Сега не сум ти лута, а таман викам ете ќе помине неделата и готово крај дефинитивно со се, ама ти во второ полувреме смени ситуација. Зошто вакви случајности? Или пак ништо не е случајно, а? Ај објасни ми имам милион прашања, само ти можеш да ги одговориш...
Не си фер, ама ич. Се прашувам што ти е во последно време се промени, секогаш сакаше да ми го слушнеш гласот пред да си легнеш а сега се промени. Не си истиот и тоа се забележува многу последнава недела. Што се случува? Сакам да си истиот да ме бараш пред да си легнуваш да ти се врати таа смисла за хумор, и да си по весел. Колку ни беше убаво и одеднаш се се менува
Збеснувам по тебе Дааа збеснувам. Каков беше преје само со кошулето, абе право мажиште , сакам да те гушнамм онака силно, сакам да ме фатиш за рака и да не ме пуштишшш, едноставно сакам да сум со тебее. Ама сакаммммммм
Не знам што да мислам за љубовта што ми ја даваш.. понекогаш се осеќам толку мизерно бидејќи никогаш не знам што да очекувам од тебе, не знам што понатаму.. Вчера бев сведок на тоа како си давал љубов на други, и не сум љубоморна на минатотот, битно ми е што си со мене, само тоа ми е најважно но јас се губам во просторот Се прашувам дали можеш мене така? Иако настојувам да ја дарам целата моја љубов, се плашам. Се плашам од самата себеси. Се плашам дека сетаа таа љубов ке остане скриена длабоко во мене, ќе остане еднострана и никогаш возвратена
Сакам многу нешта да кажам, но немам толку зборови..... само сакам што побрзо да помине овај мизерен период од врскава
Колку се израдував што те слушнав два пати во краток период, ова ретко се случува кога имаш работа. Право лигле сум знам. Многу те сакам.
Кога ќе ти кажам не ѕиркај, бегај, значи да се тргнеш, а не да прашаш дали ми треба помош... Расипувач на изненадувања
Конечно се се одвива како што треба... Конечно имаме хармонија во врската, не сме се карале одамна што е голем плус за нас, во се се сложуваме, се грижиш пак за мене како што се грижеше на почетокот кога со секој збор ме освојуваше одново и одново, ми купуваш подароци и се однесуваш со мене толку убавоо... Се осеќам дека сум најсаканата личност на светот..... Те сакам, срце, се надевам дека ова ќе трае засекогашш......
Што би му кажала?! .. би му кажала фино лепо да одиш по ѓаволите, дури и тоа е премногу добро за човек како тебе! Немам зборови колку еден човек може да стане НЕЧОВЕК ! Ти буквално си поимот за тоа, за нечовек! Несакам на душа да носам лоси и навредливи зборови за никој па ни за тебе, затоа се воздржувам ... Се што сум направила за тебе од љубов било , љубов која очигледно ти не ја заслужуваш, а ти се што направи за мене на чест нека ти е !! Но, има некој од горе се ова што го гледа, еден ден ќе осетиш на своја кожа како боли па ќе се сетиш на мене .. до тогаш биди ми поздравен
Љубов дајбоже секогаш да си ваков среќен и насмеан и вечно да ме усреќуваш и мене со твојата насмевка