Љубов моја! Секоја секунда со тебе замене е богатство и сакам да знаеш дека ти си единствената личност која ја сакам и ќе ја сакам во мојот живот. Би сакала да ме гушнеш како тогаш, да ме држиш за рака, да ме погледнеш длабоко со твоите сини очи и да ми кажеш дека се ќе биде во ред. Кога би можела не би живеела ни еден момент без тебе, но знам дека за ќе издржам се. За ти и јас да имаме уште многу среќни и убави моменти. Ги гледам твоите слики, го слушам твојот глас и се надевам дека ќе бидеш тука засекогаш. Ми треба твоето пристуство како воздух, но ти си во моето срце и таму ќе останеш засекогаш само ти. Те сакам најмногу!
не ни очекував да ми се јавиш Д два дена по ред-многу ти е мил гласот срцка си ама си 6 години помал од мене како што самиот рече не се најважни годините-би ти била постара сестричка а ти Д другарче пред 3 дена љубов ми изразуваше, љубичици и други цветчиња ми подари тој ден-море арно не те фатија полицајци в апсаана ке беше а на роденден и на венчавка заедно треба да одиме кај другарка ни-како незнам
Реков овде дека од тој ден нема никогаш повеќе да те спомнам и дека ќе те заборавам, ама знаеш што.. ова морам да ти го кажам. Ќе се покаеш ти еден ден, ќе се покаеш и тоа многу што ме пушти да си одам и што дозволи да пропадне мојата љубов спрема тебе. Ех свесен ли си што направи??? Јас те сакав така како што не можиш ни да се замислиш, како што нема да те сака ниту една друга зошто не вредиш да бидеш сакан. А јас и покрај тоа знаев и можев да те сакам како да си најдобриот за мене. Ама ти ме пушти, ти си виновен за ова што сме денес и за тоа што допрва ќе бидеме. Сега можеби не си свесен, но утре кога ќе ме видиш позаљубена од било кога, како држам за рака некој друг и како го гледам на начинот на кој некогаш те гледав тебе ќе сфатиш дека таа љубов никогаш нема да се врати. Дека ме прокоцка и мене и сите шанси што ти ги дадов. Жално.. навистина, а знам дека имавме љубов.. само инаетот ни беше поголем од неа. Ама си викам, подобро за мене.. јас и онака ќе бидам среќна. Почнувам да се заљубувам во некој друг, знаеш.. можеби и нема да биде тој вистинскиот но јас ќе најдам љубов каква што барам. Но единствено ми е жал за тебе,што ќе ти биде криво еден ден и ќе пробаш да ги исправиш работите но ќе биди многу касно за жал, тогаш и да сакам нема да можам да ти се вратам.. зошто веќе одамна ќе те имам заборавено. Ти си виновен, илјада пати си.. Ако некогаш го бараш кривецот тогаш погледни се себеси и преиспитај се што ми стори. Биди среќен со неа и засакај ја ако можиш, од инает за мене.. и немој некогаш ако ме сретнеш да ми кажеш дека не требало да испадне вака, немој.. Немавме ниакакви пречки, единствено твоите кои сам ги постави. А толку можевме... Не ни било пишано, или не сакавме да прочитаме.. Збогум, те заборавам!
Те мразам сета љубов која ја чуствував кон тебе сега се претвори во омраза те мразам зошто 6 год од животот ми ги уништи , сега се каеш тешко тие ни запомни едно ќе те унишам на твој начин а да ти се вратам никогаш.
Не за џабе е речено, нож со две острици. Да не те знаев, не ќе знаев колку може човек да љуби. Да не те знаев, не ќе знаев каква рана човек може да издржи.
Не разбирам на што мислиш кога кажуваш дека се би направил за мене. Во моментов, имам потреба од поддршка. А ти каде си?
