Кога сум со тебе сум најсреќна на цел свет. Не ми треба никој друг ,знам дека ти ке бидеш секогаш тука до мене. Со тебе сум сигурна ,сакана. Те сакам најмонгу најмил мој. Само мој
Сакам бебе од тебе, ама ако не е вакво бело и буцкасто, му го враќам на штркот во препорачана пратка. Во ПМС криза сум, се моли мојот сакан да ја занемари мојата изјава.
Ти требаше да бидеш причината поради која ќе се будев насмеана и среќна но штета само ми причини нови солзи ништо ново ништо поразлично .
Ништо,кога ќе дојдат моите 5 минути ќе видиш што муабет ќе излезе од мене. Верувам ќе паднеш во несвест, ама после ќе ти кажам дека се шалам. Знам дека нема да ти е лесно, ама памти па врати.
Eх една песна колку спомени ми враќа ,едно време ми симнуваше ѕвезди со песни од Паркети http://www.youtube.com/watch?v=fu5IMJ-Mqpw
Изминаа години. Ништо веќе не е исто. Ние не сме исти. Чувствата не се исти. Веќе ми е сеедно. Дали ќе вреди да се трудиме да вратиме нешто што било одамна или се` ќе биде залудно? Потруди се... Бидејќи не сум истата таа која ја познаваше. Не паѓам веќе на лажни зборови и ветувања. Сакам докази.
Не си свесен колку те сакам, ама тебе не ти е гајле зашто си СЕБИЧЕН!!!!! Никогаш не помислив дека некој ќе ме повреди вака на најлошиот начин. Многу боли, повеќе од физичка рана .
Никогаш не можев да предвидам што точно ќе сакам утре. Ниту пак, дека ти тоа нема да ми го донесеш. Дека нема да долеваш бензин во огнот кој вечно ќе гори во мојот дух,а ниту пак,сол на раниве кои вечно ќе печат на мојата кожа. Никогаш не ми го погоди омилениот колач,а откако ти кажав кој е,никогаш не заборави да ми го купиш. Не знаеше како да се справиш со мојата себичност,мојот инает,мојата нескротлива душа кој го гледаше духовното,а го чувствуваше материјалното,не знаејќи дали кога ќе се раздени ќе се најде во прегратките на оној кој ја љуби подарувајќи и нешто кое што го сакала засекогаш,или кај некого кој и го позајмил тоа што го сакала во моментот. Се што сакав беше,некогаш,да ми се налутеше. Да се навредеше,прв да ми спуштеше на телефон после жестока караница предизвикана од моето его,без после тоа да се јавеше и да ми се извинеше,за нешто кое што никогаш не си го сторил. Само така,ќе сфатев дека сум подло,себично ѓубре кое не знае туѓите потреби да ги става пред своите,и ќе го направев првиот чекор. А доколку повторно,тие одвратни делови од мојата психа победеа,барем немаше да се чувствувам толку виновно кога ќе се сетам колку многу повредив човек кој моите каприци ги става пред своите идеали,правејќи голема грешка која никогаш му ја немав посочено. Одвај чекам,кога ќе ја зграпчам првата шанса од ѓаволчето на моето рамо кое постојано среќата ми ја краде,да клекнам на колена,и со лице полно љубов која одсекогаш си ја заслужувал да ти кажам колку ми е жал,да ја почувствувам таа среќа кога ќе ми „падне чинот’’,кога ќе ја занемарам својата себичност и ќе осетам како осеќаш дека конечно ќе бидеме среќни. Со камата ќе ти ги вратам сите прекрасни моменти. Ме мазеше и пазеше,а ме скроти повешто од најстрогата личност на светот.
Ти си од оние личности што не можат среќни да седат. Постојано си бараш рчки и ствараш проблеми за џабе. Чоече ако сакаш твојот живот да е ко шпанска серија со секојдневни драми, молим те мене не ме малтретирај Ми б‘ктиса више цело време со тебе да се расправам за ситници. Треба да научиш кога е доста и кога треба да се премолчи. Господе боже, толку осет да се немало