Почнувам да се ладам, побогу. Не ми е доволно да ме сакаш, без да ме почитуваш. Зарем не треба да сум ти најважна?
Ти си многу добар но во животот поминав толку лоши искуства што се плашам да сакам.Не ти верував и сеа не ти верувам 100 посто али сакам да ти се извинам што беше у право.Мислев дека криеш нешто од мене но сепак увидов дека немаш врска со таа жена.
Го чекам денот,кога ќе ми биде сеедно во врска со тебе. Зошто не си се јавил,зошто не сме се виделе,зошто си излегол без мене.
Јас и ти. Сонце. Звукот на сувите лисја под нашите нозе. Совршено. Не ми треба ништо повеќе, пресреќна сум со ова што го имам
Кога сум со тебе се чувствувам среќна, исполнета со љубов... со тебе сум таква, детинесто насмеана, малку палава, своја и твоја. Сакам кога си седиме и ти ми ја префрлаш твојата рака преку моите рамена и нежно ме повлекуваш накај себе, ме гушкаш и ми ја бушавиш целата коса, а јас, јас длабоко вдишувам, со желба да ги исполнам белите дробови со твојот мирис. Те сакам мило. Секогаш.
Спојлер Имам многу работи да ти ги кажам но за да избегам поголема расправија ќе си премолчам и ќе оставам мојата тишина да ти објасни дека нешто не е во ред !
Преубаво ми беше вечерва со тебе, гушкање, закачкање, смеење и лежење во твоите прегратки... тоа да го имаме цел живот е единствениот рецепт за среќен живот, се друго се надокнадува.