Јас бев таа која се колнеше дека нема да се одкаже од нас. Но, која е целта на борбата кога ние ја губиме војната. Не правиш ништо, ист си како и секогаш, а ужасно болиш. Ми недостигаш.
Уште сега почнуваш да ми недостасуваш, а камо ли ко ќе ми заминиш за 2 недели, на 2-3 месеци..не е кој знае колку далеку ама пак Се надевам ќе имаш можност да си доаѓаш по некој викенд хух
Посакувам прегратка од тебе...само гушни и шепни ми дека се ќе биде во ред...ми треба сила,се осеќам ранливо
Ми се чини дека овој период ми е омилен за да го поминам на планина со тебе. Секое утро да се тегнам под јорган како мачка, додека ти долу ми спремаш кафе. Да се расонувам додека го слушам огнот како крчка и да направам доручек за двајцата. Уште малку... Шкрткам денови од календарот
Љубов моја! Со секој ден се вљубувам во тебе се повеќе и повеќе. Секогаш кога ќе те видам ме правиш најсреќна. И тоа што ми пиша денес ме израдува премногу, не можам да ти опишам колку! Те сакам најмногу!
Ме боли оваа далечина, ме боли секоја секунда без тебе, ме боли тоа што не сме заедно а се сакаме, ме боли што те нема да ме утешиш кога ми е најтешко, ме боли што проклето ми треба да ме гушнеш ТИ,ме боли што можеби и никогаш нема да сме заедно а се сакаме искрено ми требаш мило мое толку ми требаш
Ми недостасуваш злато но како што ти ветив ќе се гледаме почесто. Викендот се ближи, не те пуштам од прегратка Знај најсакан си
живеам за денот кога ќе се разбудам наутро и нема да ми поминеш во мисли. живеам за тоа еден ден пак да сретнам а во очи да ми бидеш странец. живеам за тој ден кога се ќе заборавам и ќе те препуштам на минатото. не сакам да имам никакви чувства за тебе.не сакам да сум ти лута,ни да те мразам,ни да те сакам. ти си мое минато.и остани таму.не ми ја чепкај сегашноста.
До пред еден месец ти ми беше најголемата поддршка, а сега кога се наоѓам во тешка ситуација ниту еднаш ме немаш прашано како сум... Срам да ти е!!!