Најтешко ми е кога за беља ќе слушнам песна која од збор до збор нас не опишува. Тогаш ги заборавам сите причини зашто би требало да те мразам и ми доаѓа да плачам, да врискам... Сакам да ти се јавам, барем гласот да ти го слушнам...
Ти се верува? Мене сеуште не... Цел ден во мене имаше некое непознато претчувство. Завчера пред да ја сретнам сестра ти, помислив на тоа како ја среќавам и тоа баш со малата глувчица. И после неполна минута истото се случи. Така и прееска пред да излезам од дома се прснав со мојот омилен спреј, мислејќи во себе дека можеби ќе те сретнам, па убаво да мирисам... чекорев по патеката каде што знаевме јас и ти да прошетаме, држејќи се за рака, замислувава како чекориш до мене и бум... ти пред мене со другари! Чудо, не се збунив, сега дури кога го враќам филмот, дури и прилично искулирана бев и покрај тоа што емоциите ме надвладеаа, па некриејќи веднаш ти кажав што мислам, дека си убав! Како да бев подготвена за таа случајна средба. Се бацивме, ти ги допрев усните, беше нежно и искрено, баш како што сонував. Се смешкав цел пат потоа, бев како тинејџерка што си го видела симпатијата во ходник на училиште. И очекував да ми пишеш впечаток од средбата.. знаеш како и секоја девојка подоцна малку се изнервирав што мораше баш во такво спортско, не многу средено издание да ме видиш после толку време, ама си ме видел во секакво, па... Да, тоа сум само јас! Истата јас, ништо на и во мене не е сменето! Мило ми е што те сретнав. Колку и да бев подготвена, она што најгласно одекнува во мене, остана само во мене: Те сакам премногу!
Љубов моја! Кога те гледам цел ден ми го разубавуваш. Се надевам дека и утре ќе те видам! Ти си единствената личност која ми е потребна за да бидам среќна! Ми требаш како воздух. Ми требаш незимерно многу! Те сакам најмногу!
Посебен круг во пеколот за управникот што ти наложил да си ги избричиш мустаќите Си останав сега сирота без најубавиот ми фетиш :'(
Леле како мии иде да ти ја треснам една по тоа тиквата зелена.. УУУУФФФФФ !!!! Ќе цупнеш пак кај мене у петок.. ама ај. Само ти си у право, самооо ти и никој друг.
Еве, до прееска те зборев. Те зборев колку не сакам ни да те видам, колку ме имаш разочарано и повредено. Дека не си истиот човек во моиве очи. Дека не ме ни интересира каде си, со кој си, што правиш. Дека ми се гади од тоа колку ме исполажа... Но реално, се би дала да ти го чујам гласот. Се би дала да знам дека и јас тебе ти фалам исто колку што и ти мене ми фалиш.. Пуста гордост, од неа патиме веќе многу долго време ние.. Лошо е кога секоја ноќ си легнувам со надеж дека и ти ме мислиш.. Добра ти ноќ.
Љубов моја! Ти си личноста во чии прегратки сакам да заспивам и да се будам. Ти си личноста за која би направила се. Ти си мојата среќа. Ти си мојата светлина. Твоите сини очи греат посилно и потопло од сонцето. Те сакам најмногу!
Го знаеш она чувство кога качуваш висока температура? Е! Со такво чувство се борам денес. Имав толку многу да ти кажам ама немав сила за да пронајдам вистински зборови. Не завршивме добро, но се надевам дека оваа пролетна разделба не е крај и носи поубав почеток за двајцата.
Толку сум цврста и силна што чувствувам дека можеме да ги промениме улогите. Ти си емотивецот.Јас ги балансирам нештата за да имаат приближна тежина.
И да ме прашаа во што се заљубив во тебе... сигурно ќе кажев во тие твои ПРСТИ... Во тие нежни прсти кои за миг го привлекоа моето внимание... Во тие прсти за чија нежност не помислував колку болка сокрила... Во тие прсти кои од првиот миг замислував како би играле по мојата кожа... Во тие прсти кои започнаа да управуваат со мене како со марионетка... Во тие прсти кои сакав да станат мојата судбина... моето добро утро...мојата добра ноќ... Во тие прсти кои за миг се претворија во најболните сечила... Во тие прсти кои успеваат да допрат до срцево чиниш... Во тие прсти од кои ми крвави кожава... Во тие прсти на кои умре половина моја душа... Во тие прсти кои ги напишаа сите зборови кои ме убија, го убија моето его, ме распарчија... Во тие прсти кои не ме составија како скршено огледало, како твоето задоцнето „второ јас“, како твој предоцна најден добитен лоз... Во тие прсти кои никогаш нема да ги милуваат моите старечки брчки, кои се јавиле по секоја насмевка за тебе... Во тие прсти кои никогаш не ја стегаа доволно силно... доволно искрено...доволно вистински...доволно добро за да го пренесат ритамот на срцето... Во тие прсти кои наместо да ги бришат моите солзи, ги бришеа моите пораки... Во тие прсти кои никогаш не ми рекоа: моја си.... Во тие прсти кои никогаш не се испреплетија со моите... Во тие прсти кои никогаш не ме поведоа со себе...кои го фрлија клучот од среќата... Во тие прсти кои успеаа да дозволат да се слизнам низ нив... Во тие прсти кои без размислување ми дадоа карта во еден правец...
Зборовите се опасно оружје. Најчесто наш најголем непријател. :geek: уат гоус араунд камс араунд, јеа јеа бејбеее
Те сакам...многу ми недостигаш...врати се повторно и не ме оставај за лесни за бидеме за прв пат најсреќни и заедно бидејќи неможам без тебе...