Ти си мое злато, ти си мое сребро, ако фатиш друга ќе ти скршам ребро! Роѕt Ѕсiрtum: Да си го јадиш газо, али те ќеро мучоо! ајајај...
Сакам да кажам... Сакам да ти кажам уствари да се раздерам на цел глас од тука до небото за да можеш да ме слушнеш, недостигаш!! Не ти бев лута, само не можев да си го простам тоа што го направив. Нема да ти ја заборавам насмевката, ниту првата прегратка, ниту раката во коса... Се уште поминувам од она место мислејќи дека ќе те сретнам, но залудно. А ќе се сретнеме повторно знам. До тогаш... Си биле двајца и си оделе!!
Ти си она делче што ми треба. Ти си оној кој ја има таа вдлабнатина на рамото каде што мојата глава се вклопува. Ти го чувствувам срцето како ритмичко, брзо бие. Ти ги почувствував нозете како ти се тресат. Истиот мирис, истиот бакнеж, истата прегратка, истото однесување, ништо не се променило. Сеуште те сакам како порано дури и повеќе. 2 ипол години, нема бе човеку никогаш нема да ми здосади од тебе, не ми вели дека од се ќе ми здосади кога знам дека нема. Од тебе нема никаква шанса да ми здосади. Не знаев дека и ти си сакал да бидеш со мене. Конечно ќе ги слушам тие твои зборови: маче мало, срцка, мала.. Конечно ќе имам шанси да ти го кажам сето она што не успеав да ти го кажам.
Не сум среќна повеќе. Кога ќе се залепи нешто кое што е скршено никогаш повеќе нема да биде толку убаво. Пукнатините нема да исчезнат со неколку извинувања. Скрши чинија,извини и се,и види дали повторно ќе биде каква што била.
Сакам да лежиме на кревет и да гледаме во таванот,додека надвор врне. Да гледаме цртани. Да јадеме киви и цитрони и лимони. Да пиеме зашеќерени кафиња. Да гледаме кон тмурните облаци. Да ги читаш моите творби. Да ги гледам твоите очи постојано. Да ги поминеме овие денови заедно. Да ти се заблагодарам што се грижиш за моето здравје. Да ти кажам колку многу се топам кога ми кажуваш дека ме љубиш. Кога ме нарекуваш љубов. Будиш некои тајни енергии во мене за кои ни јас,самата не знаев дека постојат.
Уморна сум од сите сериозни разговори завршени со добро, во ред уморна сум од давање шанси за да смениш нешто уморна сум од лажни ветувања уморна сум и од далечинава од неспани ноќи од размислувања од наоѓање подобар начин како да те убедам да почниш да ги менуваш работите полека од твојата не одговорност незрелост Уште колку треба да чекам м? Уште колку сила ми преостанува.
Кога те погледнам, ја чувствувам страста и дивата страна на животот, но кога те погледнам ми го даваш чувството на сигурност и топлина. Го сакам тој поглед.
Кога грешиш и сваќаш згреш ами оти пак се пофторува истово и пак и пак а???? Зарем не свати после или ти фали нешто во тиквата цццц господ да чува.
Фала ти љубов што на секаков начин успеваш да ми го разубавиш секој нареден ден . Знаеш ли колку убаво се чуствував деновиве опкружена со твоето семејство (извини но ми треба време да се навикнам да викам нашето )Прекрасни луѓе се твоите и многу ми е мило што со мене се однесуваат како да сум нивно дете Се беше совршено но неделниот заеднички ручек ме исполни ептен ми даде смисла а богами и замисла за иднината за заедничкиот наш живот Те сакам
If we'd go again All the way from the start I would try to change The things that killed our love Yes, I've hurt your pride, and I know What you've been through You should give me a chance This can't be the end I'm still loving you
Ми фалиш ко А1, на опозиционер за изборна кампања, ко на пензионер 10 дена гратис у катлановска бања. Ми фалиш ко ќотек шо и фали од Крис на Риана, ко расчурена цигара, усред центарска кафана. Ми фалиш ко веѓите на Марјан шо фалат на естрада, ко на баба ми шо и фали да гледа на Пинк- Гранд парада. Ми фалиш ко морал, што и фали на спонзоруша, ко на сељак шо му фали за викенд Зона Радио да слуша. Ми фалиш ко риби у Вардар што им фалат на рибарите! Те сакам копукче ниедено!
Љубов моја! Среќна сум што те видов денес! Ми го разубави денот. Секој ден мојата љубов за тебе расте се повеќе и еве, останаа уште дваесетина дена и ќе се гледаме почесто, едвај чекам! Летово ми беше ужасно тажно и долго без тебе. Најважното е што повтовно те видов. И знам дека тажните и депресивни денови без тебе нема да ги има уште многу. Верувај ми, денес кога те видов, како да огреа сонце во мене, ме натера да сјаам за тебе, знаејќи дека од тебе не ми е ништо поважно. За тебе ќе издржам се, колку и да боли, колку и да е тешко. Те сакам најмногу!