Само проклето ми недостигаш. Немаш поим со колку елан го чекам денот кога ќе си дојдеш. Барај ме почесто. Се чувствувам мизерно.
Е да и ја се заљубив во тебе,сакам пак да ми речеш за да бидеме заедно,те мислам и за женкар и ме нервираа таа твоја бивша за која ме убедуваше дека не одиш со неа ама па мислам дека ја сакаш и за тоа нејќам да сум со тебе особено кога ке те видам како стоите заедно си се смешкате или кога ке ја гушнеш аууу лошаа работаа и таман ке си речам не ми е гајле за тебе ти тогаш ке ми пишеш па ке почнеш со срциња,300 чуда и па кога ке ми се ставиш у мисли па ке ме изнервираш и ке те снемааа
Те сакам те сакам и те сакам ! Ти ме правиш среќна !Неможам без тебе ! Вечерта кога спиеше те гледав ,гушкав и бакнував и пуштив некоја солза од среќа што те имам најмил мој
Сакам повторно да заспијам на твоето рамо,да ме гушнеш така убавко како вчера и да заспијам,а ти да си продолжиш да гледаш филм кој требаше да го гледаме двајцата Само немој повторно да ми го исклучиш алармот со цел да не си одам рано и да останам кај тебе на спиење..
http://www.youtube.com/watch?v=0U4BjDS_NyM Не сум многу по ваквите песни али оваа обожавам да ти ја посветувам
Сакаш на кафе со мене? треп Сакаш да газиме лисја во парк за некоја недела? треп Сакаш да си дојдеме дома после цел ден шетање и да заспиеме смеејќи се? Сакаш да се возиме цел ден, а јас како кученце со главата надвор да бидам и да слушаме Леб и сол? Сакаш да разговараме за сериозни теми, како на пример, семките од пиперка?
Не знам што направив за да те заслужам тебе, но знам дека денот кога те запознав ми се смени животот за 180 степени. Ми ја покажа среќата, искрените насмевки и радости. Секој ден му благодарам на Господ што те стави на мојот пат. Те сакам најмногу на цел свет! И фала за изненадувањето сабајлево. Нека ни се множат годините
Ти си нешто најубаво што ми се случило во животот! Без тебе животот би ми бил свет без бои, досаден и тажен..несакам да си заминеш или да ме оставиш, остани до мене како што беше до сега.. многу те сакам!
Ти благодарам што секоја вечер ми ја правиш посебна и ти благодарам за изненадувањето синоќе Те сакам знаеш....
Кога не сум со тебе, не сум целосна... Кога минувам покрај нашите места ми наидуваат толку спомени, ми доаѓа да се смеам и да плачам во исто време. Знам дека ова е само фаза љубов, знам дека ќе биде подобро. Заедно ќе поминеме преку се... P.S. Кога конечно ќе те видам, ќе те изедам да знаеш. Те сакам.
Абе никни од некаде,ко в земја да пропадна! Излези бре лепота од чоек! Де те има,де те нема.Како чад си. Кај си бе иначе? Ако,ама ако,кога се работи за тебе...ама ако
Ми се здосади бе....од се!!! сакам да одам далеку негде сама и никогаш да не се вратам... Ти си среќен а јас ??????? јас патам за тебе бе будало уличарска.... ти беше роденден се испијанивме се изнамувавме...а ти не се сеќаваш??? или глумиш? (епа ако глумиш тогаш престани оти не повредваш.... не можам феминки појке се умрев од плачење....помош!!! знам не вреди сега треба насмевска и глата горе ама машкото...е женска слабост...