Љубов... Незнам и јас што да мислам... ај издржи, ќе поминат брзо ќе видиш, не се откажувај, знаеш дека од мене имаш целосна подршка... А ми фалиш многу, премногу... Те сакам!
Ме обземаше неверојатна паника, темнината во која што стоев влезе во мене и сеуште сум сигурна дека ни куршум низ мојот череп нема да те тргне од моиве мисли. Дали си свесен дека си црна дупка во мојот универзум? Штета што никогаш не ни беше ѕвезда. Како песната од Pearl Jam , нели? Јас сум парче уметност,како ли се осмелуваш да ме третираш како ѓубре?
Љубов моја! Често ми се случува да заплачам навечер кога ќе се најдам сама со своите мисли за тебе. Често ми се случува и да се разбудам со солзи. Тешко ми е. Знам дека ќе останам силна, знам дека морам да останам силна за тебе, за нас! Те сакам најмногу!
Што мие мирна главата кога си на работа па дома. Шубо тој режим нон-стоп да го применуваш. да спијам раат не за друго.
Како прво, не знаеш за што те барам. Може не те барам за онака да те слушнам, може имам некој лоши вести да ти кажам. Место што ме исклучи за после да ми пишеш порака дека гледаш `филмче` со братучедка ти, можеше да ми кренеш и тоа да ми го кажеш по телефон, буквално немаше да ти одземе повеќе од 10 секунди. Како второ, дали ова твоево сега ми дава право да те исклучам јас тебе нареден пат кога ти ќе ми вртиш а јас ќе си правам интересен муабет со некоја другарка? Или кога ќе гледам јас `филмче`? Како трето, имаш среќа што не сум љубоморна!! Да беше сега некоја друга на мое место, ти ќе се правдаше и објаснуваше до зора дека братучетка ти ти е стварно братучедка а не некоја тајна пријателка и дека гледањето `филмче` е стварно гледање филм а не тркалање по кревет. Како четврто, сега ќе го ставам телефонот на сајлент па ти чуди се кај сум и зошто не ти се јавувам.
Можеби правиш се за мене.. Може се грижиш за мене повеќе отколку јас самата... Може цела ноќ не заспиваш за да ме покриеш додека јас немирно спијам.. Може не велам не... но твоите стравови ќе ни земат многу работи... Да се сака значи и понекогаш да бидеш луд и да се впуштиш во непознатото.. Јас не се плашам а и сам знаеш дека поголем паничар од мене нема. Оти еден ден сето ова нема да биде доволно.. Не дозволувај...
Абе ДРУЖЕ што е ова што се случува? Колку too mainstream работи имаме бе.. Случајности, е не се не може секој ден по 100 случајности! Разјасни ми!
Љубави посакувам цело време да сме заедно а не само по 2-3 часа мада подобро нешто отколку ништо,едвај ги чекам деновите кога цело време ќе сме заедно,никогаш нема да ми се здосадиш,се надевам дека нема ни јас на тебе xD те сакам премногу љубави
Знаеш ,кога ќе ме прашуваат за мојот дом секогаш помислувам на тебе. Иронично е што ми нанесе толку ирационална болка а јас повторно се чувствувам поприфатено и поудобно во твоите раце отколку во сопствената куќа. Уште од самиот почеток знаеше дека помеѓу моите коски се скриени безброј галаксии и дека ќе те љубам додека ѕвездите не изгорат. Иронично е што и ја користиме болката за да се ослободиме од истата.
Најгадно е чуството кога знаеш дека некој веќе не те сака. Не мораш да кажеш ниту еден збор, не мораш ни да признаеш. Те осеќам
Многу сум имала да ти кажувам, и богами, сум ти кажувала Е сега сакам само да ти кажам дека сакам да спијам со тебе. Не знам оти, ама во моментов, ми се спие со тебе. Може оти убаво спиеш.
Ти си најголемиот идиот што постои на планетава. Уште се чудам како те трпам, не заслужуваш трошка од вниманието што го добиваш.. Не знаеш ниту еднаш да излезеш и да не направиш сцена од тоа каде се вртам, кого гледам, кој ме поздравува, од кај го знам и сл. Ма иди у три лепе пизде материне, не те трпам па што сака нека биде.. Болен си жими се, болен си во мозокот. Ти воопшто немаш мозок, или не знаеш да го користиш.. Фала ти што ми уништи уште една вечер
Ова е глупаво! Ти таму, јас овде. Далеку од тебе. Далеку од твојот допир. Сакам да се гушкам, да се галам и мазам со тебе. Да си ми се. И само јас! Само уште малку... и после... експлозија од емоции, нежности и груби бакнежи.
Останаа уште само 7 дена до тој ден што го чекав цел месец. Денот кога ќе те видам. Но, сега почнувам да се прашувам дали вреди.. Зошто не може се да биде совршено како што е на самиот почеток, ми здосади веќе да слушам празни ветувања, ќе ти се јавам, утре ќе ставам кредит, ќе станам сабајле за во школо, ќе прекинам да земам.. Не мораш да направиш ништо од тоа, ама барем не ми кажувај, зошто после ме разочаруваш. Ми се вртат многу прашања во главата, што правиш сега, со кого си, дали си добро, и дали можеби ова е уште една голема лага.. Настрана сето тоа, кога сепак ќе се чуеме за момент ми го правиш светот поубав, и ми црташ насмевка на лице, мотивација да чекам - колку и да треба. Но, дали го чувствуваме истото? Не знам. Само знам дека посакувам да беше тука вечерва, да ме гушнеше најсилно и да си заспиевме заедно...