Душичке каде си??? Да не си тргнал за Мкд па не ми имаш кажано сакаш да ме изненадиш верувај ќе те задавам !!
не мислиш дека ја претера бе ајде доста ми е од твоите глупости и твојот 2ен живот...IZGUBISE GLUPAKU
Да си блиску до мене, да можам тивко, да се искрадам и без да те разбудам да си легнам до тебе, да се стуткам во твоите прегратки. Да ги слушаме какпите дожд кои силно удираат по прозорецот од твојата мала соба. Да ти кажам дека ти си причината за мојата насмевка Да ти кажам дека те сакам и дека никогаш нема да се откажам од нас. Да ти кажам дека ќе се борам со сите сили да успееме, да ги оствариме нашите соништа. Да ти покажам дека ти си човекот на мојот живот.
Сакам да те чујам,да те гуснам,да те бакнам сакам многу работи да ти правам ама тебе нигде те нема со денови копнеам по тебе ми фалис
Незнам дали сум на тебе лута, или сум лута на себеси што ти дозволив да направиш нешто што ме повредува...
Прв состанок,врел чај од лимон и чајник а ти кафе со необичен вкус кафуле со елементи од Париз. Ние. Втор, кино. Скопје. Ти си ми Пролет.
Ме направи најлошата особа! Са ким си такав си нели велат? Е па јас потвдувам Тешко следечијат! Ама па можи ова и привремено ќе трае А јас ??? Јас те спремив па готов во пакет, каков што сакав, таков. Џабе Ме научи- те научив - за што?
Сакам секоја ноќ до крајот на мојот живот да заспивам во твоите прегратки,да се будам до тебе и од твоите бакнежи.Јас твоја,ти мој ..
И наместо на нашиот љубовен тунел на крајот на крие светлина која ќе го осветли патот, криел темнина, темнина во облик на точка, која дојде како најцрна и најжешка лава од векови заспан вулкан... Конечно и извичникот со кој извикував по тебе доби точка... Конечно секое мое зошто, доби точка во без потреба за затоа... Конечно дојде точката, која како лоцен црно и горко кафе ги отвори моите заспани очи, очи кои сонуваа утре кое никогаш нема да дојде... Конечно тука во твоите прегратки ставив точка на срцево мое, точка врз аортата која забрзано пумпаше крв при секое спомнување на твоето име... конечно и таа сфати дека треба да пума крв за да бидам жива, а не да бидам жива за тебе... Конечно дојде точката која стави крај на бессоните ноќи, на болната потреба од твојата прегратка во глувите часови на ноќта, на болната потреба за воздухот вдишен од твојата уста... Конечно дојде точката, која како лотус го тргна товарот од мојот грб... Конечно стигна точката која стана потешка од гревот... Конечно стигна точката која ја спои мојата гордост и твојата тврдоглавост... Конечно дојде точката која ми покажа што всушност значи „вистинската љубов“... Конечно дојде точката, која го сопре мојот автомобил кој лудо иташе кон животната провалија... Конечно дојде точката која како вулкан ја зовре мојата крв, ја наполни со бес, каење, со проколнување... која ја избрка љубовта, која беше прегрешна и за деветтиот круг на пеколот... Конечно дојде точката која ја запре болката на мојата кожа од секој допир кој не беше твој... Конечно дојде точката која ја успокои утробава која иташе да ги добие сите деца кои ти ги проколнуваше во мислите... Конечно дојде точката која ги напукна розовите очила со кои те гледав... Конечно дојде точката која со своето црнило јасно ми покажа дека не е светол твојот чекор кон мене, дека не си ти тој кој би се борел за мене, за ова, за нас... Конечно дојде точката која ми покажа јасно како летно утро дека ти никогаш нема гордо да ме покажуваш како своја, да се радуваш што токму ти од сите ме имаш, да се плашиш ако ме изгубиш... Конечно дојде точката поголема од сите не дадени ветувања, од делот мој кој остана кај тебе, од сокриените бакнежи, од изнудените прегратки, од пропуштените шанси, од лажните сништа... Конечно дојде крајот на се и тогаш сфатив дека колку точка била голема љубовта твоја, моето нешто, кое јасно се покажа дека било едно големо НИШТО.... И токму оваа точка ја одзема цела моја инспирација, цела романса која твојот лик и овие чувства ја донесоа во моето перо... остана само темнината на ова НИШТО кое чиниш го смрзна моето срце како никогаш до сега, го зацрни како овааа точка на крајот, на крајот на оваа погрешна приказна...
Љубов моја! Кога сме толку блиску како денес, на сантиметри, кога ме гледаш со твоите сини очи-за тие минути и часови вреди да живеам. Кога сум со тебе сакам да запре времето, да запрат сите часовници. Да си одат сите и да не остават сами. Сакам со часови, со денови да ми зборуваш, твојот глас и твоите зборови се мелем за мојата душа, која копнее за тебе, плаче за тебе секој миг кога не си до мене. Сакам твоите руси коси да го галат моето лице, твојата рака да ја држи мојата, да ми кажеш дека си тука и дека никаде не одиш. Ни момент не ми се живее без тебе. И знај дека за тебе се ќе издржам, се ќе направам. Те сакам најмногу!
Се сеќавам на минатиот јуни, кога добив повик од тебе 5 минути пред да се качам во авион: Само сакав да ти кажам дека си растурила на последниот испит, имаш 10ка! Затоа сега без секирации шетај и уживај. Си реков, за добри вести веројатно нема лош тајминг, ама ти знаеш да го погодиш најдобриот. Ми требаше баш она што го добив од тебе синоќа. Разговор. После полноќ, јас и ти сами седнати под стреа на автобуската. А дождот ги разбркува сите љубопитни погледи. И додека се губиме низ сите животни филозофии и планови, јас престанувам да ги бројам минутите, а ти цигарите. Додека да се свестиме, поминале два часа. А тебе ти останала само празна кутија. Баш тоа ми беше потребно - утеха и храброст преку разговор. За потоа мирно да заспијам и со убаво мисли полни со надеж да се разбудам. Ми будиш инспирација и ми даваш мотивација. Заради тебе чекорам побрзо до целта.
Се изморив од игри...доста ми е од се. Сакам да си само мој, доста те делев со други, доста еее веќе ти си дете а јас дама дама која бара сериозност. Морам да те пуштам да одиш, морам да го најдам својот мир и да дадам шанса на друг, во спротивно ќе се сруши ѕидот кон тебе и ќе се заљубам а не сакам, не сакам повторно иста грешка да се повтори.