За 10 дена што не те видов, 10 минути не можат да надоместат... а не те ни гушнав како што треба, така на брзинка си заминав. Сега треба да чекам уште 8 дена за да те видам. Срцка, се надевам убаво ќе си поминеш на одмор и дека таму има ѕвезди. А кога ќе ги гледаш ѕвездите, помисли на мене, онака. Мислиш ли на мене како што мислам јас сега на тебе? Ти недостасувам како што ми рече? Добар ли си? Што правиш? Со кој си? Внимавај на себе, те молам. Знаеш, го имам она глупаво чувство. Имам некое лошо претчусвтво и го молам Господ овој пат да не сум во право во врска со тоа што го чувствувам. Знаеш како викам јас, крај ќе каже. Всушност не знаеш, ама јас така викам. И покрај глупавото проклето чувство, јас ти верувам, ти вртувам. И многу те сакам, тоа да знаеш.
Ти некако немаш во план да си заминиш од мојава гла? А бе дете цели 8години поминаа.Сјој си веќе еднаш!
Утре заминуваш на одмор. По една недела и јас. Збунета сум. Толку малку време те знам и се плашам како сето тоа ќе влијае на нас. Ќе оладиме ли? Можеби е ова еден тест дали сме еден за друг и тест дали ќе успееме да одолееме на сите тие искушенија што можат да се случат. Оставам на времето како и секогаш. Во секој случај поминав прекрасно време со тебе До следно видување...
Ми недостигаш. Да ти се плукнам во работата. Да си се плукнам во работата. Нека заврши се веќе еднаш, ми недостигаш.
Многу сакам да те видам. Веќе премногу ми недостасуваш, премногу. Се прашувам уште колку време ќе биде вака... Многу те сакаам!
Ужасно многу ми недостигаш. Не можам да го објаснам тоа чувство што го имам откако се појави во мојов живот, чувство на исполнетост, среќа, сигурност, заштитеност... И она превртување во стомак кога ќе помислам на тебе. Цел ден те мислам и ми недостигаш многу. Нешто ме пресекува при помислата дека нема да те видам уште цели 10 дена, и се прашувам како ќе се одвиваат работите со нас...
Фалиш.........фалиш повееќе од се на светот...сакам да те видам сега, зашто утре кога ке станам од спиење ке размислувам посвесно и ке сфатам дека не вредиш ни да помислам на тебе дека постоиш ми фалиш сега многу , боли твоето отстуство ...
Ех, срцко......Лани ова време уживавме на Лефкада. После оној мал инцидент , те прашав дали следното лето ќе ме носиш трудна на одмор. Не можам да ти ја заборавам реакцијата, мислиш ти соопштив дека носам тројка Се испобрка, се збуни максимално, ама се снајде после со одговорот Еве година дена подоцна, со милион работи променети во меѓувреме, за среќа на арно. Може не ме носиш на море на одмор оваа година, ама се преселивме на море Додуше, не е од оние во кои може на раат да се бањаш, ама не е битно, не ми треба такво нешто ова лето. Сознанието што те имам до мене, наскоро и синко покрај нас, на ова место.....нема нешто што може да ми го замени чувството во моментот. Повеќе среќа не можев да посакам, редно беше и нас малку сонце да не огрее Те обожавам
Кога веќе сакаш секој ден и секоја ноќ да се гледаме, што не ме побараш за жена??? Помалце трошок ќе имаш,во секој случај
Да, признавам. Уште се надевам на нас. Сеуште моето срце е заробено од твоја страна. Сеуште те сакам како порано. Да, по се што ми направи и јас се чудам како може да те сакам. Ама ете, такава е љубовта. Највеќе ги сакаме тие што ни го скршиле срцето. Можеби те сакам поради убавите мигови, поради спомените кои ме потсетуваат што се сме поминали или можеби поради тоа што ти не ми дозволуваш да те заборавам. Не знам зошто, ама те сакам. Влевам надеж во нашата љубов, која знам дека нема да се повтори. Знам дека ти сега си со некоја друга, ама верувај ниедна не може да те сака како мене, топло и искрено. Ниедна нема да те сака одкако ќе и го скршиш срцето, како мене што ми направи. Не, не верувам во твоите празни зборови. Не верувам дека ќе се измениш, дека ме сакаш. Не верувам, а сакам. Сакам се да е како порано кога не го имав запознаено вистинскиот ТИ. Сакам секое утро да се будам со помислата дека сум твоја. Многу работи сакам. Односно се што е поврзано со тебе го сакам. Ги сакам тие твои очи кои ме излажаа. Ги сакам твоите усни од кои излегоа најголемите лаги. Ги сакам и рацете кои ме топлеа. Навистина ми е жал, ама не можев. Не можев да те задржам, не успеав. Сега се каам и е доцна, но знај те сакам. Те сакам и никогаш нема да престанам. Можеби кога страстите ќе се смират и секое жарче меѓу нас ќе изгасне, ќе не спои судбината. Исто како досега…