Jас денес му кажав во очи, да не помислува уште еднаш да ме бара да се вратам хаха затоа што вака ми е многу поубавооо
А толку многу сакав да помине мирно, тивко. да си молчиш и да ме одминуваш, да не го будиш ѓаволот во мене. А ете, ти си остана пусти инат, инаетчија. Па се враќаш назад од време на време.. дали мислиш дека заборавив? дали мислиш дека избледе болкава? дали мислиш дека и овој пат неказнето ќе заминеш? се лажеш љубов. Штотуку го разбуди. Spoiler Fool me once shame on you, fool me twice shame on me!
Ќе те замолам да престанеш да ми се моткаш наоколу со твоите мали очи и густа брада,да престанеш да ми зборуваш милно,како да не поминаа толку месеци откога последно се видовме. Зар немаш срце? Епа јас имав,а кога веќе го распарчи,остави ме да го излечам како што треба. Не ми вели дека ти фалам,тоа веќе го знам. Не ми вели дека ни е судено заедно,тоа го чувствував уште на почетокот,ама ти одбра да ме премислиш. Не ми вели дека сеуште те сакам кога упорно се обидувам да те отстранам. Едноставно обиди се да не постоиш во мојот свет,барем уште малку,уште некој миг,додека заборавам што си ми значел...
Дојде да ме доубиеш нели? Не знаејќи дека посмртната тага е уште тука,... се шири низ душава... го труе телово... Црнината не ја опишува оваа тага која ја посеа во мене смртта на љубовта, на надежта... смрт чија црнина ги обои и белките во очиве, кои се радуваа секогаш кога те видат... И како по секој погреб и јас сакав да напишам нешто, да ти напишам нешто за крај, да пуштам една последна воздишка... за крај на сите краеви... воздишка која мислев ќе ја однесе целава црнина... Па си реков да ја употребам крвта како мастило, по оваа црна земја која го затрупа гробот на моето се, сакав со неа да ја изврискам болката која ми ги исполни градиве, која чинам во сонот ме загушува... но, ниту крв не остана... и таа ја послав во овој љубовен гроб пред мене... И како на секој свеж гроб и тука вриска болката, течат солзите...се, само не минуваат деновите...се, само не намалува болката во утробата во која те чував... се, само не се заборава фактот дека само тебе те љубев... те љубев во секој сив ден, во секој црн ден, па дури и во деновите кога немаше ни трага од тебе... те љубев и додека ја закопував таа потреба тука пред мене, додека ги закопував сите наши неродени деца, кои посакував да ги родам, во ова погрешно време,со ова погрешно тело... но како плод на оваа страшна љубов... И крвта е уште затруена од тоа колку те љубев, со секој дел од телово, во кое ти изградив дом, во кое израснуваше како изгубениот сијамски близнак, во кое посеа некои нови, чудни љубовни мириси... Ах, колку ги љубев тие мириси... колку те љубев тебе, пишувам над овој гроб, пишувам со солзи, со поглед, џанам уште тоа ми остана... Ти нем како гробар стоиш гордо до мене, како горд убиец на убавите недоживеани мигови..како облак кој ги скри сите зајдисонца зад кои ја закопа душава... Стоиш гордо, со поглед кој се кае што воопшто се сретнал со мојот, со поглед кој ита да ја фрли и последната лопата над овој гроб, кој ита да ги избрка штрковите од него, исплашен истите да не донесат нова надеж за мене, пролет за нас, лет со раширени крила, гнездо само за нас... И додека гледам во твојот поглед, трагајќи по солзите резервирани за нашиот љубоевн гроб, се прашувам : може ли да умре нешто толку силно, додека ние умираме еден пред друг, криејќи се во прегратките на кои не им припаѓа душата... п.с. И сам рече нели: штрковите не може да победат за превласт над дрвото на гробиштата...нивните бели крила не може да ја избришат гробната темнина... едностнавно не е тоа место за нова надеж, за пролет, за среќа....
Љубов моја! Денес ти пак ми го разубави денот. Во твоите сини очи го гледам моето спокојство, мојот живот, мојата среќа. Зборувајќи со тебе како денес насмавката се исцртува на моето лице. Ти си совршенство. Ти си мојот живот, ти ме спасуваш. Те сакам најмногу!
Иако знаеш да ми заиграш по нерви, на крај пак ми крадеш насмевки. Попатно и по некоја болка во стомачниве мускули Те сакам будалче мое!!
Би го погледнала во очи и би му кажа дека му благодарам што постои во мојот живот, дека неговата насмевка најмногу ми значит, дека ке се трудам неговото лице секогаш да го красит насмевка.. би му кажала благодарам што секое утро ми го разубавуват,што секој ден со него е посебен, што секоја негова прегратка прави да заминам во нашиот свет,таму каде што постоиме само јас и тој... Дека се губам секогаш кога ке го осетам неговиот мирис, дека обожавам кога ке бакнува посебно на врат... едноставно е би го погледнала во очи и би му кажала ТЕ САКАМ сега и засекогаш...ТИ ВЕТУВАМ!!!!!!!!!
Само се надевам дека си научил да сакаш, дека и ја даваш љубовта што и е потребна, што јас никогаш не ја добив од тебе. Ич не ми е убаво сега кога те видов после токлу време. Осеќам голем немир..ама тоа е, нема ни надеж веќе.
Толку блиску, а толку далеку ... Едно зборуваш,друго мислиш,трето правиш! И јас веќе незнам што да правам,каде да одам, и што да одлучам . . .
Многу си глупав да знаеш,се однесуваш како дете мало.Аман веќе ќе се опаметиш ли некогаш?Или јас само залудно си чекам и се нервирам додека времето си лета...
Би сакала да ти ги кажам тие три едноставни и мали збора, што имаат преголемо значење на секој. Но, дали тие збора ќе направат голема јама меѓу нас? Дали тие едноставни зборови ќе бидат претешки за тебе...? Затоа, оставам, времето ќе реши се, не смеам да претпоставувам, претпоставките некогаш предизвикуваат и слепило... тоа познато слепило на љубовта...
Ех една порака колку може да ми расипе расположение,нареден пат мисли пред да напишеш нешто Треба да постои причина за да има сомнеж а ти причина немаш во никој случај затоа воздржувај се на време ....
Еден ден јас ќе оздравам од тебе,и ќе стојам пред тебе со исправена со крената глава но не со скршено срце,да еден ден а до тогаш те молам немој не се појавувај немој...