На овој ден најмногу му се надевав и му се надевам. Не знам зошто, онака си го имам тоа чувство. Немој да ме разочараш, ми вети разговор во 4 очи. Срцка, сите прават грешки, па и јас исто. Никој не е совршен. Никогаш не мислев да те повредам. Не заборавај дека ти ме имаш посрамено, повредено и ми имаш згрешено најмалку 50 пати и исто толку шанси сум ти дала. Не заборавај дека ни ти не си совршен. Една шанса за разговор е најмалку што можеш да направеш за мене, покрај тоа што е готово.
Толку те сакам што кога некогаш ќе те снема,и си ги замислувам најлошите сценарија дека ме изневеруваш или дека си мртов,се надевам дека си мртов
Те сакам премногу најмил мој, едвај чекам да те видам ,да те гушнам и бакнам .Многу ми фалиш криво ми е за вчера што немавме многу време да се видиме .Те сакам
Зошто не си мој? Всушност мој си, ама те немам. Можеби нема да го разбереш тоа, ама јас најдобро си знам. Би направила се, ама буквално се, за повторно да бидам со тебе. Сонувам, копнеам, мечтаам за денот кога ќе дојдеш и ќе ми кажеш дека никогаш не си престанал да ме сакаш, дека ти недостасувам. Со секој поглед и разговор садиш надеж во мене, ја храниш, ја одгледуваш, ја растеш, ја развиваш. Ќе направам се, ако треба прст ќе си отсечам за да ми простиш, да прејдеш преку таа глупа гордост. Добро, тебе машкото его ли ти е повредено или навистина не сакаш да бидеме пак заедно?! Знам дека треба да „пораснам“ уште малку.. ама неможам да чекам, знаеш дека ми недостасуваш, знам дека ти недостасувам - што повеќе треба? Битно било што ќе кажат другите.. да бе да, ако живеам јас за другите кај ќе ми биде крајот. Срамота било.. за другите не е срамота кај што разликата е поголема, кај нас е срамота ахам да.. Знам дека ти недостасувам, ми кажа, се сеќаваш? Знаеш дека ми недостасуваш, ти кажав, се сеќаваш? Си недостасуваме, гордоста не ни дозволува повторно да си пријдеме, знам. Ама не бива вака човеку, тешко е, неподносливо. Секое ќоше ме потсеќа на тебе, секој стих, збор, се!! Искрено, ЗАСЕКОГАШ ТВОЈА мала
Ете бе ете. И ти излезе со другари сам,а јас седев дома,не од што сакам туку од инает. Ти докажав колку не сум како тебе,да те малтретирам со пораки,објаснувања,и допишување. Сфати сите сме љубоморни,само некои помалку го искажуваат тоа. А утре,нема ни да те прашам ни каде си бил,ни со кого,а знам се И 'искрено не сакам ни да ми се јавиш кога ќе си појдиш. Помирна ќе сум вака.
Насекаде околу себе го гледам твојот лик,буквално во секој автомобил,во секој случаен минувач и за жал со различни девојки некогаш црнки,некогаш плави опседната ли сум со тебе,дали тоа е желбата и копнежот да те видам или навистина тоа си ти само што моите очи недогледуваат или едноставно не им одговара да ја согледаат реалноста,се чувствувам како да полудувам . Проклето многу ми фалиш но ништо неможам да сторам нешто да се промени.
Многу ми недостасуваш.. Почнуваме пак со одбројувањето како и секогаш, нели?! Се надевам дека набрзо ќе дојде денот кога нема да морам да ти кажувам толку често збогум. Те сакам