Ти благодарам што ми го направи овој роденден најубав, ти благодарам за изненадувањето, кое што воопшто не го очекував. Што секогаш си тука да ми дадеш утешна прегратка. Ќе можам ли некогаш да ти се одолжам за тоа што ме правиш најсреќна жена на светот?
Ти благодарам што ме направи посилна од кога и да е, Ти благодарам за секој лош збор, за секоја лага кажана за мене, Ти благодарам што ми ги отвори очите да видам кој навистина си Ти, Ти благодарам што ме научи да знам да губам, да знам да љубам, да знам да победувам. НО ПРЕД СЕ ТИ БЛАГОДАРАМ ШТО ИСЧЕЗНА ОД МОЈОТ ЖИВОТ.
И додека е времево вакво врнежливо и тмурно се што посакувам е сега да бидам до тебе, да те гушнам, да лежам до тебе, да го слушам твоето дишење..
Проклето копнеам да се припијам до тебе, да те вдишам, да те милувам, гушкам, бакнувам ахххх вреди да го чекам тоа со тебе и 1000 години...душата копнее само по тебе мил мој
Ти си како еднонасочна улица човече Ти си како моето вино, црно вино, едно единствено, од една голтка да те изгорат градите, само од мирисот да се опиеш, да се наежиш, кога ќе пиеш да сакаш уште да пиеш Ти си ми како смирноф водка, со лимон, ме опиваш како опиум... Ми требаш........ Се ....
И тогаш кога ми се понашаш како ку*тон и тогаш те сакам, и тогаш кога ме вадиш од такт, и кога сум во ПМС... да да дури и тогаш... Јбг, неможам без тебе. Незнаеш колку ми е страв да не те изгубам, незнаеш. За прв пат во животов, со тебе, почнав да чувствувам, да не бидам ладна, ме смени... Се плашам од тоа што ќе станам ако тебе те нема. Ќе се вратам ли пак на старата јас ??? Ќе чувствувам ли тогаш нешто ? Ќе бидам ли среќна кога ќе бидам сама ? Можеби сум себична и мислам само на себе, ама нема потреба да се плашам за тебе зашто јас сум прилично сигурна дека нема да те оставам, никогаш! А ако ти престанеш да ме сакаш тоа ќе биде твој проблем, а моја болка... И сега разбираш зошто сум себична нели ?