Јас не научив да ги будам деновите без тебе. Јас научив да ја разбдам онаа другата во мене,која мора без тебе. И боли знаеш. Проста празнина во денот.
Нисто ли не ти значат годините поминати заедно сите прекрасни моменти ке дозволис ова да исчезне само заради една ситница или ти здосадив веке па барасе греска за да го прекинес фала ти јас само ова го заслузив
Љубов моја, каде си, со кого си изгорев од љубов, ме боли оваа одвоеност, сакам да те допрам, да те љубам
Реков дека нема повеќе да пишам овде за тебе.. Но овој пат пишувам само да изразам иронија. Знаев деак порано или подоцна пак ќе пробаш да направиш нешто да ме вратиш, дури и сега кога веќе имаш друга.. срам да ти е. Премногу ниско си паднал, не можам да поверувам... го достигна дното. Не една, илјада и една ноќ ќе ме бараш како што ме бараше оваа.. ама ти ги прокоцка сите шанси со мене. Жалам што ќе ти го речам ова ама те сакав,многу, ќе речам и тоа премногу.. а сега знаеш што... конечно почнав да те заборавам, да.. се појави еден друг.. мислам дека почна да ми ги буди истите чувства како и ти на почетокот, пред година и пол.. се сеќавам ко вчера да беше.. ќе сторам се за да бидам со него, а ти ќе останеш далеку во минатото. И тек ќе видиш допрва колку ќе те боли. Ако мило.. ако... тркалото се врти, епа ќе се сврти и за тебе ете дури сега гледам. Не ме преболи и нема никогаш да ме преболиш да знаеш.Зошто не сум како тие твоите за една вечер, зошто за тебе сум редок дијамант што само среќници го наоѓаат. И овој ќе знае да ме чува.. така како што ти никогаш не успеа. И знаеш што... сега ми стана јасно дека ова твојата нова девојка само ја користиш да ме повредиш и да ме натераш да се покаам, вечерва покажа дека воопшто не ти значела...жално.. И за неа и за тебе.. Збогум.. те заборавам!
Се можам да разберам ама да ми го заборавиш роденденот...ејј со кој памет.После толку време заедно ти забораваш на нешто толку важно.Сношти не се ни јави да ми честиташ ниту пак излезе да ме видиш.Филмот е пооважен,даа да.И јас ќе најдам поважни работи од тебе ако ти продолжиш вака!
истото би му го кажала и на мојов ...кретен ...ке ме бара некогаш кога ке му бидам најпотребна,но тогаш е тогаш ке бидам некаде далеку...кругчето се врти ама мил мој овој пат јас ке потпомогнам да се заврти посилно,па тек онда да видиме кој кого ке бара!
Ти зема дел од мене. Дел, за тебе, за да ти е подобро, за да си подобар. Зема мој дел, за да си ти посилен. Не, не е тоа начинот. Не можеш да се излечиш самиот себе си, убивајќи некој друг. Мој дел. Ќе престане да ти служи наскоро. Затоа што е мој, од мене створен, за мене кроен.
Душо моjа знаеш дека во мене има голем страв. Се плашам дека се она што го планираме, за се она што сонуваме, се она што посакуваме нема да се оствари, дека сите оние прекрасни денови, ноки и утра по кои копнееме ке останат запишани само како наши желби. Се плашам дека ке успеат да не разделат, дека нема да бидеме доволно силни да извоjуваме победа. Се плашам дека ке бидеме разделени, дека ке останеме само болно минато... Одалечени а наjблиску до душата. Ветив дека ке се борам за нас, дека ке дадам се од себе да jа победиме воjната. Те сакам душо моjа засекогаш
Љубов сакам да си до мене овие денови и само да те гушкам силно затоа што не ми се зборува знаеш ... Дајбоже бргу да ми поминат овие депресивни и нервозни денови Те сакам
Убаво ми е дур си лежиме да си се присеќаме на старите убави денови На сите згоди и незгоди, на сето она што сме го проживеале заедно Убаво ми е штом си до мене, се чуствувам заштитена, а најмногу од се - сакана! И покрај тоа што си изморен и не си дома прибран, пак имаш сила да шеташ со мене Па сега не сум јас крива што сум по цел ден дома.. Како и да е, те обожавам љубов моја!!!
Од нервоза и мака изедов огромно пакување карамели...и сега теби у инат постачу дебела. Си мислам дека сакам да те запознаам повторно и да не знам ништо за тебе. Да не ми тежат овие мисли насобрани после толку заеднички поминати работи. Некогаш бевме само ти и јас и возбуда и страст и уживање...
По стоти пат, посебен си и се двоиш од сите дефинитивно! Истовремено се чудам и како може да постоиш и ти се воодушевувам, тоа е и најголемата причина што толку те сакам.
Извини душо за денеска имав многу работа и немав време да те побарам ама ти ветувам дека нема друг пат да се повториии Бакнежи ти праќааммм Лека ноќ милоо !!
Го чекам денот кога ќе ми пишеш,па да можам целата вистина да ти ја плеснам в лице.Да видиш колку боли.
Еден ден како гром од ведро небо има да клекнам пред тебе и да ти кажам дека кога се гледам себеси во староста се гледам со тебе…гледам како ти ја држам збрчканата рака, ама уште си убава.Многу си убава.И ќе ти кажам тогаш дека сакам да бидеш мајката на моите деца,ти и ни една друга.Ќе ти кажам тогаш дека се останато во животот мој било само минлива фаза а ти си она вистинското.Па ќе почнеш да плачеш. Оти си лигушка, па низ загушен плач ќе речеш да ...
Би сакала да си тука до мене секој ден,секоја ноќ.Би сакала само тебе да те гледам кога ќе бидам стара,затоа што такво суштество као тебе,повторно не се раѓа. Те сакам љубов моја.
Хмм...Би му го кажала следново :Бебуш само да знаеш колку ми фалиш кога не си до мене ,секој изминат час без тебе е како цела една вечност,сакам да сме постојано заедно постојано да го минуваме времето заедно во нашите шеги и глупости Те сакам највишеее When I'm with you : I see what I want I kiss what I want I hug what I want I have what I want