Сакаш да се лутам? Сакаш да се караме? Епа јас не сакам сонце. Не се борев 4 години за ништо. Јас сум борец ќе продолжам и понатаму, за нас
Многумина можат да ти посакаат среќа. Но,само емотивното задоволство може да те направи навистина среќен
Убаво што се случи ова денес.. Потребно беше за да си ја манам главата од ѕид и да сватам дека светот не се врти околу тебе. Околу мене има толку многу убави нешта за кои вреди да се радувам, а јас сум се запнала во тебе, глупава ... Зошто да те поставам како мој приоритет, кога јас за тебе сум само опција?! Нема потреба толку да се измачувам... Ама верувај, не знаеш што губиш заедно со мене и се поради таа твоја глупава машка гордост и недостижност.. Знам дека ќе ме побараш.. Ама незнам дали ќе бидам тогаш тука за тебе.
Ми го разубави цел ден со пораката, незнам само колку пати ја прочитав си читам и си замислувам како стоиш пред мене и истите зборови ми ги кажуваш... ах едвај чекам да те видам бе љубов
Ми се чини дека секоја тежина што ќе ја споделам со тебе веќе губи половина од својата вредност. Ти благодарам што си тука за мене. Ти благодарам што постоиш.
Бескрајно ТЕ САКАМ и ми НЕДОСТИГАШ!!!!!!! Секој ден се будам со се поголема желба да бидеме заедно и да уживаме онака како што и двајцата заслужуваме и како што си замислувавме!! ТЕ САКАМ СОНЦЕ МОЕ, ЉЅБОВ МОЈА ЕДИНСТВЕНА!!
http://www.crnobelo.com/zivot/ljubov-i- ... roski-srce Оваа статија говори за сите чувства кон тебе и сите мисли што ги имам за нас ,мисли и чувства што ги имам а никогаш не би ги изговорила гласно и не би ти ги рекла гледајќи те во очи ...тие се длабоко скриени во мојата душа ...навистина посакувам да бев похрабар играч и да не се плашам да изгубам ,се надевам дека од ризикот во кој се впуштив ќе произлезе нешто убаво...
Имам проблем со распределбата на време. Пола време работам, а во останатото те љубам. И каде сум јас?
...ова лето ми беше најтешкото лето досега во мојот живот,што се не видев што се не слушнав..ми останаа некои лузни на срцево,те молам помогни ми да ги излечам,те молам...ми недостигаш проклето многу...
ме секираш ненормално и знам дека и ти се секираш и грижиш, а јас наместо да бидам смирена заради нас,заради тебе, јас цело време се дерам, се карам итн . Не сакам ама како да има нешто посилно од мене....не знам до кога вака.
Со целото твое искуство со патетични тинејџерки кои паѓаат на „те сакам“ по една недела и цела една драма околу тоа, јас за тебе сум само некоја која се однесува како дете зашто не сака сериозна врска и ќе остане сама или ќе заврши со најлошиот. За себе, јас сум само некоја која верува во љубов.. и верува дека ова не е тоа. Некоја која не брза со животот за да фати дечко зошто некој и рекол дека ќе остане сама. Некоја која нема да остане во врска ако тоа не ја прави среќна, само за другите да се восхитуваат на долгата врска. Патем, ти благодарам за секоја забелешка со која ми ја потврдуваш правилната одлука.