Теле едно со тебе почнав за одмазда а сега тебе ти се одмаздувам на истиот начин .... Зашто правиш вака м ? Дај нека се врати како што си бевме порано .... ми фалиш ...
Се нервирам кога се нервираш за глупости бе,па неможе се да се среди во една ден тоа добро го знаеш. Ти си исплашен како што ќе биде дали се ќе се среди на време. Ти кажав колку можам ќе средувам сама па тоа да трае и 3 дена,ти одмарај се нема да ми биде тешко верувај.Затоа што знам дека тоа ќе биде нашиот дом,со љубов и среќа ќе работам се што е потребно за а ни биде удобно,убаво и чисто
Среќен поглед низ трепките поспани, нежни допири на врв на прстите, споделени страсти и зборови што ја рушат тишината низ времепловот...
Ако, подржувај ја неа ти. Ама знај едно нешто. Се што таа има е его, а јас имам љубов. Сега нема назад. Готово е. Ти знаеш како се чувствувам за тебе, а јас знам дека надежта во твоја близина не постои.
Ми треба closure од тебе. Не дека некојпат се имале нешто ама почнувам да се измачувам од тебе и од твоето топло-ладно играње со мене. Незнам дали сакам крај или почеток со тебе. Незнам ни ти што сакаш, а како и би знаела? Знам дека брзо ќе ми дојде се' преку глава и дека пак ќе направам некоја глупост, само за да прекине оваа игра што ја играме веќе многу време.
Настинато мое меченце, колку ми е жал да те слушам како едвај збориш... со помин нека е душичке, знам дека со мојата љубов, антибиотикот што ти го дадов и твојот јак мажествен имунитет ќе ми оздравеш како кутре. Те сакам и слатки сништа.
И јас ќе бидам целосна само кога ќе бидам покрај тебе засекогаш -морав да те копирам но истото го чустувам и јас љубов моја
Што имаш толку посебно во тебе? ШТО Е ТОА? Таман мислам дека можам без тебе, пак се враќаш и секое враќање ми нанесуваш болка.. Зошто олку ги комплицираш работите? Одлучи се еднаш, не знаеш што сакаш. Се правев за тебе, СЕ што требаше и не требаше да се направи. Со што заслужив да ми правиш вака незнам.. А сакам да знам.. Со што заслужив вака да ме повредуваш? Нека престане веќе еднаш ова мачење.. Незнам како, но мора да престане.. Неможам повеќе!
Ме мислиш и во Призрен. Покрај сите состаноци и шит тестови денес, најдов време и со селери да се заебавам. Само заради тебе. Тоа може да значи само една работа.. Кхм.. I may be slowly falling in love with you. 28.12.2014. I'm getting you that doodler even if it's the last thing I do.
Абе сон си , знаеш ? Ме прерадува како да ти кажам .... само малку фалеше да ги кажам тие два збора , ама ќе си почекам
http://www.youtube.com/watch?v=kz-O9Pily-0 Потполно вака се чувствувам... И срцето ќе ми препукне од радост што те гледам после три месеци.
Те сакам. Не знам што ми се случува. Од секогаш гледав на прво место да се ставам себеси. Гледав да уживам, а да не ја губам контролата. Но, еве ме сега. И во 03:30 часот во ноќта, ти спиеш, а јас... Јас плачам. Од среќа, од копнеж, од болката која ја чувствувам кога те нема. Одамна ја тргнав маската пред тебе. Ги соголив чувствата. Станав зависна, од тебе, од твоето постоење, од твоите зборови, допири, бакнежи. Ти го храниш мојот дух. Јас можам да егзистирам без тебе, но ќе бидам жив мртовец. Ти ме исполнуваш, ти ги будиш сите овие прекрасни чувства, ти ми дариш моменти за паметење. Ти благодарам, затоа што таа ноќ кога се запознавме ми пријде. И еве повеќе од пола година сме заедно. Ти благодарам, затоа што ме држеше за рака додека станував од рушевините во кои бев потонала. Му благодарам на бога затоа што те запознав.
И на крајот секогаш си ти. А знам дека не треба, знам дека треба да бидам далеку од тебе. Знам дека треба да дозволам на друг да биде во моето срце. Но не можам затоа што ти си на секаде околу мене. И никогаш никој не може да ме сфати зошто толку многу те сакам. Затоа што можеби ми даде повеќе од било кој што ми дал и што може да ми даде? Затоа што ти го имаш она што другите го немаат? Зошто е толку тешко да те преболам? Ми велат дека не дозволувам. Многу грешат. Сите многу грешат. Јас се обидов ама по исцрпна борба пак не постигнав ништо. Пак од почеток, пак ти.. пак овие силни чувства. Се борам против тоа. Ама не можам, не успевам. Помегу чувствата и мене она првото е секогаш победник.
Љубов моја! Дури да треба да чекам и вечно, ќе те чекам. Затоа што знам дека за тебе вреди. И ќе се изборам со се. Знам дека љубовта која ја чувствувам кон тебе е најсилна, ти ме водиш низ деновите да бидам се посилна. Те сакам најмногу!
А, бре! Те сакам, знаеш ли?! Добро знам дека знаеш, но многу сакам да се преправам дека не знам, па да те „убедувам“. И тоа колку многу те сакам! Е, тоа сигурно не го знаеш. Толку многу те сакам, што мислам дека ќе експлодирам! Ете ме, готова сум. Ама, затоа што не можам да го направам тоа, многу сакам сета оваа енергија да ја пренесувам врз тебе. Во превод - многу сакам да те „тепам“. Значи, каков си! - човек да те фати и да те згмечи! Чисто онака, од премногу љубов.