Ах да можев да те гушнам во моментов ,да те почуствувам до мене ,да можев да заспијам додека те милувам ... фалиш повеќе од колку што мислиш и знаеш !
Велат кога си со тој што го сакаш се шират зениците. Синоќе приметив, колку ти беа големи зениците. Од темното беше, или од тоа што ме сакаш? Тоа второто поубаво ми звучи Пак се чувствувам како кукла во твоите раце. Кукла што ќе направи што и да и кажеш, ќе дојде кога и да ја викнеш. И таа моќ ја имаш. Бидејки нели, ти ми го скрши штитот, се надевам ќе ме чуваш добро. Ти верувам јас, со довербата ќе ме браниш или уништиш? Брани ме, чувај ме, ти верувам. Срцка, не знам што да мислам. Дали се гледаме затоа што нема со кој да останеш или затоа што сакаш да ме видиш? Само немој да ме навикнеш на тебе, а потоа да ме оставиш, тоа немој. Можеби овој пат нема да биде така, или пак ќе биде исто? Секогаш велам крај ќе каже. Ама не ме интересира. Секоја сенунда со тебе ми е благослов. Само да те гледам доволно е. Овој пат ќе ги живеам моментите со тебе без да размислувам за последиците, дека потоа ќе ме оставиш да мислам на тебе, да ми недостасуваш и да не те видам.
Ај потврди ми дека си истата особа, истиот човек за кој се омажив и со кој ќе имам дете. Оној кој е внимателен и се грижи за мене, некој кој е далеку од неодговорно говедо какво што мислам дека си во моментов Дај докажи ми дека се пак хормоните, а не реална ситуација
Те обожавам, те обожавам и те обожавам! Понекогаш како одново да се заљубувам во тебе и се потсеќам колку имам среќа што те најдов и што си мој. Пријатен работен ден сонце.
Ее сега го достигна врвот. Премногу те сакам неможам да опишам со зборови, не дека е нешто посебно ама многу сум среќна што не си работа оваа вечер кога знам дека и таа е таму. Уууф премногу сум среќна за една ситница. I'm feeling lucky tonight. Всушност таа не е таму, сега знам дека сигурно се допишувате ама добро моментално не ме интересира ништо и премногу сум среќна заради сликата и си многу убав, преубав. Неможам да ти се изнагледам уууууууууфф брееееее ќе ме умреш ти мене некој ден ако вака продолжи сето ова. Срцкаст си многу сакам да дојдам таму до тебе и тоа кученце и да си играме, да те гушкам сиииилно, најсилно. Нема некоја голема причина да бидам толку среќна, ама сепак сум пресреќна. Една слика од тебе ме прави пресреќна, кога те гледам во живо спобудалувам, а пак кога сум до тебе и кога те гушнав ми се чинеше дека цел свет е во моите раце. Всушност да, за мене ти си целиот свет.
Ова нашево, ако вреди, ќе се спаси а ако не ... тогаш не ни било ништо битно.. Смачено ми е постојано да се мачам со муабети од моето минато и тоа од дрољите што ги слушаш. Ако сакаш да им веруваш воопшто не ми се враќај.. И срам да ти е за работите што ми ѓи изнакажа вчера ме натера да размислам 2 пати во врска со тебе
Не си тип што вообичаено би паднала би се заљубила, ама едно е сигурно ти си она што ми треба хахаха. Шала на страна (ако е тоа возможно). Околу мене, блискиве и колегите ми викаат дека сум им била многу среќна, хаха не ја знааат причината. Конечно сфаќам што значи она "спротовностите се привлекуваат..." Спојлер иако незнам како тоа би функционирало реално со компромисии , ке се најдеме некаде на половина пат ама б у к в а лноо!
Не знам како да ти одговорам кога ме прашуваш зошто така те гледам. Како да ти докажам дека е заради тоа што премногу те сакам и не можам да ти се изнарадувам. И пак се вљубив лудо во тебе, иако си ветив дека нема. Чувството кога ни се сретнат погледите и ми се насмевнеш Тоа било слатко, што не си отишол денес на работа само за да се видиш со мене и сега треба да одиш два дена да си одработеш заради мене Иако знам дека сигурно не работиш многу, само му се врткаш на татко ти, затоа што ми мрза Обично кога одиме, јас те фаќам за рака, овојпат ти го стори тоа, дури и ме гушна. Дали ми се причинува или се враќаш на стариот? Не, не ми се причинува. Нига мој
Нормално после сите работи што ми текнале дома кога ќе дојде моментот на кажување се ќе заборавам, не од што мн го сакам туку од што ова е непишано превило.
Фалиш. Кога заспивам и не ми е тесно во креветот. И кога се будам и знам дека нема да влезеш во собата да ми хухнеш во уста со тазе измиени заби. Фалиш да ме чекаш со точакот пред зграда. Зграда пред која никогаш повеќе нема да ме чекаш. И да тепаме комарци додека чадот од Вили се крева нагоре. Фалиш да чекаме заедно 22ка во која само јас се качувам. И фалиш да ме чекаш на тераса за да не го утнам влезот. Трет беше, запомнив. Ми фалиш. И на твоите титки се радувам како осмоодделенка https://www.youtube.com/watch?v=8FZZZT4ZUtM