Највеќе се нервирам кога ми се лутиш и си нервозен со мене, а јас не знам од која причина!! Епа мајко му стара кажи, олесни се и себеси и мене. Нема потреба да ми кажуваш дека се е во ред, знам кога не е. Се надевам не се работи за некоја друга Никогаш не ги разбирам твоите постапки. Се надевам дека е минливо
Тебе човеку, тебе не е лесно да те заборавам, всушност не сум ни пробала ама знам дека и да пробам попусто ќе е. На моменти заборавам на болката и сум спремна да бидам весела ама ти не дозволуваш бе, веднаш ми се појавуваш пред очи и тогаш јас се присетувам на се, на секој момент, секоја секудна која ја поминував со тебе. Кога те гледам ми доаѓа да ти се закачам и да ти изнакажам се што ми лежи на срце да ти се изнаплачам и да си заминам. Да те оставам сам, да размислуваш и после тоа да ми се јавиш и да ми кажеш дека ја разбираш мојата болка и дека се ќе биде како порано, дека ме сакаш сеуште дека не си престанал да ме сакаш дека од сега па натаму ќе бидам твојата мала и никогаш нема да ме дадеш на друг. Сакам пак да сум со тебе и нема да ме интересираат озборувањата што ќе ми ги кажуваат за тебе, само ти ќе ми бидеш важен само тебе ќе те сакам како секогаш.
До кога јас ќе ги држам сите конци и ти ќе престанеш да се однесуваш како идиот? Ќе те посторојам на денот за разговор како војник пред мене и ќе решиме еднаш и за секогаш. Се плашам од твојот одговор, ама нека се скине кај што е најтенко, затоа што и јас се изморив. Не се изморив, се преморив. Ако продолжиме, ветувам дека ќе те чувам и сакам, ако и ти ми возвратиш на истиот начин. И веќе нема да те повредам. Ако заврши... ќе ме скршиш, парче ќе ме направиш. Јас сега не сум целосна, ама уште се надевам на тој разговор, дека нешто ќе смени. Ама ќе те преболам, не знам кога и како, ќе биде тешко, ама ќе го сторам тоа и ќе ти биде жал што си сакал да си заминам. Ќе ти биде и ќе ме бараш, а јас дупло ќе ти вратам. А сеуште се надевам. Имам надеж. И ќе имам. Се надевам бе, во тебе, во нас, дека тој ден ќе ме фатиш за рака и ќе ми речеш „Остани, те сакам“. Се надевам, дека нема да гледаме гордост и двајцата. Се надевам дека нема да ме заборавиш.
И пак тоа чудно чувство. Мој си,те имам,ме имаш....а чувствувам како да сум те изгубила,како да те нема. Или само однапред ја исплакувам разделбата што само постои во мојата глава? Или подсвесно знам дека еден ден,ќе морам да стегнам заби и да те напуштам. Со тешко срце.
Веројатно јас сум од оние типови луѓе што не ми можеле да кажат не на тоа прашање. А не знаев дали сакам да почнеме врска, зошто свесни сме дека сме на огромна далечина, ама си реков дека ќе земам се` од животот. И убаво ми е, засега. Не дозволувај те молам да избегаме од колосекот, да западнеме во рутината на здодевен, патетичен пар... зошто не сме ние од тој калибар. И не давај ми премногу да се приврзувам, држи ме на одредена дистанца додека го подготвам срцево за овој предизвик.. Ако треба да биде, ќе биде.
Многу тее сакам,но некако се осеќам празно,тажно.Ни сама незнам што ми е,ми треба малце простор,сакам да не се гледаме толку често,зошто се плашам да не пукне..ме фаќа депресија,а кога ќе те видам сакам да те гушнаааам силно,силно најсилно..Стварно незнам што ми е..Ама покрај се ТЕ САКАМ
Ако така ни било пишано, така нека биде. Ако имало и втор пат, ќе има и трет пат. Се надевам ќе си го средиш животот и ќе си го најдеш својот пат. Ти бидими жив и здрав, па друго се е пролазно. Мил мој, се најубаво ти посакувам. Но, нема да те чекам, тоа е долг период. Извини.
Да не беше ти до мене, мислам дека досега ќе ме врзуваа во бела кошула. Најдобар антидепресив си ми. Мислам да почнам да те препорачувам.