И што дека денес се сретнавме како го правиме сами тоа што заедно го правиме? Добар тим бевме знам и јас, некои моменти не се ни забораваат, многу научив од тебе, само непотребни работи, па и во навики си ги претворив, ама било и поминало. Судбина, случајност, намерно? Зошто всушност те запознав, а уште и се здружив со тебе? За мене си сега никој и ништо, иако можеби не можам да си признаам дека сепак уште ми се допаѓаш...
Знаев дека еден ден ќе дојдеме до раскрсница каде нѝ се разделуваат патиштата А толку многу сакам да дојдеш со мене. Да ја продолжиме нашата приказна некаде далеку од тука. Имаме шанса двајцата да отпатуваме, да избегаме од оваа монотоност, да не му подлегнеме на просечниот живот... А ти избираш да останеш овде, на сигурно Ако сум со тебе ќе можам да се изборам против сè, ќе добијам сила за сè само да те заштитам. Нема да ми биде гајле со што ќе се соочам, се додека ти си до мене. А вака, знам дека сум ранлива, слаба. Се плашам.
Знаеш, и најдобро спреманите планови можат да тргнат на криво, безразлика колку време сме обрнале на деталите,секој план си има своја слаба точка..понекогаш тоа е срцето. Може е веќе време да се откажам од тебе..
Лошо ќе биди ова за двајцата нас. Џабе е за некои работи сега да зборуваме...касно е, за жал... Ми го матиш умот...а богами и чувствата:/
Некогаш ми идеш толку многу на нерви, што ми иде да те убијам. Се сакаш у твоја близина да ти биде, а да не мрднеш ти со тоа гзот. Епа неможе! Глупак.
Секој момент кога мислам да те заборавам,ти ми даваш 1000 причини да не го направам тоа.Навистина ми го матиш умот..
па убавецу што ти текна на мене? вчера окапавме на мобилен, денес исто што се случува, т.е. хани што тебе ми ти се случува? и многу ми е мило што имаш коњски нерви
Колку ми е тешко што неможам да ти помогнам,тешко ми е и тоа што не сум до тебе да те гушкам и тешам...оф оваа далечина колку негативно делува во вакви моменти Љубов ти си силен ќе издржиш верувам,не потиснувај во себе тоа што сакаш да го кажеш не се мачи,кажи се што имаш ослободи си ја душата и најди ја правдината ... Како и да е јас сум секогаш позади тебе за било што да те чувам ,сакам ,почитувам....