Најубавиот дел од мене е токму оној кој што ти ми го остави. Најубавата моја карактеристика е што сум твоја. Ти си мој. И јас сум целосно твоја. Дури и сега,кога сме разделени,ти сеуште си мој. И кога ќе љубиш друга ти повторно ќе бидеш само мој. А јас твоја. Во сите вечности ќе си мој. До крајот на времињата и после тоа. Првиот срамежлив бакнеж,ретардираното запознавање со твоите кога видов дека кај тебе дома е се средено и модерно и јадевме шкампи а јас посакував да има гравче и немаше расфрлено гаќи во дневна како кај мене,првата надеж,првите планови,првата љубов. Само еднаш нештата се случуваат за првиот пат. Кога ќе се случат повторно,дури и да се подобри се само копија која потсетува. Понекогаш ми недостасуваш. Понекогаш не. Но најчесто да. Пред спиење. Се потсетувам колку бев среќна кога си зборевме и секогаш ќе ти заспиев на телефон Од се срце ти посакувам среќа. Само тоа ќе ти го кажам. Заслужуваш,ептен посебно човече си I will miss you forever,like the stars miss the sun in the morning sky.. https://www.youtube.com/watch?v=TdrL3QxjyVw
Ми недостигаш... Изморена сум од броење на секунди, минути, денови. Од гледање на мобилен постојано. Уште една недела мора да се издржи...
Зошто тоа ми го направи неможам да си објаснам ни самата на себе, ни на сите други околу мене ...И не ме интерсираат прашањата од другите , страв ми е што неможам себе да си одговорам зошто се случи сето ова. И морам да прифатам дека те изгубив и дека сега морам да заминам далеку од тебе , те сакав и те сакам повеќе од животот мој .................
Ти си ми се љубов моја иако некогаш се караме без врска и сме си лутни еден на друг но сакам да знаеш и кога најмногу сум ти лутна и тогаш најмногу те сакам...Те сакам дури повеке и од мајкати и таткоти ии нема да дозволам да те загубам никогаш би сакала целиот живот со тебе да го поминам...Те сакам повеке од сите твои претходни девојки шо те сакале твојата прегратка ми е најсигурното место на овој свет би можела со денови и денови да не излегувам од неа Би сакала да имам син ист како тебе ....Само малце појше да учиии .... Се додека те имам тебе јас никогаш нема да бидам сама целиот свет да се сврти против мене ако ти си прокрај мене јас никогаш нема да бидам сама...
Убав тој,љубоморен е оти сум на американска свадба. Не се секирај љубов,не ме чекаат со прстенче сватовите таму
Се обидувам да изгледам јака пред сите кои ме напнуваат зошто јас и ти прекинавме, зошто кога толку многу си одговаравме.. А јас?! Јас се смеам, демек мене ништо не ми е, мене ти воопшто не ми фалиш. И веруваат.. Ама реалноста?! Реалноста е она што ми го повторува мајка ми секој ден. Реалноста е дека нешто ме јаде одвнатре, немам мир. Длабоко во мене ми фалиш по малце.. Ми фали да ми се јавиш така изненадно како што си знаеш ти за да ме слушнеш. Ми фали да ме гушнеш така најсилно, дури воздух да немам. Ми фали да ме бакнеш на челото и да ми ја погалиш косата. Ми фали твоето умилкување кога си крив и кога знаеш дека ептен си ја заебал работата. И кога ќе се пикнеш така целиот во мене како некое кутре кое си бара засолниште. Ми фали да ми повторуваш колку ме сакаш... Толку многу можевме да бидеме.. Толку многу, а не сме...
Не ме расплакувај. Лесно е да се биде кромид,ама добар дечко еее....тоа е предизвик Иронијата е што не ни си ми дечко
Колку многу само сакам да те видам.. да те гушнам силно како порано и да го добијам тоа твое ненадејно Знаеш дека те сакам.. И да не е вистина сега не е ни важно, мене ми значи..И не е важно што ќе биде со нас се додека си блиску до мене...сеуште ми фалиш.
Сакам да кажам... Златичко знајш колку многу те сакам нели?? Во секое време знајш да измамиш насмевка на моето лице!! Се прашвам понекогаш со што те заслужив? Многу ми недостигаш вечерва <3 <3
Душо сега сватив, нашата врска се одвива по твои правила, јас и ти ќе имаме дете тогаш кога ти ќе сакаш, нема ако до нашата годишнина не се промени нашата релација од врска во брак, брак и деца ќе чекаш од кога ќе дипломирам! Ете така да си знаеш. Last night was a huge disappointment for me.
Дај избаци се од негде ... почнуваш да фалиш ... а тек кога ќе отидеш ваму .... како ќе преживеам ни сама незнам
Сеуште не можам да одлучам кој момент ми беше по тажен-оној кога ја одбра неа или оној кога разбрав дека ти го скршила срцето. Кога разбрав „веста“ ми ја кажаа возбудени, не знам веројатно мислеа ќе се израдувам или нешто,но не. Се што почувствував беше гнев кон неа што те повредила. Ти неа ја одбра,но колку и да ме болеше се што можев да помислам е дека се надевам ќе те направи среќен. Прекрасна личност како тебе не заслужува ништо помалку од неизмерна љубов и среќа,таа не ти го даде тоа,сигурно некоја друга ќе ти го даде. Нема да бидам тоа јас,но ти ветувам ќе бидам среќна ако те видам без солзи во очите само со насмевки. Не ме заборавај те молам. Те молам...