Вечерва да си легнеме заедно.Да те гушнам силноо.. силноо.. најсилноо,додека лежиш и си спиеш на мене.Душо не знаеш како се чувстувам во тој момент,кога нежно те галам,кога чувстуваш дека те сакам,кога душата и тебе ти е мирна.Обожавам кога спокојно ќе заспијам покрај тебе. Те сакам повеќе од се на светов.Ти си ми се!Биди секогаш покрај мене,бидејки ако те немам тебе,јас немам ништо!
Доволно беше,безброј пати си ветив и пак го прекршував ветувањето но веќе нема дефинитивно...обично не се откажувам никогаш,упорна сум ако сакам нешто Спојлер до хороскопскиот знак е веројатно ама сега е крај. Одлучив да бидам среќна без тебе и ќе бидам...морам...
Ти си мојата пролет, мојот колач од лимон. чај од цреша,приказна. Некоја нова,сонувана. Со тебе сум среќна. Со тебе крадам насмевки,дарувам радост. Ти си ми надеж. Нова. Сакам да верувам,верувам.
... на моменти знаеш да бидеш себичен и да мислиш само на себе ... почнав оваа да го чуствувам деновиве и не ми се допаѓа ич,верувам дека тоа е така заради твоите моментални грижи но секогаш размисли па зборувај
Моментално ме обзема некоја посесивно опсесивна енергија и сум разочарана што активно не учествуваш во исполнување на моите хирови. Те сакам покрај мене. Имам потреба да бидеме едни од оние лигави парови кои се секогаш НИЕ и секогаш секаде се заедно. Или едноставно имам стекнато фобија да бидеме раздвоени и со различни планови заради негативни искуства во минатото. Искрено мислам дека е тоа, пишувајќи го постов сфатив. Разбрав тоа е. Ама јас навистина се плашам. Чинам, поточно, потајно стравувам дека секогаш постои тој низок процент ризик историјата да се повтори. Се почнува од едно излегување, па две, па веќе не излегуваме заедно, па ти ги пеглам кошулите да излезеш во новиот локал со другарките. Ама не е така, знам. Само се плашам. Твојата појава најчесто е онаа која ме остава без зборови. Спичлес. Некако го контролирам јазикот кој обично ми е побрз од умот. Мислам дека дури премногу го зауздав, на сметка на тоа сега имам лимитирано изразување на сопствените мислења, ставови, аргументи. Едноставно, незнам храбро да потврдам некои факти. Очај ! Факт е дека имам вишок време за размислување и го користам за пишување безсмислени постови, тука кај што не читаш ТИ. Сабота навечер е, немам друштво, искрено не ни сакам да имам.
Сама да те создавав, ке згрешев и немаше да бидеш толку совршен. Свесна сум колку сум среќна што те имам, што те најдов во овој живот, и што ке го поминам со тебе. Совршено совршен си.
...понекогаш само мислам,мислам зошто месечината е секогаш осамена,и така потајно се прашувам,и не наоѓам одговор никогаш,но продолжувам,трагам...ја замислувам.
Те Мразам Многу , го мразам денот кога те запознав,кога за првпат ја почуствував топлината на твоето тело,го мразам секој поминат миг со тебе,те мразам од дното на мојата душа и Посакувам да те искорнам од таа длабочина во моето срце.Проклет да си !
Вечно ќе си моја болка, непреболена. Од оние лутите кои понекогаш забораваш дека ги имаш, па те потсетуваат расекувајќи ти го срцето. Дури и тогаш кога ќе ме насмее друг, ќе здоболиш да ме потсетиш. дека вечно ќе си ти, само ти... Моја љубов, мој живот, моја проклета болка, мој непребол.
Љубов сакам да сме некаде далеку во мала викендичка да сме заедно сами ... Наутро да се будиме насмеани и денот да ни поминува надвор легнати на тревата,гушнати да уживаме во прекрасното планинско сонце и чистиот воздух...навечер седнати пред големиот камин пиејќи го нашето омилено вино и зборувајќи за нас ,за нашата иднина Ах се разнежнив бе Дајбоже овој мој сон да биде реалност во брзо време ТЕ САКАМ
Се повеќе сфаќам дека ние сме еден за друг и не сакам и не можам без тебе, преубаво ми е. Немам ниеден сомнеж дека сакам да го споделам животот со тебе.
Од првиот момент ти си се што сакав да имам одсекогаш...ти си тој во кој се заљубив на прв поглед...ти си личноста која беше само во моите замисли и сонови, за која не верував дека ќе ја сретнам во реалниот живот...ми велеа многу добро не е на добро...од кога моите очие те видоа се почна да се случува како во сон како некој план...излегов со тебе за прв пат почувствував страст од љубов...за прв пат почуствував дека сум посакувана...за прв пат почувствував како е до себе да имаш вистински маж кој нема да се страми од тебе кој на сите без страм ќе им кажува колку му значиш ти...И покрај внатрешната убавина... тој и надворешно изгледа како од твоите соништа...си велиш дали сонувам дали ова е реалност дали ова мене ми се случува...колку ќе трае ова(па нели до сега се што ми било убаво кратко траело?)и ова ли ќе заврши рано...навечер кога ќе си легнев несакав да се разбудам мислев дека следното утро нема да си веќе мој сакав да влезам во сон во кој нема да се разбудам за да не те изгубам...Полека полека почнав да верувам дека навистина ова се случува, но сеуште во мене живееше стравот да не те изгубам...кога ќе се разбудев наутро си велев со што го заслужив ова јас дали е вистина? Не можев да поверувам затоа што за прв пат во мојот живот имав вистинска личност до мене, личност која само ја замислував и ја посакував! од почетокот и сеуште жарот во моите очи нема згаснато и никогаш нема да згасни како првиот ден така и денес се чувствувам...ти си совршенство за мене. Несакам никогаш да те изгубам затоа што во тебе се пронаоѓам ти си се што барав моја утеха, моја надеж, мој пријател, добар љубовник моја среќа, моја тага, моја солза, насмевка и се што чувствувам си ти. ти ме научи на се како да станувам кога ќе паднам...како да не се возвишувам затоа што ниско ќе паднам...ти си мојот учител...ти ми си се во исто време ти си се што можам да посакам...затоа не сакам да те изгубам затоа што животот за мене не би имал смисла ако не си ти во него...