Не беше во ред, те познав по гласот, иако ти го тврдеше спротивното Те сакам, Ме сакаш, друго ништо не е важно! Ќе го надминеме секој проблем заедно.. Ти ветувам!!
И не сум изненадена од тоа што ми го кажа: утре ќе се видиме,доаѓам ... е добро де што... Не се замарам а тешко ми е ... оваа не сум јас ,добро знаеш и ти дека оваа не личи на мене ...
Мајка ми почнала да чита една книга што ти ми ја подари. Ја видов вчера оставена на масата. Имаме многу книги, веројатно не знае од кого е. И веројатно не знае каква болка ми предизвикува. Физичка болка. Превртување во стомакот. Болка како после повраќање. Верував дека сум те заборавила. Верував дека сум те заменила. Верував дека она што (за првпат) го почувствував со тебе, сум го почувствувала и со некој друг. Но не, тоа беше мојот прв и мојот последен. И години поминаа, веќе три откако се запознавме, а скоро една ипол откако раскинавме, но не многу се сменило. Иако мислев дека се сменило. Верував дека се сменило. Ги чувам сите подароци кои си ми ги дал. Ги чувам нашите разговори, се` уште го имам твојот телефонски број. Можеби некој ќе помисли дека ги чувам со надеж дека еден ден ќе се смириме и ќе се потсетуваме низ смеа на нашите смотани пораки, но не е така. Ги чувам како потсетник на едно убаво минато време, што не значи дека би сакала да го вратам. Не значи, нели? А можеби тој некој е во право... Кога ќе размислам подобро, си велам, ако беше добро се` уште ќе траеше. Ако беше добро немаше да ги имаме сите тие проблеми и немаше да прекинеме. Па, претпоставувам не било. Претпоставувам ме чека нешто подобро. Но времето минува, партнерите се менуваат, а јас се` уште не сум нашла нешто ни приближно на тебе. Го знаеш она чувство кога бараш фустан за посебна прилика, па пробуваш во една продавница, фустанот е убав, и добро ти стои, но си убедена дека ќе најдеш подобар па продолжуваш да бараш, па пробуваш друг и трет и четврт... Знаете што се случува на крај? Секогаш се враќаш на првиот фустан. Ти беше мојот прв фустан. Но фустаните понекогаш се продаваат, зарем не?
згрешив и се трудам најдобро што знам ... иако помина толку време знам дека не си заборавил. еј човече ме тераш да се осеќам како што незнам јас така
Љубов моја! Сакам кога сум толку блиску до тебе како денес. Сакам кога тонам во твоите сини очи. Сакам кога твојот глас ме гали. Сакам кога го изговараш моето име. Сакам кога се смееш и кога ја гледам твојата бисерно бела насмевка. Сакам кога ненадејно ме погледнуваш а во мене секој дел од телото пее најубава песна. Ги сакам твоите руси коси. Ги сакам твоите раце, твоите прсти. Сакам вечно да си до мене, а кога сум до тебе времето да застане. Сакам ти да ме држиш во прегратка и да ги чувствувам твоите усни на мене. Сакам засекогаш да бидеме заедно, да не се одделиме никогаш, затоа што живеам само за моментите со тебе. Те сакам најмногу!
Кој би рекол? Кажими срце мое кој би рекол дека ние еден ден заедно ќе бидеме? Од другари .. сега што сме? Ама убаво ми е,многу сум среќна со тебе. Аххх.. те обожавам!
Те сакам срце мое, те молам издржи уште малку и имај разбирање за мене. Ќе успееме и ќе бидеме уште по среќни.
Те сакам ! Ете толку просто и едноставно. Не ме бива за изразување чувства, ама покрај овие два збора, кои се искрени и од срце, уште некој до нив би бил излишен, непотребен. Фала ти што ме трпиш овие години, знам колку комплицирана можем да бидам.
Знам дека сега си нервозен и не ти се прави ништо друго освен да останеш сам во соба, евентуално да пуштиш некое музиче и да размислуваш што понатака. Знам дека ако ти се јавам уште еднаш и ако те прашам што правиш ќе ме отераш у пички матер, ама не сум јас крива сакам да правам муабет со тебе Да ти биде полесно на душата. Сакам да те гушнам, да знаеш дека има некој покрај тебе што те поддржува и што не дозволува да западнеш во некое делумично разочарување. Смири се, не мисли негативно и се ќе се среди. Знам дека ќе успееш! Знам. Затоа сонце главата горе и продолжуваш понатака! Те гушкам најсилно!!
Јави ми се пак, сакам да те слушам кога се смееш па дури и кога едвај зборуваш поради отокот од забчето јави ми се пак сакам да те слушнам...