Ти верувам. Ете ти верувам. Ти верувам!!! Љубовта е над сите чувства и слепа е. Затоа што е слепа можеби и на слепо верувам... Ама ти верувам. Знам, овој пат нема да ме разочараш. Нема да ме оставиш нели? Да те чекам и да ми недостасуваш, а тебе да те нема. Тоа нема да се случи нели? Ти верувам, а сега, уништи ме или чувај ме. Ама те молам чувај ме. И да ме уништиш, ќе имаш право. Затоа што нели, љубовта е и слепа и глува и нема и саката и се по ред... Може да биде добра или лоша, зависи од нас. Сепак, само сакај ме!
КОНЕЧНО, е ова беше денот кој го чека, т.е. ноќта која ја чекав. Да ми се јавиш и да ми кажеш дека ти текнало на мене и дека сакаш да се видиме, уууфффф незнаш колку се тресев кога го видов твојот број на екранот од телефонот, па и уште кога ми кажа дека често така ти доаѓам на ум оф беее оффф колку те сакам за овој ден мечтаев МЕЕЧТАЕВ ми го направи денот, ноќта море МЕСЕЦОТ уффф бееее е неможам сега се ќе искршам од радост леле да си до мене што би ти направила скфсдахфсдкаф абе многу многу многу премногу нааајмногу те сакам уфффффф немаш претстава колку сум среќна се смеев сама во собата како болна
Јас тебе многу добро те разбирам, нормално е да бидеш љубоморен да не сакаш да ме делиш со никого ама те молам не дозволувај да оладам. Да, ќе се борам до крај, до каде што мислам дека може и до таму каде што знам дека вреди.. Само не дозволувај да оладам те молам, те сакам! Немој да дозволиш твоите органичувања да не оддалечат, премногу верувам во нас, премногу верувам во нашево, знам дека не е пролазно. Чуствувам Мислам дека покрај сето тоа што го поминавме заедно, заслужувам малку да имаш доверба во мене. Да и јас сум човек, грешам! Но мораш да знаеш дека не би направила ништо со што би те изгубила тебе. И мораш да веруваш малце на моите одлуки. Не сакам постојано со тебе да се карам, не сакам секој ден да се расправаме за глупости. Не сум отрпнала, но немој да ме доведуваш до таму. Со тебе сум, но не значи дека треба да се изолирам од сите други, и да не комуницирам со светов и да немам социјален живот. Истото важи и за тебе. Ај сега, смири се и размисли. Те сакам
...а сакав да прославиме, барем малку и онака како што можеме. Ама ништо, ми се расипа планот, т.е. желбата.
Фалиш идиоте Сакам моментите кога сме заедно да траат за секогаш. Ме правиш среќна, а тоа е чудно. Се колнам веќе никогаш нема да ја повторам грешката од минатото. Засекогаш ке бидам твојата лошка. Те сакам, да знаеш.
Слободно можам да речам дека во животот најголемата моја подршка си ти! Навистина сум благословена и благодарна!
Ама зошто секогаш ти верувам? Зошто по 100ти пат ако треба ќе ти верувам? И секогаш ти верувам, секогаш паѓам на твоите лаги. Сигурно е затоа што премногу те сакам и не сакам да се откажам од тебе, толку си ми важен, незаменлив, единствен. Се прашувам дали сум јас за тебе барем половина од тоа што си ти за мене? Велат „Не грижи се за некој кој не се грижи за тебе“, ама како јас да престанам да се грижам за тебе кога ти си ми единствениот кој најмногу од се сум го сакала? И сега пак да ми се јавиш, пак ќе ти поверувам. Ја имаш таа моќ да ме добиеш кога сакаш, само ти ја имаш таа моќ. Сфаќам дека си незаменлив, дека само твојот поглед, твојот карактер, твојата насмевка ми фали. Зошто не ти е гајле за моите чувства? Како се чувствувам јас? Знаеш дека најмногу од се твојот повик вечерва го очекував, и не го добив. Се жалам себе си. Зошто ти верувам бе човеку? Што е, кај тебе има ли нешто магично, специјално? Ќе бидам ли некогаш вистински среќна? Вака мала, ми правиш да мислам дека не можам да бидам среќна. Да, признавам. Уште се надевам на нас. Сеуште моето срце е заробено од твоја страна. Сеуште те сакам како порано. Да, по се што ми направи и јас се чудам како може да те сакам. Ама ете, таква е љубовта. Можеби те сакам поради убавите мигови, поради спомените кои ме потсетуваат што се сме поминали или можеби поради тоа што ти не ми дозволуваш да те заборавам. Не знам зошто, ама те сакам. Влевам надеж во нашата љубов, која знам дека можеби нема да се повтори. Знам дека ти можеби сега си со некоја друга, ама верувај ниедна не може да те сака како мене, топло и искрено. Сакам се да е како порано. Сакам секое утро да се будам со помислата дека сум твоја. Многу работи сакам. Односно се што е поврзано со тебе го сакам. Ги сакам тие твои очи кои ме излажаа. Ја сакам твојата насмевка. Ги сакам и рацете кои ме топлеа. Сега можеби се каам и е доцна, но знај те сакам. Те сакам и никогаш нема да престанам. Можеби кога страстите ќе се смират и секое жарче меѓу нас ќе изгасне, ќе не спои судбината.
Знаев дека ќе успееш! Неможам да ти опишам колку сум горда на тебе љубов. Ти ја посакувам целата среќа на овој свет!! Те сакам бескрајно!
Да кажам ке кажеш спротивно и плус ме правиш неарна ех така ти е тоа ај ке си чутам нека биде така кога знаеш дека не сум неарна а само кажуваш така