Најмило мое...многу ми значиш, тебе можам да ти го кажам тоа што на никој друг не можам, ти си еден од најдобрите личности во мојот живот...Те обожавам И те бакнувам и гушкам за побрзо да ми оздравиш
Не го заслужив ова.... навистина не. Посакувам истото некој да ти го направи да те боцка срцето од мака и неправедност! Некој друг во овој живот да ти врати со иста мера и да те уништи идиоте!
Би ти кажала дека те сакам. Те сакам. Те сакам. Те сакам. ТЕ САКАМ. Не губам надеж. Ветувам дека ќе дојде денот кога ќе се преселиме во нашата куќа, ќе гледаме филмови и ке јадеме пуканки и ќе се гушкаме и бакнуваме. Ќе седеме до 3 саат насабајле и ќе ги кажуваме сите наши несигурности. Ќе си ги знаеме сите наши недостатоци, и покрај сите нив сеуште ќе бидеш најсовршениот човек на светот, МОЈ. И јас, ТВОЈА. Ти си мојата причина. Секогаш се враќам на тебе. И те сакам. Те чуствувам во мојата крв, во рацете, во нозете, на усните, насекаде. Ти си целта на моето патување. Нема да се откажам. Тоа е нешто невозможно. Иако не си мој, МОЈ СИ. Те сакам.
единствено нешто сто сакам се дупло да ти се врати , за се што ми направи , да осетиш на своја кожа како е
Далеку од очи - далеку од срце, така оди тоа. Или направи ме најсреќна или уништи ме. Со еден потег среди ме. Ти ја имаш таа моќ, тебе ти ја давам. Јас не можам вака, ме уништуваш полека, затоа уништи ме наеднаш. Колку и да сакам да те видам, подобро не ми се појавувај пред очи. Знам, ќе те видам, пак ќе ми измамиш насмевка, ќе ми излажеш, јас ќе ти поверувам, а потоа ќе си отидеш, ќе ме оставиш во неизвесност пак да те чекам. И така ми даваш еден живот, два ми земаш. Се лажам по тебе како дете по лижавче. Можеш да бираш, да фрлиш уште едно чкорче и да го разгориш жарчето... или користи нешто што дава живот за да земеш живот. Вода. Ја имаш таа моќ фрли вода, изгасни го жарчето во мене. И крај. Ќе згаснам и јас. Убаво ми беше кога имав штит. Никој не ми можеше ништо. Ама се најде ти, парче, по парче кршеше и ете ме сама, без штит. Кога човек гради сам, свесен ли си колку време треба за да се изгради еден штит? Срам да ти е! Кај ме остави без стариот, па и не ми помогна нов да изградам!
Злато мое,кој ако не ти,кој ли ќе ме прави среќна? Те сакам,те сакам најмногу на цел свет.Мојата огромна љубов кон тебе веќе не знам на кој начин да ја искажам.Те сакав,те сакам и ќе те сакам.
Е не те можам бе Готово Кај го има тоа, да дојдеш ни здраво да ми кажеш, абе те прашувам како човек Што правиш ова, она, уста не отвори Ти сериозно? Ова пред другарот фраер се правиш. Ќе видиш ти фраер, само налути ме уште малку. Сепак многу се израдував што те видов Те сакам, ми недостасуваш, како би ти се фрлила во прегратки. Ама не! Подобро да не те видов, како од ведро небо гром се најде пред мене Зошто ми се појави? За да ме растажиш и пак да мислам на тебе? Е ти благодарам Ќе ти вратам за се будало!
ете А се запознавме ама веке ти прочитав од очите и ликот пред да те запознаам и тоа е одлика на твојот профил знам како со тебе-заведи го маст извај му ја ама ако бидам со стомак до заби ште ти биде весело а мене руина од животот епа заради дечко не вредит а ти И жими еден живот што ми е дарен од Бога ште ти пишам уште еднаш-пред пап тестот после тоа да се видиме-таман после роденденот и толку после те бришам од скајп од мобилен абе од се и кажувај дали имаш од Тетово роднини фамилија да не си ми роднина случајно
Ме убива тоа што си далеку... Го мразам секој километар, ја мразам одлуката да се вратиме назад, ја мразам ситуацијата. Мразам се! Сакам да си тука, само така се чуствувам сигурно, се губам овие 2 дена... А има уште 2 месеци... Проклето да е се
Не се разбирам самата себе си. Останатите ги лажам дека не ми е гајле за тебе, а самата знам дека ми е, и тоа мноогу. Ми велат тргни се од него ако гледаш дека не му е гајле. Не е тоа толку лесно. Еве веќе четврта ноќ не спијам како што треба, мислам на тебе, на нас. Јас знам дека ти се свиѓа друга. Обожавам кога на екранот ќе ми се појави твоето име, па се смеам како кретенка. Да, свесна сум дека нас нема да не има повторно, ама се случи тоа од што највеќе се плашев: СЕ ЗАЉУБИВ, несреќно, повторно. Не мора ние да бидеме заедно, само ти да немаш никој
Не ми е ич убаво ,да си на мое место и ти би мислел исто како и мене во моментот... Да знаеш што правиш,ти верувам,бла бла блаа доста ми се муабети не сум мирна додека нема да сум сигурна дека и ти си на сигурно !!!
Пак се залажувам по тебе. Ќе ме залажуваш неколку дена по ред, а потоа ќе го заборавиш нашиот ден и ќе ме оставиш да чекам цел месец за да те видам, па пак истото. Прекрасно е кога ме гушнеш, ги ставам рацете на твојот врат и потоа ми останува на нив од твојот парфем Се сеќаваш на ситници, вчера приметив, а мислев дека имаш лоша меморија Го паметиш ти тој ден, ја сакаш мојата коса, колку и да те нервира што ми паѓа врз лицето и ти боде во очи кога дува ветер, сепак не сакаш да се шишам. Примети дека го сменив парфемот. Се сеќаваш на кој места ми е страв да одам Дури ми рече дека тебе ти е страв да седеш таму, само затоа што знаеш дека јас се плашам И пак бевме таму, ама глумев храбра пред тебе. Сепак се сеќаваш на се што сум ти кажала. Би можела цела вечер да останам со тебе, онака да си зборуваме, кога би гледала филм со тебе, јас во тебе ќе зјапам цело време