Моето второ име е инает, но со тебе само не е ни малку така. Секогаш попуштам, емоциите, чуствата не ги кријам за што к**?! епа толку од мене. дур не сфатиш дека треба да си останеш на збор, дека никакви изговори не прифакам се додека нешто е ДОГОВОРЕНО ти си кривиот, ти треба да знаеш да се снајдеш не да наоѓаш изговори мене да ме набедуваш и ја да сум лошата, епа нема више!
Извини... Не можам да простам. Не можам да си простам. Знам дека ти должам објаснување, но стравот да те изгубам ме задушува. Згрешив. Требаше да знам. Боли кога те гледам. Боли секоја помисла дека те направив будала. Ништо нема да ја поправи празнината. Ветувам дека ќе се борам за нас. Нема да се откажам од ова толку лесно како за се во животот. Сакам да бидам со тебе. Секој ден. Засекогаш.
На бившиот :се сврти кругот, доџе маца на вратанца али на моја врата има катанца и не е дека немам никакви чувства кон тебе туку сфатив не ме заслужуваш и чисто од ќеиф да страдаш малку оти знам колку ќе ти се скрши егото
Ти си мојата љубов, една и единствена. Не ми треба ништо повеќе, само ти да си покрај мене засекогаш...
Не си за на овој свет. Никаде не можеш да се вклопиш се правиш најпаметен, а далеку си од тоа. Престани сите да ги оговараш како стара баба на селска чешма. Едноставно не знам зошто земјата уште те држи. На крај врати се онаму од каде што си излегол.
Секоја ноќ пред да заспијам ти си ми во мислите .Ти си некој мил што го сакам,сакам да бидеш до мене и да ме згрижиш во твојата силна прегратка за секоја болка да исчезне, но тажна е и оваа ноќ без тебе затоа што те нема покрај мене
И вечерва дремам дома заради тебе. Не затоа што не ми дозволуваш,туку затоа што знам како е кога некого го мислиш. Особено во петочна и пијана вечер .. Ех бе дали јас вака дома сум седела порано.
Сакам да напишам на еден камен „Ми недостасуваш“ и да ти го фрлам во лице, па да видиш колку многу боли кога ми недостасуваш...
Дојди да ме гушнеш љубовче,се плашам кога грми.. ми треба твојата силна прегратка за да се чуствувам сигурно.
На секоја жена и посакувам да има маж каков што си ти, маж во вистинска смисла на зборот, немам зборови со кои би опишала што си ми ти на мене и колку те љубам. Секој треба да заслужи во животот, да има ваква љубов како нашава. Ти си радост, среќа, љубов, задоволство...
Сакам да си до мене. Сега. Засекогаш. Се потскрши нешто ноќва во мене. Почувствува? Веќе ми недостигаш. А,толку многу ме живна....