Мил мој, незнаеш колку ми е мило што успеав да ти го направам роденденот незаборавен и што ја направи најубавата, најинтересна фацичка кога го виде поклонот. Е да знаеш само од утре кога ќе ми заминиш колку празно ќе ми биде без тебе, ма уште сега ми фалиш Знам дека три месеци не се многу и дека ќе си идеш по некој викенд во меѓувреме, али шта чеш, љубов... Се навикнав, секогаш кога сакам да те слушнам, секогаш кога си ми потребен да те видам, да те гушнам тука си ми во добар дел од времето. А сега, сега ... е одвај ќе чекам да ми се јавиш и да си дојдеш, срцле
Сонце јас не се нервирам, како можеш да помислиш такво нешто а уште пострашно како можеш да не помислиш????
Да сонував за толку голема среќа немаше да верувам дека некогаш ќе ја доживеам Уживам 1000 пати повеќе ах само убавиниве нека продолжат
Никогаш нема да бидеме тоа што некогаш бевме. Криво ми е. Тешко ми е. Жал ми е. Ама очигледно не ни е судено. Денес точно една недела одкако дојдов кај тебе. Не ми се верува дека до пред неколку дена бевме се а денес сме ништо.
Горда сум на тебе најмил мој ! Среќа сум што имам таков човек како тебе покрај мене Те сакам премногу
Немам толкава храброст да ја чекам твојата храброст.Време уште помалку. Се помина. Остана уште утрешниот ден како последна надеж дека ќе згасне твојата неодгатлива несигурност која болно продре низ мојот живот.Ни еден нежен поглед веќе не го оправдува кукавичлукот со кој несвесно и се подбиваш на мојата одлучност да те натерам да бидеш одлучен. За миг да го искажеш она што го чуствуваш. Доколку чуствуваш нешто секако. Ме збунуваат твоите погледи но кога не ме погледнуваш ме збунуваш уште повеќе. Можеби јас решив да се откажам од чекањето.Зошто навистина немам храброст.Време уште помалку. Сега нека те вдахне мојата изгубена верба. Можеби ќе те направи похрабар и ќе те воведе во моето искуство. Можеби универзумот овој пат ќе направи исклучок од вечното правило.Или едноставно мојата верба уште живее . Тајно.
Дозволи ми да ти ги носам глупите маици за спиење и да те бакнувам по дебелиот врат и да ти ја држам раката сунце твоје калајсано!
Few weeks left...Нека поминат побрзо затоа што чувствувам дека те губам. Се плаша. Те молам не го дозволувај тоа. Ти си ми се' !
Пишувам, бришам Пишувам, бришам Пишувам, бришам Пишувам, бришам Пишувам, бришам Толку многу сакам да ти кажам што не сакам што да ти кажам.. Не знам зашто си ми предизвик и зашто кога знам дека треба не знам да кренам раце од тебе и да се откажам? Колку може тешко да биде човекот што го сакаш да го тргнеш од себеси? Да си признаеш дека можеби не можеш ништо повеќе да направиш за да го добиеш тоа што го бараш? Колку? Не можам да се одлучам.. А те сакам, и не знам што утре со тебе само се надевам да биде добро? Ама треба ли само да се надевам дека ќе биде добро? А се молам да биде. Постојано се молам еднаш да биде убаво, еден ден да биде цел убав. И така стално се вртиме во круг, а решение ни одговор нема...
Ахх...се нервирам затоашто ме нервираш...и затоа што го дозволувам тоа...ама веќе НЕМА!!! Преку глава ми е од таа твоја апатија и незаинтересираност..или барем јас така те осеќам..па што е тоа..јас не сум човек кој сака да е сакан?!? Некогаш ме креваш во облаците..а некогаш...ми иде косата да си ја искорнам од нервози кој ти ми ги правиш....срам да ти е..те разбирам..проблеми..животот се носи,но кај никого ружи не цветаат па живеат...твоето допрва доаѓа...остај ги работите од најблиските...знам...си немал друга...но зарем не е доволно што ѕи кажувам постојано што сакам,како...зарем си толку себичен и сакаш само ти да уживаш во љубовта а да не возвратиш...толку ли е тешко да се кажат мили зборови душа да му стоплиш на некого..и тоа некој не е било кој...јас сум мил мој...таа на која и велиш дека целиот живот би го поминал заедно со неа...ахх...или ќе заврши оваа врска и двајцата ќе плачеме...или ќе се опоравиш и ќе ти текне како да се однесуваш...и ќе ја опоравиме оваа криза... Јас немам повеќе сили...ти си на ред!!!