добро нека е оваа радост и нека сите планови ни се исполнат,а и верувам во тоа затоа што ние сме луѓе кои се задоволуваме со мали нешта така да и овојпат ќе биде се во ред ќе видиш :*
     
  19. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.368
    Допаѓања:
    2.475
    Пол:
    Женски
    Идиот еден. Те мразам колку ми газиш по ганглии понекад! :envy:
     
  20. homealone

    homealone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    1.286
    Допаѓања:
    361
    Пол:
    Женски
    Moite noki se burni,nemirni i tazni.
    Te baram a ne te gledam,mi trebas a te nemam.
    Se prasuvam: Zosto bog ne spoil koga vaka ne razdeli??????
     
    На Sanjichka007 му/ѝ се допаѓа ова.