И велат секоја жена има една љубов, која ја следи целиот живот, за која воздивнува, по која копнее, за која жали и која би ја проживеала илјадници пати повторно... Ех за таа љубов чиниш луталица станав по старост јас .... Лутам мил меѓу празните листови, кои со денови ги избегнувам, за да не ги наполнам со болки, да не ги полеам со солзи... Лутам мил, меѓу сонот и јавето како никогаш до сега... Лутам мил меѓу насмевките кои сите ги очекуваат од мене, и проклетата болка која ме разори, која ме промени од корен... Лутам мил гонета од болките на еден распнат Христијанин... Лутам мил, и како феникс секоја вечер горам од потребата за тебе и секое утро се составувам, насмевнувам и затскривам зад маската на „совршеното“... Лутам мил меѓу своите мисли, мисли во кои одамна си се населил како никој претходно, мисли во кои засекогаш ќе останеш сокриен, како едно неостварено вчера, како едно забрането утре... Лутам мил меѓу сите погледи што се околу мене и оној твојот, кој се почесто се крие... Лутам мил по секој ќош, далеку од тебе, да си ги сопрам нозеве да не ме донесат пред тебе, да си сокријам очиве што уште би проплакале за тебе... Лутам мил меѓу тоа што треба и тоа што сакам јас... Лутам мил гонета од ова нашето,„случајното и совршеното“ и изборите кои морам да ги направам и со кои морам да живеам уште долго... Лутам мил меѓу соништата за иднината и горчината која ја чувствувам во грлото од таа иднина во која те нема... Лутам мил меѓу болката во срцето и болката од скршената гордост, знај... Лутам мил меѓу оние кои до вчера ги сакав, како нема сенка... Лутам мил меѓу љубовта која ме соголе и омразата кон целиот свет што ја убива таа љубов, без око да му трепне... Лутам мил меѓу љубовни фотографии, меѓу новороденчиња, кои не се наши, нема ниту да бидат... Лутам мил меѓу тоа што тие не имаат и меѓу тоа колку проклето добро ние се немаме... Лутам мил гонета од тоа проклетото, од проклетата идеална целина која ја правиме кога сме еден до друг... Лутам мил меѓу неговото „те сакам “ и она твоето, кое никогаш нема да стигне на мојата адреса... Лутам мил бегајќи од она „ се“ што ми дава тој, итајќи кон твоето „ништо“кое и денес знае да ми го стопли срцето,како никогаш претходно... Лутам мил притисната од образот кој треба да се сочува и потребата својот да го прилепам на твоето рамо и никогаш да не се поместам... Лутам мил меѓу два твои погледи, лутам меѓу трепките твои сокриена како искра знај, само да се осигурам дека се уште чуваш насмевки за мене... Лутам мил деновиве и во сечии прегратки мислам, трагајќи по оние пеперутки, кои само твоите раце знаат да ги разлетаат во мене... Лутам мил гонета од стравот дека илјада усни да ме љубат нема да бидат како твоите... Лутам мил трагајќи по лек, лек кој ќе ме сопре да извикам: „направи ме мил и твоја љубовница, твоја блудница,само нека бидам твоја...“ Лутам мил трагајќи одговор... беше ли ова „онаа животна љубов“....или сепак потрагата за уште трае??? Лутам мил борејќи се со оваа љубов, љубов вредна за секоја воздишка, љубов тешка илјада каења, но љубов која ќе ја преживувам следните три животи знам... Лутам мил прободена од болката, од фактот дека мора се да заборавам за миг, како што го стори ти тоа... а има ли тоа „СЕ“заборав, некогаш???
Што се не би ти кажала, но од сето тоа ќе одберам ништо. Нека биде тишина. А ти премости ја. Бакни ме.
Ти благодарам што ми ги избриша претходните болни емоции. Ти благодарам што ме опсипуваш со толку голема љубов на која само будала би останала рамнодушна. Ти благодарам што си тука за мене и што не ти пречи кога ти се јавувам во 3 сабајле само да ти го чујам гласот. Ти благодарам што ми остана најдобар пријател,а истовремено ми стана толку многу повеќе. И иако немам ти кажано,си кажувам себеси.Те сакам. Немој да зажалам.
Where there is desire there is gonna be a flame, where there is a flame someone`s bound to get burned...
Sometimes we have to let go something that is killing us, even if it's killing us to let go. Оди, не се врти назад.
од каде да почнам .. Сакам да знаеш , дека те сакав , те сакав како никој во мојот живот. Тие малку денови што ги поминавме заедно беа најдоброто нешто што може човек да ги доживее во овој минлив живот. Фала му на Бога што ми те прати тебе па искусив што е вистинска љубов, не сите луѓе на светот можат да го имаат тоа , блогадарна сум за тоа , навистина. Што и да зборам знам нема ништо да сменам , ние бевме и поминавме, нашето беше и помина. Сакам да знаеш дека не можам да те заборавам , колку и да пробувам неможам, како да ми се потпиша во срцево за навек. Уште некој ден и ке навршат две години од нас , тоа се скоро 2 * 365 некаде околу 700 дена , 730 уствари, секој Божји ден си велам на себе ајде само уште еднаш да се повтори ова нашево , само на 5 минути па да те имам , толку многу проклето ми фалиш. Те гледам од другата страна на улицата и воопшто не ми е сеедно. Толку малку ми фали да се стрчам и да ти се фрлам во прегратки, да ти кажам дека неможе никоја да те сака повеќе од мене али оваа гордост се заглавила некаде во мене и не попушта, и секогаш ќе биде така. Ти беше толку посебен , толку неверојатен а на моево срце му треба баш еден таков за да бие за него. Само знај дека .. уште те сакам .. засекогаш ќе те сакам .. колку и да е лудо тоа засекогаш .. верувај ми .. засекогаш. Кога ќе се сетиш на мене припомни си дека една девојка те сака многу, најмногу на светов и би дала се за тебе. Сакам само да си среќен , не е битно дали со мене или со некоја друга , биди среќен, тоа ми е најголемата желба. И немој да заборавиш, те сакам.
дека ми е поубав со брадичето шо си го фураше до сега..не дек без брада не си убав бе сонце ама пушти ја пак