Љубов моја, сонце мое, најмил еден! Знаеш дека понудата вечер ќе ја прифатиш. Знаеш дека она што ќе го понудат ќе биде добро и за мене и за тебе. Знаеш дека сепак заедно ќе отидеме. Потребен си ми, и јас тебе Уште попотребен на ова малечково кое си расте во мене. Знаеш дека ќе бидеш најдобриот и најгрижливиот татко и сопруг на светот. Свесен си за сево ова, а се сомневаш во себеси. Don't you dare! Впрочем, ќе си видиш и сам за некое време дека ќе биде така О ти, бре, и на Антарктик ќе дојдам со тебе ако треба, разбери!
И уште од првиот ден мирисаше се на длабок мрак, на црнила, на смрт... Мислев мракот е секој миг кој го минуваме разделени... мислев црнила гледаме во туѓите раце... мислев умира само мојата гордост на твоите раце, мојата слабост кога сум без тебе, трепетот кога сум до тебе... но не било така... умре многу повеќе од тоа... Мислев другите се гробари на нашата среќа...но не гробарот се криел во тебе, мил... Токму ти со насмевка го ископа гробот во кој јас закопав многу... закопав речиси се свое за миг... Во тој гроб ги послав своите умрени детски сништа за постоење на вечна љубов... ја зкаопав и својата детска искреност, надежта која ме водеше секој ден, сништата кои ме топлеа навечер... Ненадејната смрт однесе се она во што верував, за што мислев ќе се борам... ја однесе и вербата во луѓето, вербата во искрените емоции, во кажаните зборови... Смртта ја изеде и онаа старата јас, онаа која и пркосеше на сите, која се трудеше секогаш да биде во право.. умре онаа аналитичарката, онаа која го следеше секој твој потег... умре растрепереното срце кое го чекаше секој твој поглед... А мислев поради оваа ненадејна смрт ќе кукам и колнам како мајка над своето прерано умрено чедо... мислев со писок ќе ги будам младите емоции кои чиниш чума ги покосила за миг... Но не... Наместо писок и плач над овој отворен гроб, денес како цвет дојде каење за секоја потрошена емоција..каењето кое како посмртна камбана во моите уши, како тресок на топ во моето тело, го фрли во гробот се она што некогаш сметав дека е важно... сега ниту писокот на гавраните не може да го растури овој гроб на каење, кој го ископа ти... Иронијата како последен почит ја фрлам над гробот, над моштите од она што некогаш мислев дека е љубов, додека како споменикот над гробов љубовен го ставам твоето „важно“ его, кое сама го изградив...
Љубов моја! Ти благодарам што постоиш, што те има, за да ми го разубавуваш денот. Твоите допири се тоа што ми треба за да бидам смирена. Твоите нежни и грижливи раце сакам вечно да ме допираат, така како денес. И да го чувствувам твојот здив на мене, и твоите прсти на моето лице, твојата рака на мојата. Не знаеш колку среќна ме направи денес. Сакам секој ден да биде како овој. Сакам вечно да го чувствувам твоето тело блиску до моето, да те слушам како го изговараш моето име. Сакам секој ден да ме допираш на ист начин како денес. Само ти ме спасуваш, ме оживуваш, ме усреќуваш! Те сакам најмногу!
Ти велам: Не бе немора, не се мачи да одиш толку пат за да сме само 2 саати и да се вратиш пак назад ... А да знаеш колку потајно сакам на тој значаен момент за мене да си до мене,да почуствувам дека си задоволен и горд што си со мене и заедно да уживаме во мојата среќа ... Да знам дека си среќен како ме гледаш додека го добивам онаа заслуженото, да ми го исполнуваш срцето и да правиш да се чуствувам сигурна ... Сакам да дојдеш сакаам
Колку сум среќна кога гледам дека синко е ист како тебе. му благодарам на Бога и го молам и тој да израсне во таков прекрасен маж каков што си ти. Да можам без престан би ве гледала како си нанате еден до друг во иста поза, како сега. Ама сакам да се ушушкам до вас и срцево да ми пее од убајни.
Сакам да си до мене, да ме гушнеш силно и да си заспијам до тебе. Миличко мое, едвај чекам да дојде утре. Те сакам
Ми треба да бидам со тебе барем еден викенд надвор од градов, на страна од луѓето, да бидам со тебе во тишина и да уживам. Да заспивам и да се будам покрај тебе, да ти покажам колку ми значиш. Сакам кога си среќен тоа ме прави и мене среќна, сакам кога причината за твојата насмевка сум јас. Понекогаш се прашувам со што заслужив да имам таков човек до мене, човек со огромно срце, полн со разбирање и љубов само за мене.. Те сакам
Да, тоа сум јас. Можеш бесконечно многу да ме сакаш, можеш до бесвест да ме мразиш. Да, тоа сум јас. Можам во облаци да те кренам, но само еден погрешен чекор, те пуштив на земја да паднеш. Да, тоа сум јас. Кога ме љубиш твоите чуства се во моите раце. Јас управувам со тебе. Зарем не приметуваш? Сакав да ме сакаш, ме сакаше, сакав да ме мразиш, ме мразеше. Зарем не приметуваш? Ти дадов се, а и се ти земав. Да, тоа сум јас. Кој ме повредува, ме губи, кој ме губи, се губи самиот себе. Да, тоа сум јас. Кога ќе ме повредиш, ме нема, кога ќе ме изгубиш, ме има. Мојот глас е околу тебе. моите очи те следат...несвесно ме има. А посакуваш да ме нема. Совеста те гризе, душата те стега од твоите пакосни лаги. Се прашуваш што стори, ја бараш вината во мене. А јас само можам да ти помогнам да ме мразиш. Сега друг ќе ме сака. Сега друг ќе држам за раце... Додека твоите држеа кој знае колку други и додека твојот глас го слушаа кој знае колку други. Додека во твоите лаги веруваа кој знае колку други...
Да не веруваш,години подоцна те среќавам ,јас деловна и успешна со иста харизма и шарм што тебе те привлекуваше,а ти уморен и истрошен од животот,осамен седиш спроти мене во кафичот и станувајќи полека ми велиш "Уште си истата филмска дама само со годините постара,се сеќаваш на мене?" - Погледнувајќи те во твоите црни очи кои некогаш ме заведуваа и не ми даваа мир и спокој,конечно после толку години да соберам храброст која требаше на времето да ја имам изговорив: "Не,сте се препознале почитуван". Бев среќна и знаев дека животот носи судбински бури без ветер и дожд,но јас продолжив со животот а ти уште си истиот,не си ме избришал од животот твој и после толку години.Ете тоа ти е судбина.
Многу си смотан бре, човек треба да ти каже што да направиш, инаку тебе никогаш нема да ти текне прв на тоа
Тркалото се врти! Спојлер Многу ми е антипатична поговоркава, ама премногу ми ја опишува ситуацијата.. ..епа се сврте бе сонце и сега како се чувствуваш кога знаеш дека од утре тебе ке ти се моткаат сите прашања низ глава, кои досега ми се моткаа мене? Уживаше нели? Епа сега јас сум на ред. Понекогаш просто уживам во своите мали ’злобни’ моменти. ..но само кога се заслужени.