Мислев дека сум јака. Мислев дека нема да почувствувам ништо кога ќе те гушнам повторно. Се лажев. Ги лажев и тие околу мене. Проклетство. Проклет да си. Што има во тебе, што постојано ја враќа насмевката на моето лице? Што има на твоите раце што ја ежат мојата кожа со секој допир?
Јас и ти. Си одговараме. Како Ексл и Ерин. Како кафе и благо. Како ладна вода и жежок ден. Како шпагети и болоњезе. Како црвено и црно. Како иста боја штикли и ташна. Како пинџур и крцкаво лебче. Како туш и црвен кармин. Kако пиво и чипс. Како кроасан и француски бакнеж. Но,тоа сме само јас и ти.Два различни поима,два различни света. Јас. Ти. Далеку од ние.
Себичен си! Ама ќе дојде денот кога ќе осетиш како срцето ти прескокнува и ќе зажалиш за се што си пропуштил. Моиве солзи тогаш тебе ќе те печат и болат.
Последните неколку денови многу често почна да ми шеташ по мислите. Се прашувам, дали воопшто помислуваш ти на мене? Се трудам да си го дотерам умот, да не си дозволам да мислам на тебе, ама не успевам. Ако "Се се случува со причина", која е причината? Веројатно мојата глупавост.
Низ мастилото на ноќта го создавам твојот лик, чувство од топли воздишки ми ја преплавува кожата во удобната тишина. Прекривка од искрен поглед вперен во другиот за страста, за безгрижноста, за очекувањето... Моментите на целосна опуштеност и карактерна разголеност исцртуваат обоени денови. Два збора притаени низ сладоста на постоењето градат бележник од спомени. Срцето како наратор не води меѓу сонот и јавето и ни приредува возбудлива претстава за малите и убави нешта, за важното и помалку битното, за создавањето кула од вистински карти. Внимание и нежност се на нашиот репертоар.
што ти текна да ми пишеш, да ми звониш И-бивша сум ти, ама душичке постојат и други нешто ми се случува ама незнам што е тоа а тоа дека сум ти неисполнета желба интимно-свесна сум за тоа ми се сака, ама нешто ми вели немој-ангелчето и гаволчето се борат во мене пред недела дена ми беше циклус, од анти епилептиците и антидепресивите имам интимни проблеми-спасот е изгледа вагиналети
И не се секирај, еве те ставив во куферот, додека ми чекореше во мислите со оној твој сигурен од, додека ми ги распара ноздрите со препознатливиот парфем, кој чиниш ми станал замена за чистиот воздух, па се повеќе се гушам без него... Во истиот овој кој чиниш е претесен за секоја друга работа... Кој чиниш е превреден да се изгуби по некој непознат аеродром... Кој чиниш е премал за да го собери целиот мој живот... Кој чиниш нема виза за да ме донесе до тебе... Но ете таман е да те собери тебе целиот... Тебе, оној кој ги чува сите мои воздишки во џебот, оној кој ја постила среќата во моите очи за час со своето балеринско половинче, оној за кој го оживувам секој минат миг, одново и одново, не изморувајќи се ни час, оној кој го ежи грбот мој со нежноста собрана во малиот прст, оној кој знае дека штом стрелките на часовникот се поклопат капнува една солза за него, оној кој ми ја бакнувал душата со своето присуство, оној кој ми ја исушил утробава, осудувајќи ме на своето вечно отсуство, оној кој единствено ме видел со разголена душа, оној пред кој сум ги послала сите свои сништа, мечти и желби, не разголувајќи ниту педа од своето тело... оној кој знам дека само сака да ме испрати далеку со овој куфер, далеку од себе... П.с. Помисли ли ти денес на мене, додека твојот лик ми ја распара душава?