Grci zbog ljubavi unistili Troju,ja bih sve srusio za ovu moju. http://www.youtube.com/watch?v=qlf0yk6J17M
Како ми се испушти да ти кажам дека те сакам, сега јас ќе си го чекам твојот момент. А мразам да чекам, ме јаде нестрпливоста и мислам на негативни нешта.
Сакам кога сум со тебе,ме радуваат плановите за нашата заедничка иднина,уредување на нашиот иден дом,деталите,и тоа што сакаш да ми угодиш....како да сонувам.....
Kako je dobro vidjeti te opet... Најпрво да ти кажам и по скоро 2 години моите чувства кон тебе не се променети, напротив секој ден се повеќе и повеќе те сакам, а ти многу ме повредуваш, се навикнав веќе, се навикнав и без тебе, но сепак знам дека фали еден дел од сложувалката за да биде комплетна. Сега да беше исто како и лани, верувај многу поразлично ќе беше, многу други работи би направила, но нема назад. Има ли уште шанси и надеж за нас, м? Да знаеше и ти добро ќе беше. Навистина сум збунета, но ќе видиме времето ќе покаже што понатака нели. Викаат пушти го нештото нека си иде. Ако се врати твое е, ако не се врати никогаш не ни било. Ти на некој начин се врати т.е се враќаш, дали значи дека си мој ღ ?! Имам многу прашања, но ниеден одговор, се надевам се ќе биде со тек на време. Би те гушнала во моментов потребна ми е твоја прегратка, но... Да можеа точките да зборат!
Сакам да можев сега да фатам еден експресен воз, за 2 саати да бидам кај тебе и да те гушнам еднаш силно-најсилно и да те бакнам. Само пет минути ми требаат, и ни тие не можам да го добијам. Велиш, ако се сака - се се' може. Препрочитувам по неколку пати и се прашувам дали е навистина така. Одбројувам денови до 8ми, до твоето доаѓање. Не сакам да се надевам, за да не се разочарам, но се радувам зошто после 8 месеци повторно сум среќна и срцево ми трепери. Чувство што одамна не сум го сетила в гради..
Ме повреди, ме уништи како можеше на мојот роденден ни трошка да не се потрудиш да ме усреќиш. Имаш фора до крајот на денот инаку никогаш нема да ти простам ....
Се контролирам да не кажам нешто што не е потребно. Ама не можеш бре човече да се враќаш кога ќе посакаш. Не можеш. Дај одлучи се веќе еднаш. Немам цел живот да те чекам јас додека да се одлучиш. Аман од твоето топло ладно однесување. Да беше некоја друга на мое место одамна ќе ти пишаше икс. Ама толерирам додека можам. А од сега понатаму ќе ја играм твојата игра па ќе видам кој ќе попушти прв, а тоа нема да бидам јас.
Љубов само уште некој ден и ке бидеме заедно после долго време, скоро месец се стори. Многу ми недостасуваш и едвај чекам да те видам. Ми фали твојот мириз, прегратка. Пуста нека остане оваа далечина.. Уште малку љубов.
Правам цели филмови од тоа што се имам да ти изнакажам кога ќе се видиме. Ама кога те видам, си викам ај заеби, среќна сум.
Те љубам... Те љубам заштрапан по тастатура среде ноќ, со тон кикирики до тебе. Те љубам кога заспиваш, а јас не сакам затоа што имам уште толку многу да ти кажувам, а ти ми викаш збори ми, сакам да те слушам. Те љубам затоа што пронаоѓаш симпатичност во тоа што секое мачје мјаукање го нарекувам - повик за спас, а спасот е ако успеам да го фатам, мачогалење до изнемоштување и твоето - неее, паааак... Те љубам затоа што при секој поглед нагоре додека ме гушкаш и гмечиш не испушташ да ми кажеш - го сакам овој поглед, а јас во твојот паѓам, заспивам и пливам од првиот ден кога те запознав. Те љубам во одмереноста и воздржаноста, те љубам во реалистичноста на твоите зборови, помеѓу две издишки додека срочуваш реченица и несвесно ми ја земаш дланката во твојата и ја склопуваш. Како да ти е сидро со кое ти надоаѓа текот на мислата. Ги носам твоите пижами пикнати во чорапи и си замислувам како легнуваш пред мене и ме гледаш на вратата од собата, го креваш јорганот и ми довикуваш - брзо, брзо, брзоооо, скокаааај...и скокам, скокам во бесконечноста на безгрижниот сон до тебе. Те љубам само затоа што те љубам...и не верувам дека тоа можам и да го дефинирам. Ми недостигаш, пеколно многу ми недостигаш и ти го кажав тоа, ти го кажувам и ми доаѓа кнедла во грлото. Ќе те видам... набрзо.
Цигааааан!!! Не знаеш колку ми фалиш. Не знаеш како ми е сега без тебе. Зашто бе циган на време не ми кажа дека осеќаш нешто за мене? Зашто не ми признаеше? Не очекував такво нешто да слушнам од сите околу... Да знаев дека си сериозен ќе ти беше возвратено... Заслужуваш да бидеш сакан. Одкако се освестив те изгубив Како тебе другар нема да имам веќе , а богами и никој нема да ме сака толку. Штета што си замина. Но имаш и право. Замина кај некоја што гледа што има покрај себе и нема да дозволи да изгуби таков човек како што изгубив јас . Секогаш беше со мене , а и јас со тебе... Можеби се разделивме како другари , но јас ќе те сакам секогаш. Фала ти што ми разубави дел од мојот живот циган Секогаш ќе бидам тука за тебе... VTP ( како што ми викаше ти секогаш )
Ти незнаеш колку ме направи сега среќна што ми го кажа тоа што сакав одамна да го слушнам од тебе И верувај дека така ќе биде. Љубов најголема си ми ти